Во Орце со какви оценки примаат, мислам дали само со сите 5? Зашто незнам дали оваа година ќе завршам со сите 5 :/. И да, да ми кажете дали е многу тешко како што зборат
Јас прашав и во соодветната тема, ама ај и тука да прашам дека никој не ми одговара... Во САБА-интернатот во Битола, дали учи или учел некој? Дали е тешко како во државниве средни? Каква е услугата, колку е и како е опремено, колку се плаќа годишно? Јас сум од Скопје а сакам да одам во интернат, ама да не глупо што од толку школи во Скопје одам во Битола? Ви благодарам однапред!!!
Во Орце Николов примаат само со сите 4 години ако ти се сите 5-ки?Така сум слушнала...А пишува дека треба минимум да имаш 60 поени! o.O Ве молам важно ми е,ако знаете кажете?!
http://www.nova.edu.mk/EN/life_at_nova/summer_camp_and_school.aspx Прочитав нешто тука, но не сфатив баш се.. Имал некој некое искуство со оваа училиште?
за средно козметичко се учи во Партениј Зографски,се учи три години првата година имаш настава, а втората и треттаа имаш по 4 дена пракса.
Јас се мислам помеѓу Корчагин и Орце. Прво бев одлучена за Корчагин, но мајка ми ми спомна да одам во Орце поради тоа што имало повеќе дружба. Што мислите?
Немој да се одлучиш да се запишеш според друштвото.Тоа е една од најголемите грешки.Бидејки и двете се со општа гимназија тогаш води се според тоа каде ти е поблиску.Ова е мое мислење,рамисли убаво.
Сигурно мајка ти не ти мислела лошо кога ти го кажала ова но сепак одлуката е твоја ако сакаш Корчагин оди таму како и да е ќе си најдеш другарки кај и да одиш тоа сакала-нејќела.
Дружење во секое школо има. Сегде ќе си најдеш друштво. Оди ти каде што сакаш, не гледај кај ти одат другарките, најверојатно е дека во средно нема да се дружите толку многу како во основно.
Нешто повеќе за Димитар Влахов - Скопје? Сакам таму да се запишам ама затоа што сум од друг град страв ми е да не ризикувам.
Ова најдов за школото на нет за конкурсите за уписи во средно СРЕДНО УЧИЛИШТЕ НА ГРАД СКОПЈЕ “ДИМИТАР ВЛАХОВ” Во прва година ќе се запишат 748 ученици во 22 паралелки (544 ученици во 16 паралелки со настава на македонски јазик, 170 ученици во 5 паралелки со настава на албански јазик и 34 ученици во 1 паралелка на турски јазик) според наставните планови и програми за : Лични услуги - 442 ученици, 13 паралелки - козметички техничар мак 68 уч. 2 пар. 4 г.тр. 45 минимум поени - козметички техничар алб 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 45 минимум поени - фризер мак 136 уч. 4 пар. 3 г.тр. 30 минимум поени - фризер алб 34 уч. 1 пар. 3 г.тр. 30 минимум поени - фризер (реформиран нaставен план и програми) мак 34 уч. 1 пар. 3 г.тр. 30 минимум поени - фризер (реформиран нaставен план и програми) алб 34 уч. 1 пар. 3 г.тр. 30 минимум поени - фризер (реформиран нaставен план и програми) тур 34 уч. 1 пар. 3 г.тр. 30 минимум поени - козметичар маникир -педикир мак 34 уч. 1 пар. 3 г.тр. 30 минимум поени - козметичар маникир -педикир алб 34 уч. 1 пар. 3 г.тр. 30 минимум поени Графичка струка - 68 ученици, 2 паралелки - графички техничар мак 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 45 минимум поени - печатар мак 34 уч. 1 пар. 3 г.тр. 30 минимум поени Хемиско-технолошка струка - 34 ученици, 1 паралелка - прехранбен техничар мак 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 45 минимум поени Прехранбена струка – 204 ученици, 6 паралелки - преработувач на месо и млеко мак 68 уч. 2 пар. 3 г,тр, 30 минимум поени - преработувач на жито, брашно и шеќер мак 68 уч. 2 пар. 3 г.тр. 30 минимум поени - преработувач на жито, брашно и шеќер алб 34 уч. 1 пар. 3 г.тр. 30 минимум поени - преработувач на овошје и зеленчук мак 34 уч. 1 пар. 3 г.тр. 30
Девојки јас си бев решена да се запишувам во Борис-правен смер меѓутоа нешто разговаравме со братучетка ми и се премислив и сега сакам гимназија да одам бидејќи како професија сакам да ми биде социолог-педагог оние што работат во училиштата меѓутоа сакам во Јосип Броз Тито и сакав во Карев меѓутоа премногу ми е далеку.Сега многу се мислам дали воопшто да одам во ЈБТ или во Карев иако ми е многу далеку,вие што мислите,кое школо ми е најдобра опција?
Јас ќе одам во Карев иаку и мене ми е далеку Сепак мислам дека нема да ми биде толку тешко тоа и дека ќе се навикнам Многу ми имаат кажувано позитивни мислења за Карев и тоа е дефинитивно мојот избор Ако нешто се решиш да одиш во Карев пиши ми ЛП се ќе ти објаснам
Многу се мислам.Сакам некаде подалеку.На пр како во друг град.Знам има мн што сакаат да учат во Ск,но јас сакам да бидам во некој непознат град,непознати луѓе,а со самото тоа ке треба да седам во интернат.Колку би издржала не знам.Не знам дали е правилно тоа.Еве на пр: Велес не е далеку многу,има само околу 50 мин да се патува до таму,но сепак е доволно далеку за да избегам од сите.И за да се запознаам со некој сосема непознат,да престојувам на сосема непознато место.Сакам да си докажам себеси дека можам и самостална да бидам и да си докажам дека и сама можам да направам нешто.Сакам да си докажам дека не сум размазена и нема да ми пречи престојувањето во интерат.Сакам да се запознаа со непознати,но овојпат нема да ме запознаат таква каква што бев досега.Овојпат по строго.Се надевам дека ке престане да ме гуши и така гледам што побргу да избегам од оваа населба каде што сите си психопати.Не викам дека таму ке биде совршено и дека ке биде мед и млеко,но се е како човекот ке се постави.Се е до човекот.. Сакам да прашам за гимназијата во Велес,со колку поени примаат и да ми кажете за интернатот.Колку се плака?......???