Средни училишта Ај некој ако сака нека ми ги каже смеровите во средните училишта. . . Благодарам однапред ♥
смерови? мислиш во средните гимназиски или сите? еве ти ги туку сите па види си http://www.skopje.gov.mk/DesktopDefault ... 0&tabid=32
Веројатно си свесна дека во сите три има прилично многу за учење.Ако мислиш понатаму да се занимаваш со право иди Борис.Јас најпрвин исто мислев да идам гимназија али во последен момент се одлучив за Борис зашто е сручно и мислам дека е многу подобро од гимназија затоа што имаш струка,насока и определен си!Јас сум во Борис економско но во прва година исто се учи и право и економско.Да има за учење али не е нешто стресно.Школото највеќе ми личи на Беверли Хилс(ако си гледала ) најпознатите фаци у скопје се во Борис мислам ... сите си тераат нашминкани со патики-штикли,ташни али и нема некои многу нафурани деца....Ското сите се на земја што би се рекло Ако сакаш нешто повеќе за Борис пиши ми лп
Kaко што ти кажаа погоре, нормално ако сметаш навистина понатаму да се занимаваш со правото, оди на правен, ама ако сеуште не си баш сигурна што сакаш јас ти препорачувам гимназија.Јас учам во Георги Димитров, школото не можам да кажам дека е лесно, ама па и не е кој знае колку тешко, сепак зависи и кој професори ќе ти се паднат.Втора работа многу зависи каков ти е просекот, зошто на пример во Орце Николов потесен е изборот на ученици кои ги примаат.Во однос на друштво според мои лични видувања Орце е по опуштено, има секакви луѓе, и ќе можеш да се вклопиш во разлини друштва, а Георги е малку поспецифично. Во секој случај повеќе информации можеш во конкретните теми да видиш и убаво да си размислиш
Срцки ае некоја нека ми каже средно за царинар оти моиве запнале тоа па тоа. . . а ако има некоја која е таму нека ми пише лп. . . ве сакам ♥
Луѓе ај кажете ми како е во медицинаа...Какво е друштвото таму,тешко ли е,наставниците какви се? Ај ако некој знае нека пишеее
Каде во македонија има јазична гимназија ? Ајј феминкки кажете итно сакам да учам јазици ама незнам во кои градови има ? кажете ми ама по можност не во скопје оти немам дозвола за во скопје плсс итно ми е годинава треба да се запишвуам
и јас би сакала да одам на такво средно, но мислам дека нема. освен НОВА, таму се е на англиски но приватно е. Се плаќа 1000 евра од една година
^^ Мислам дека нема такво средно како што сакате. Ако не се лажам во Јосип Броз или Орце Николов има избор да учиш на англиски, ама не сум сигурна ни за тоа. Ако планирате факултет понатака, запишете гимназија или било кое друго средно, па запишете сена Филолошки.
Ќе се запишам за запишување, но не сакам да учам гинмназија. Повеќето ми велат дека си го уништиле животот таму... А кај нас пак има само: гимназија и земјоделско... До други градови превоз нема... Де брее... каков баксуз сум..
Ако останеш само на гимназија тогаш нема да можеш да најдеш лесно работа. Дури и со стручно средно не се наоѓа. А ако продолжиш на факултет тогаш подобро ќе ти биде, па додека завршиш може и ќе си го смениш мислењето за избор на занимање и избор на факултет
Ќе се запишам за запишување, но не сакам да учам гинмназија. Повеќето ми велат дека си го уништиле животот таму... А кај нас пак има само: гимназија и земјоделско... До други градови превоз нема... Де брее... каков баксуз сум.. [/quote] Одлучи си се ти. Мада што не се сложувам со тоа дека во гимназија се уништува животот. Барем мојот до сега не е Брзо ќе ти поминат 4 години, после на факултет ќе ти биде подруго.
Немораш во лп, пиши тука зошто може има други девојки кои се заинтересирани баш за таму, па ќе им помогнеш и на нив.
Нема, немој со такви негативни мисли. Ќе видиш, средното е пред се забавен период во животот. Друштво, смеење, зезање и така поминуваат годините како 4 дена, верувај.