Сите гимназии имаат насока Јазично, доколку има доволно ученици кои ќе ја одберат таа насока.А конкретно англиска паралелка има во Орце
Во Орце прашав али имало само билингвална англиски и француски а јас француски појма немам,значи таа отпага,Јосип Броз-Тито има само гремански и француски,Корчагин ке идат некои деца што ги мразам и сеа уште што остана?
во Карев нема билингвални паралелки... Спојлер (а мислам дека и во Корчагин нема) има само смер ЈА, кој е насочен повеќе кој јазиците....
^Во Корчагин има една билигвална паралелка, но најчесто не се оформува целосно, па се формира мешана паралелка.
Во Васил Антевски Дрен можете да се запишете ако сакате на секој чекор да бидете опкружени со сељаци и некултурни и невоспитани деца. Тоа е факт. Учењето е океј, ни претешко, ни прелесно. На правен е полесно. Ако имaте среќа да ви се паднат фини професори, супер ќе е.
Има во Орце билингвални англиски 3 класа и француска 1 клас. Германска билингвална нема, тоа само во ЈБТ. Т.е мислам дека и во Георги имаше германска, ама не сум сигурна.
Сега сум 8-мо и средно сакам да учам гимназија.Бидејки не сум скроз одлична ученичка сакам да се запишам во гимназијата во хемиско (во Ск). Што мислите за ова школо? Со колку поени примаат? Какви се професорите,учениците? Дали има многу за учење,дали профеосрите многу бараат,како оценуваат?
Јас учам во Борис , правен смер, т.е сега веќе завршувам фала богу. Борис не е тоа штo бил на времето, не е толку строго како што било. Немој да се плашиш за тоа. Е сега има строги професори, не викам не, ама не е страшно. Еве јас нити сум нешто ептен редовна нити учам континуирано па сепак поминувам со 4ка на крај секоја година и немам врски никакви. Биди спремна и на тоа да гледаш дека некогаш иако ти повеќе ќе заслужуваш, нема да добиеш ти повисока оцена туку некој што ужива цело време затоа што 90 % во Борис децата се со врски и моќни родители (освен ако не си и ти дете на такви родители ) За децата и дружењето според мене е ужас. Све се некои принцези и татини синчиња на богаташи што летаат во облаци. Ако имаш некој што го знаеш што ќе се запишува таму и ако бидете во ист клас мн поубаво ќе ти биде. Јас лично не се гордеам што тука учам, не е школо за мене, као изрод се осеќам сите години, ама добро јас сепак ја утнав многу струката, отидов заради друштвото. Ти размисли си убаво и ако стварно го сакаш правото тогаш запиши се во Борис.
Сепак мислам дека доколку знаете што сакате да учите треба да изберете стручно училиште... така ке ги избегнете предметите кои не ги сакате
Ако те прифлекува професијата заботехничар и навистина сакаш да си тоа оди заботехничар, но доколку си во забуна и не си сигурен тогаш подобро оди гимназија зашто после можеш секаде да се запишеш.!
Јас планирам да се запишам во Орце,бидејќи сите што завршиле таму го имаат фалено школото.Ми имаат кажувано дека уште од прв ден си наоѓаш друштво,еве сега има и отворен клуб за кариери,нешто како да те насочеле кон кариерата која што ти ја сакаш.Кажете ми нешто повеќе за наставниците,самото школо,строгоста..Мислам само заради информација,а што е сигурно,сигурно е,јас сум си решена,ќе си се запишам во Орце.
Општи прашања Луѓе, Елисие Поповски-Марко, средното работи ли уште, оти негде читам да негде не? Денес деца у школо правеа муабет дека повторно од оваа година ќе имало средно полициско, а ја на интернет шо барав, само ова школо ми го дава. Па сигурни информации?
ти благодарам за советот ќе размислам бидејќи сум од делчево а во делчево нема средно заботехничар па ќе морам дасе записам во ск
Луѓе дај кажете нешто за Георги Димитров школото...За билингвална или класична,било што.... Спојлер По можност билингвална како е