дали да се запишам во панче арсовски каква гимназија е ? учи ли некој од вас таму? како се професорите?
Ај и мене ми тρеба нешто совет + за Κоρчагин дај те ми неκој што учи таму или знае нешто повеќе. П.С тој што ќе оди во Κоρчагин неκа ми пише ЛП ама κаκо што гледам слабо заинтеρесиρани годинава дали 100 души ќе се запишеме.
Да ги известам полуматурантите дека уписите годинава се на 23 и 24 јуни (понеделник и вторник). Мислам дека скоро секаде почнуваат од 8 до 15 часот траат. Резултати на 25 јуни ќе има. Од документи ви требаат: -сведителства од 5 до 8 одд. (оригинали) -извод од матична книга на родени (носете си и копија и оригинал сегде различно бараат) -ако сте одалечени 2,5 километри ќе ви треба слободна што ја дава школото бесплатно, затоа треба да носите 2 слики -дипломи ако имате за поголем број поени (не е задолжително) П.С. Во некои школи бараат и картон за примени вакцини, подобро е деновиве да одите до школото и да видите на огласната табла. Пријавата за упис ја даваат во школото. Со среќа на сите, се надевам ќе ве примат таму каде што сакате да се запишете.
Мислам дека имам коментирано во тема,но друго сакам да кажам.Иако имам време за средно мене Орце ме влече подолг период.Сакам да одам во англиска билнгвална,но сум слушнала дека во општа е подобро.Но,доколку не успеам да се запишам во Орце,би отишла германска билингвална во Георги бидејќи добро го владеам јазикот,но велат дека е претешко да не сум се глупирала.Ваше мислење?
Нека не те лажат, не е тешко воопшто. Ако си го знаеш јазикот нема да имаш проблеми. Само малце е глупаво тоа што скоро секој ден имаш по 7-8 часа, ама на крајот си имаш огромна шанса да си студираш во Германија и секако да останеш таму на работа.
јас се мислам дали да одам на средно медицинско а имам само уште еден ден за размислување некако биологија не ми оди и незнам како треба да ме влече медицината на пример кога некој ќе прашам ми вели оди ако те влече.А инаку имам сакам медицина бидејќи е стручно и да не одиш на факултет ќе можеш да работиш.А општа гимназија не ми се оди. Ве молам помогнете ми феминки
Јас се решив за Никола Карев.. утре ќе одам на уписи. Читам дека и деца со 5,00 ги одбивале,бидејќи многу со врски влагаат. Јас немам врски.. се надевам дека ќе ме примат.
Јас се решив за ЈБТ-Битола или како што е позната "Горната" .Ќе одам со 2странски Deutsch. Со она која ја мразам 98% во ист клас ќе бидиме .Сите од Климент ќе сме се местеле заедно.Jaс бегам до нив,они ќе ме местеле заедно со нив.Само 2 чупиња од Кл. и 1 машко одат француски .Едната на нерви ми оди.А другата и е BFF.А тој со ова втората во врска е .И така уште 4 пеколни години за мене.Пак непосакувани лица ќе гледам .Ама тоа е. Долната не планирам да одам!
Знам дека има време до моето завршување со основно (сега 8 одам) али секогаш се двоумам помеѓу Корчагин, Орце, Борис(право) и медицинско.Сите мои другарки велат во Корчагин е изгор така да тоа уште од сега да го отфрлам.Братми вели со медицина да се збогувам зошто како што му кажувале познаници и за медицинска сестра да си ти треба факултет.А за повеќе од сестра требало дополнителен факултет да се завршува а па за хирург и уште повисоко дупло требало или накратко 10 год влечење по факултети за да бидеш скапан доктор. Значи остануваат само Орце и Борис(право секако).Што мислите кое?Знам дека ќе завршувам одлична во основно но не со 5.00 зошто екстерното е тука да те по*бе
Мене ме примија во Никола Керев, без врски. Сите од мое школо што појдовме да се запишеме таму примени сме, радости сум цела.
И според мене треба да одбереш Орце. Учам во ЈБТ и ако пак можам да бирам ќе одам во Орце најискрено..