Димитар Влахов поназад неколку мислења имам напишано за оваа година за школото се што објавиле за уписи и сл.
прашав и во друга тема, но не добив одговор Дали некој знае кои предмети ги има во смерот дизајнер за внатрешна архитектура (ГУЦ)? И дали има математика сите четири години?
општи гимназии во скопје драги феминки барам помошод вас сакам да ми кажете дали знаете некое средно училиште во скопје мислам на општа гимназија или некоја информатичка гимназија во скопје. благодарам однапред
Ме интересира нешто повеќе околу гимназијата Панче Арсовски, поточно квалитет на настава и професори. Знам единствено дека е под нивото на Јосип Броз, Орце и останатите од овој ранг. Што мислите како опција за одличен ученик?
девојки, сакам да прашам во никола карев има ли добро друштво? зашто гледам за наставнициве сте напишале, и јас разбрав не е толку тешко. е сега ме интересира друштвото.. ?
Ве молам кажете што мислите. Јас сум осмо одделенка и сега треба да се запишам средно, но сеуште немам одлучено. Се двоумам измеѓу економско и гимназија. Сите овие години сум со просек 5.00. Прво размислував за економско, зошто е полесно, зошто ги нема природните науки физика и хемија, тие мене не ми одат многу, но сите ми рекоа не, и наставниците и многу други личности. Вие што мислите ?
И јас сум осмо и сакам да се запишам фармација,но не сум многу информирана во врска со наставната содржина,професорите,тешко е лесно е ??Некој нека помогне ако знае..
Сите што сакате да одите на медицинско, не очекувајте да биди лесно во текот на годините. Па и после факултет или што и да се завршува да специјализираш за доктор. Како може да поставувате такви прашања кога учите за да бидите доктор, да спасувате и лекувате ЧОВЕЧКИ животи. Тоа е најголема одговорност на едно лице, секако доколку тоа лице/доктор/ка е со грижа на совест и се бори за пациентот да остани жив, односно да му го спаси животот. Мислам дека бев јасен.
За 10 дена треба да се запишувам во средно, но проблемот е што не можам да се одлучам што. Се мислам помеѓу општа гимназија и економско. Ако некој има учено или сеуште учи економија ако може накратко да ми објасни што поточно се учи, кој предмети, дали е тешко. )
Па вака ако се запишеш општа гимназија ќе ги учиш предметите географија, биологија, физика, хемија. А доколку одиш економско овие предмети ги нема па затоа ќе учиш бизнис, социологија, право, конститтуационо и тоа е за прва година.
Се мислам за Браќата Миладиновци,општа гимназија..Послаба ученичка сум,а и имам јаки врски за во јбт,но едноставно тоа школо не е за мене,па затоа се мислам за во Драчево.Ваше мислење?
А оптика убо е??Лесно,тешко,друштвото какво е,шо поточно се учи и сл. Ај некој нека кажи оти ни се ближат уписите..
Едно е јасно и сугорно.Какви и да се децата,кое школо и да е,ако вие знаете како да се поставите,како да се однесувате,мака нема да видите.