И јас имам ист проблем, не знам каде? Се мислам меѓу Георги и економско правен смер, ептен сакам да бидам адвока,т ама не знам ништо за училиштето, ве молам кажете ми за економски ПРАВЕН СМЕР, а и за Георги, зошто немам кој да прашам ?
Toнка, за гимназијата Георги Димитров имаш посебна тема, а за економско не можам да ти помогнам. СУГС "Георги Димитров" Скопје -ваше мислење?
Јас сум ученичка во приватното средно Јахја Кемал и многу сум задоволна. Пред се професорите се многу толерантни,а и училиштето овозможува интернационална диплома. Ако плакаш целосна школарина не излегува ефтино, но имаш секакви можности за стипендија. Исто така училиштето има покажано најдобар успех во државата и пошироко
Орце е тешко да.Но луѓето што се таму неможе никој да ги замени. Едноставно уникат. Немораш до толку да учиш ако можеш да се снајдеш барем малце.Покрај се Орце ти дава прекрасен круг на пријатели , стекната навика за учење , добар квалитет на знаење и едно од најбитните работи за професорите од Орце - школото е ВОСПИТНО-образовна настава ! Редовно се држат часови за општествениот живот на човекот , секојдневието , успехот на животот и целта на животот! Ако сакаш добро да го поминеш средното не се плаши да се запишеш во Орце Само една напомена : ако поминеш првото тромесечие ужас , не се откажувај , најлошото помина од тогаш веќе ќе знаеш како идат работите таму и што да направиш да го поправиш тоа Се надевам искрено дека ви ја ублажив мислата за страшното Орце П.С. Има преубави машки , особено коа си во смена со поголемите
двоумење Осмо одделение сум и од 5то до 8мо сум со сите петки, ме бива за учење, ама не можам да се одлучам во кое средно да се запишам. Според вас кое е најдобро и најисплатливо за вработување
двоумење Па и не ти игра голема улога средното за вработување. Шетни по образование ќе најдеш многу теми во врска со средните училишта
И ваква тема на дискусија ли постои? Зависи, не препорачувам определување во стручни училишта уште од полуматура затоа што 90% од учениците потоа се каат. Затоа се одбира гимназија каде се учи материјал од сите области и потоа имаш перспектива на секој факултет и со одличен успех и матура влегуваш без проблеми. Сакам да кажам дека гимназијата е најценета, секако ако одиш средно медицинско потоа секако дека за на факултет повеќе се цени стручното, но која е веројатноста да не го смениш мислењето? Деца се во прашање. Гимназија, од искуство! А и да бидам малку пристрасна.. СУГС „Никола Карев“ - Скопје.
И јас сега сум осмо. И се мислам каде да се запишам, до сеа сите ми се петки, да се надеваме и годинава. х). Иначе медицина не ме влече ама ич, таму има хемија. х) Едино за фармација али некако не ми е.. Не сум ни за адвокат, тоа економија. Искрено неам поим. Се мислам за Георги Димитров, за техничар за мебел и ентериер или тапетар декоратер. Пошо уше од мала, сакам нешо да украсувам и такви ствари. Али па не ми се јасни малце струките. Порано се мислев за Карев, али некако сеа ич не ми се иде таму. Незнам зашо, а бев решена. А за некоја друга гимназија и не сум баш.
Леле до пред некој месец бев решена во Георги да се запишам ама сега почнав да се рпедомислувам и ми се оди некако во Карев. Луѓе ве моооооолам помагајте очајна сум. Каде ќе ми биде подобро?
Лани ги напуштив средношколските клупи, но сепак свежи ми се сеќавањата кога требаше да се запишам во средно. Знам дека ми беше хаос и на крај САМА си ја донесов одлуката, која сите ги зачуди. - Прво и основно никогаш не гледајте каде одат другар(к)ите!!! - Гимназија или стручно? И едното и другото имаат + и -. Гимназијата е добра затоа што нуди широка лепеза на знаења од сите области, но сепак површно, додека средно стручно ве обучува и за некои општи работи, но и конкретно се усовршуваате во една област. Проблемот кај стручните училишта е што на 13-14 години ретко кое дете знае што сака понатаму во животот. - За факултет - порано имаше разлика од каде доаѓате, но денес со матуриве од СЕКОЕ средно, можете да се запишете на СЕКОЈ факултет, се гледаат само поени од матура + просек. А за претходните знаења верувајте не ви треба многу, затоа што сегде се почнува од 0 (зборам од искуство, средното и факултетот ми немаат ама ниту една заедничка точка, а се снаоѓам екстра). - За идно вработување - доколку не сте сигурни дали ќе продолжите на факс, или можеби за 4 години нешто ќе се смени од икс причини нема да може да студирате, топло ви препорачувам средно стручно, затоа што полесно ќе најдете работа како правен, медицински, сообраќаен, електро техничар и сл., отколку како гимназијалец па дури и да сте 5,00 во Корчагин. Сепак драги матурантки, размислете убаво, споредете што добивате, а што губите и САМИ донесете си ја една од поважните одлуки во животот
Јас сега сум некако решена за Георги Димитров. Не викам дека нешо не може да се смени у последен момент. Него сакав да прашам, дали во Георги има француски јазик, и дали се продолжува од таму кај што сте застанале у основно, или се почнува од почеток? Пошо мене не ми иде нешо француски, а да се продолжува од каде што сме застанле у основно, тешко мене.
Здраво девојки јас сега сум матурантка во гимназијата "Орце Николов" и можам да ви кажам дека поминав прекрасни години овде, професорите и децата се супер, а за учење стално има но се се постигнува. Оваа пролет се отвори прв Кариерен центар во Македонија во нашата гимназија, што ќе ви помогне во изборот на факултет, ќе има тестови за професионална ориентација и слично. Можете да видите и на facebook за што станува збор Кариерен центар Орце Николов http://www.facebook.com/pages/Centar-za ... 3152184412
Исто така да напоменам дека овој пост доста ми помогна.. И фала на сите. Кој ти кажа дека Карев е ``многу полесно``? Ја сум од Карев и не е баш така лесно, зависи кај кој професор-како, индивидуална работа, и зависи од директорот сеа е ко затвор закасниш 2-3мин за час не влагаш ко 1 не знаеш дали ќе ти отворат врата, било која, а ако влезеш некако те става на клупа директорката те запишува у список и Господ те правда те после па така да боље да си останеш надвор. Кај помладите е полесно ама затоа кај постарите професори..Орце е потешко од Карев да, убедливо најтешко е Корчагин, а Карев и Георги се баш општи гимназии не се пр. ко Корчагин свртени повеќе накај математиката туку во Карев и Георги се обраќа внимание на се, зависи од смерот шо ќе го бираш во 3та. Можам да кажам дека на МА им е најтешко, ептен строг критериум имаат професорите и доста тешки задачи им даваат А и да беше така ``лесно``, немаше другарка ми да ја одбијат памтам ко вчера да беше со четири 4ки. При запишување, конкуренцијата барем досега била огромна, и доста одбиени што после идат претежно во Гуц.
плавуша ај ако не ти е тешко кажи ми уште нешто повеќе за во Карев како е , бидејќи планирам таму д се запишам а не знам многу за школото(мислам на професори и ниво на тежеина) благодарам однапред.