Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кое средно училиште да го одберам?

Дискусија во 'Образование' започната од Teddey, 14 јануари 2011.

  1. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    не мислев на тоа, туку на изборот за средно. Инаку , благодарам за советот. :)
     
    На Emotional123 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. clock.pot

    clock.pot Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2013
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    335
    Во Корчагин билингвална само фрацуски јазик е? Сакам таму да одам, зашто математика и физика многу сакам и ме бива, ама сега германски учам...
     
  3. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Во Орце има англиски билингвални со втор јазик и француски и германски (2 се со германски една со француски) и има билингвална со прв јазик француски, во ЈБТ мислам дека има билингвална со прв јазик германски.
    Инаку во Орце многу полесно ќе поминеш со учење, посебно во билингвална.
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  4. daniela14pet

    daniela14pet Нов член

    Се зачлени на:
    1 март 2014
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Здраво дечки, имам еден мал проблем. Оваа година сум полуматурантка, па се уште не знам кај да се запишам средно. Од 5то до 7мо поминував со 4, оваа година наверојатно ќе поминам исто со 4. Ај ве молам за помош(ако може нешто во Битола0. Фала однапред. :*
     
  5. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    еве ги средните во Битола, па ти разгледај ги:
    „Јане Сандански“
    „Д-р Јован Калаузи“
    „Јосип Броз-Тито“
    „Кузман Шапкарев“
    „Ѓорѓи Наумов“
    „Таки Даскало“
    „Тоше Проески“
     
  6. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.366
    Допаѓања:
    2.475
    Пол:
    Женски
    Епа вака значи. Имаш 5 смера
    -медицинска сестра
    -забен техничар
    -лабораториски техничар
    -фармацевтски техничар
    -физиотерапевт.

    Јас можам да ти кажам за сестра само бидејќи тој смер сум. Напишано е во спојлер пошто е долго.

    Во 1година сите смерови учат исти предмети (анатомија, физиологија, хигиена )а од 2ра година се почнува со стручни книги посебно за секој смер. Материјалот е тежок и 1ва година е најлесна спред мене пошто се учат 15 предмети а после се намалуваат на 11 па на 7. Анатомија мора добро да се научи бидејќи професорката бара многу и тешко се добива оцена кај неа и со право бидејќи тоа е основа на медицината. Физиологија е полесно и хигиена е многу лесно само проф. бара редовно учење.

    Во 2ра година се учат Микробиологија, патологија, основи на нега и 1 работен ден -кабинетска практична настава. Летоска имаш 20 дена феријална пракса во државна болница која е задолжителна. Патологија е тежок предмет кај кој проф.Зденка бара многу, микро се учат основите на секоја бактерија со симптоми, лекување итн. Кабинетската пракса се во школото во посебни опремени кабинети на кукли се изведува. Основи на нега не е тешко, меѓутоаа проф. Данкааа душаа вадии и мн лошо оценуваа и од 5- допрашува за 5ка

    Во 3та година се учи хирургија, интерна медицина, инфектологија, психологија и 2 работни дена во неделата се оди на пракса во државна (по 6 недели на секоја база-хирургија,инфективна клиника и интерна клиника, вкупно 12 недели годишно) што значи дека само 3 дена се оди во школо е многу напорно бидејќи се има по 8 часа за да се постигне а материјалот е обемен и тежок + летоска 20 дена феријална пракса. Хиругија исто предава проф.Данка па истото од 2ра те чека и во 3та, истите трауми со неа, интерна е ненормална која дава предава предава цела тема и дава тест на 12-14 лекции буквално претешко барем мене ми е мака голема. Инфективно се учат заразни болести детално и е тешко меѓутоа може да се извлече добра оценка. 3та година е најтешкатааа. Исто бираш и 2 изборни предмети како биологија и хемија или биологија и пракса хирургија.

    Во 4та се учат гинекологија, педијатрија и невропсихијатрија и исто така 2 дена практична настава на овие бази ко претходното пишано. За проф. и предметите не можам да ти кажам ништо пошто се уште не сум стигнала до 4та.

    Како и да е, и да одбереш медицина нема да се покаеш и за тоа и за трудот што ќе го вложиш. Барем јас сум многу заљубена во струката и колку и да ми е напорно и тешко (во смисла кнап сме со време за се) но си ја сакам уште повеќе после се :angel: Најхумана професија е оваа :inlove: Школото бара многу одговорност, сериозност и прецизност бидејќи на пракса не се дозволени пропусти бидејќи работиме со живи пациенти, критични пациенти на апарати врзани, пациенти во кома, одиме на операции на деца, возрасни,породувања но има и доста смртни случаи со кои се соочуваме така да и психата игра голема улога. Како и да е,ако се сака медицината, се вложува труд и знаење нема да погреши никој. Јас не погрешив, добив животно знаење кое понатаму можам да ги применувам на себе, блиските па и на било кого со цел да му помогнам и да спасам нечиј живот зашто животот и здравјето се најважни а со нивното спасување ги спасуваме и нивните најблиски. :inlove:
     
  7. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.038
    Билингвалната е само француска. А тоа што учиш германски и не е некоја огромна пречка, ако си спремна да работиш и да одиш паралелно на курс, не мислам дека нема да те примат, само ќе поразговараш со некој од билингвалните професори дека си подготвена да се потрудиш, мислам ако сакаш. Обично има неколку деца што ептен знаат француски, другите просечно па и подпросечно.
    А ако ти е за математика и физика, истото се учи во било која гимназија ама факт е дека ПМА професорите во Корчагин се и повеќе од одлични. Можеш да одиш и обична германска паралелка, не гледам што би те спречило ако ти е за математиките. :)
     
  8. daniela14pet

    daniela14pet Нов член

    Се зачлени на:
    1 март 2014
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Ааа ако можее некој да ми даде некој совет што да се запишам :/ јасс сумм заинтерсирана за транспорт и шпедиција(во Битола па ако може нешто мало објаснување) ии совет за што др.можам да се запишам дл 4 минувам од 5-7 и во 8 ваљада така ќе биде фала однапредд :*
     
  9. pametna555

    pametna555 Активен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2012
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    1
    vo skopje moze li nekoj da mi nabroj nekij koi mediciski sredni ucilista gi ima
     
  10. Marija9992

    Marija9992 Нов член

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Јосип Броз Тито или Борис?

    Здраво..осмооделенка сум и барам мислење дали да одам ЈБТ-гимназија или правно? какво е вашето мислење за училиштата,каква е наставата,наставниците..децата таму и сл.Или ако имате предлог каде би можела да се запишам..позз
     
  11. dakaranani

    dakaranani Нов член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    2
    За СУГС "Никола Карев"- кои смерови ги има?

    Ме интересира кои смерови ги има затоа што многу сакам да се запишам некаде каде што има смер што има врска со биологија. Отсекогаш ме интересирало тоа :) не сакам да одам на медицинско, туку ми треба нешто баш за биологија да учам. Па, дали во Карев има некој таков смер или пак ако знаете средно каде што има (во Скопје)?
     
  12. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Во сите гимназии имаш во трета поделба на смерови, смеровите се природно - математичко А (ориентиран кон математика и информатика) природно - математичко Б (е овој ти е ориентиран кон биологија, хемија, физика) општествено - хуманистички А (ориентиран кон социологија, економија, право) општествено - хуманистички Б (ориентиран кон педагогија, психологија) јазично - уметнички А (ориентиран кон јазиците), и јазично - уметничко Б (драма, ликовна и музичка уметност, книжевност)
    Најчесто општествено - хуманистички Б и јазично - уметничко Б не се формираат, зашто нема интерес, ама слушам кај нас (Орце) ќе се формирале другата година, и тоа чудо да го видам. :D
    Инаку со природно - математичко Б главно можеш да се запишеш на медицински, и природно математички факултет отсек биологија, хемија или физика.
     
  13. Lovely.student.girl

    Lovely.student.girl Активен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2014
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    5
    Здраво :hai:
    Јас и мојата другарка планираме заедно да се запишеме на исто средно училиште, но неможеме да се одлучиме,, баравме на интернет но неможевме да неајдеме некое средно училиште кое ни одговара. :(
    Ни треба некое средно училиште но не математички или медицински.Имате ли некој предлог!? :D Фала однапред
     
  14. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.751
    Допаѓања:
    3.614
    Пол:
    Женски
    Јас пресеков, ќе се запишам на гимназија :)
     
  15. ForeverSmile

    ForeverSmile Нов член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    0
    Јас се мислам помеѓу Орце Николов и Р.Ј. Корчагин. Од тие што учат таму, што мислите кое е подобро?
     
  16. Stefani999

    Stefani999 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2012
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    601
    Во Велес да не знае кое училиште е за медицина? Јас сакам за медицинска сестра(или општо) и после на факултет да си продолжам за општ лекар.
     
  17. MachHa

    MachHa Активен член

    Се зачлени на:
    16 март 2014
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    11
    Сета сум одлична ама неќам ни гимназија ни медицинско
    Сакам да се запишам Угостителско тоа е во Охрид или Средно за глума ама незнам каде има такво училиште ке може ли да ми кажете ако знае некој во кој град има .. ?
     
  18. BlackPiano

    BlackPiano Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2012
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    316
    Пол:
    Женски
    Јас имам уште 1 година до средно, но веќе сериозно размисливам каде да се запишам. Сакам да одам приватно, овде во Струмица има Јахја Кемал, но јас сепак размислувам да се запишам во Јахја Кемал во Бутел. Што ќе ми предложите, Струмица или Скопје? :)
     
  19. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    Во Велес нема медицинско. Но, во Штип има: "Јане Сандански" , близу болницата е
     
  20. bojana111

    bojana111 Нов член

    Се зачлени на:
    25 март 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Што мислите кое средно училиште е најдобро и зошто(прашувам зошто не знам кај да се запишам) :lol: