Ауууу МНОГУ лоши ви се размислувањата дека нема пари во јазици, има пари во друго, или обратно. Реално, луѓе мои, КАДЕ има денеска ПАРИ во Македонијава? Не зезајте... Дипломирани филолози работат директори на комунални претпријатија, дипломирани уметници работат како јазичари... И никако не смеете да гледате што ќе учите благодарение на информациите од типот КАДЕ има пари, туку треба да си го слушате срцето и да си се запишете на она што највеќе ви оди, ако веќе ете немате некоја професија која ви е омилена и ја сакате од срце.
Ако се мислите за гимназии а сте одлични ученици не се лажете со хемиско (има и гимназија во школото не е само стручно), Панче или некоја друга треторазредна.Имате многу јаки гимназии: Орце, Корчагин, ЈБТ, Карев и Ѓорѓи да ја ставам тука каде што стварно ќе научите и ќе имате основа за факултет, не се лажете да поминете полесно во послабиве, и после да се изгубите на факултет.
Јас на почетокот сакав во Орце да одам,но немам шанси за таму. Сега се мислам меѓу Георги и Карев иако имам уште многу време.Сакам да одам во Георги германска билигвална,но викаат дека било претешко и ќе сум се зезнела ако отидам.Ваше мислење?И подобро е Карев или Георги?
георги :up: за германската паралелка.. зависи колку ти оди германски.. сите професорки по германски предаваат добро, имам неколку другарки што се во германската и добро им иде.. Mислам дека нема да зажалиш ако се запишеш
Кои школи се за медицинска сестра во скопје? Може некој да ми даде повеќе информации? Каде се наоѓа,професори и тн
Ќе сакате да ми кажете нешто општо за Нова?Што мислите, подобра е од останатите средни училишта(во поглед на учењето,дружењето,професорите....?
За сестра имаш смер во Медицинското училиште во Скопје, се наоѓа одма до Државна болница.За професори не знам да ти кажам ама знам дека треба мнооогу учење и посветеност.
Епа вака сакам да прашам нешо . Значи од мала се занимавам со музика(рок<3)..Свирам клавир и обожавам да свирам и гитара ама некако неможам бидејќи сум преполна со обврски..Сакам и да започнувам со правење на мој сопствен ,,ковер'' незнам како да го кажам. И сеа незнам дали тоа би ми било добар избор сите ми велат дека немам нишо фајде од тоа но јас не мислам така си замислувам дека можам да станам нешо повеќе пеачка например по мое добро пеам но сепак треба да ги имам извежбано вокалите..И знам решенна сум веќе за во музичка школа но сепак ми е потребно барем еден совет дека можам ? хмм? досадно ми е па затоа молам за совет и каде во Скопје ке можам да најдам добра музичкка школа?
Искуства и мислења во врска со билингвалата по англиски во Орце Николов навистина ми се потребни имам уште многу малку време до упис во средно! obrazovanie/bilingvalni-paralelki-t21198/ Ако може некои мислења да пишувате и тука?
Прашање за брат ми:Има ептен слаб успех и се мислиме дали да го пратиме средно сообраќајно или она мехатроничар? Или пак информатика? Што мислите дека е полесно? И што би го примале?
ССОУ „Димитрија Чуповски“ – Велес? Има некој шо учел таму? Сеа од една страна ми викат дека е убаво а од друга дека не чинело.Значи медицина ќе се запишувам(најверојатно у Велес,воа школо) Кое е најдобро медицинско во Македонија?
Средно школо ве молам помогнете! Здраво, сеа сум 8 одделение и незнам каде да одам... Неможам да се одлучам помеѓу Георги Димитров, ЈБТ, или Никола Карев. Според вас кое е најдоброто школо од сите три? Ваше мислење ве молам!
Еве почнува и јуни, јас сеуште не сум сигурна каде ќе се запишам. Бев на приемен испит за Јахја Кемал, ама ништо не направив Многу имав желба да се запишам и се разочарав кога видов дека не сум добила стипендија, а да плаќам 5,000 евра од година баш и не вреди толку школото. Сепак, life goes on Сега се мислам за во Орце билингвална, има приемен некаде после 20ти мислам не сум сигурна треба да се распрашам, а и нема баш да се спремам за приемниот бидејќи англискиот го совладам одлично а и секој што бил вели дека е прелесно и без да учиш ќе поминеш Може ли некој да ми каже повеќе информации за билигвална паралелка, какви се професорите, дали е тежок материјалот за учење (океј тоа и знам, средно е тешко) а и слушнав дека се оди во смени? И ако планира да се запишува некој БИЛИНГВАЛНА обавезно ЛП нека прати
Јас завршив медицина во Соу "Јане Сандански"-Штип ако се запишеш во штип ќе си минеш многу полесно Поголемиот дел се млади професори кои знаат да ѓи разберат младите дека ногу не ни се уче и не замарат ич.Има неколку исклучоци од постарите професори што си имаат принципи и комплекси и си ги лечат од учениците.Но во глобала е лесно и нема голема конкуренција при упис се влегува лесно.Дури имаше случаи и со 2,3 да запишуват.
Тука можам да помогнам. Јас учам тука ЛП слободноо прашај се што те интересира Monna.Monna- богамииии многуу требаа учење. Многу зборат дека кај нас оценките многу лесно се добиваат и без учење ваму таму, дека школото го губи стандардот. Го губи зашто децата се примаат одлични со поени, но заглавуваат и се откажуваат и не учат и пропаѓаат. А школово голта. Тука на 10 уште се одговара и тест се праи додека другите школи веќе се распуштени. Сите се распуштени и спијат, дур ние летоска од 7 саат сабајле сме на клиника и работиме напорно со пациенти но сепак се исплати знаењето. Инаку наслушнав нешто дека ќе се мења од звање медицинска сестра во сестра на нега т.е болничар. Дали сте разбрале нешто ??