Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кое средно училиште да го одберам?

Дискусија во 'Образование' започната од Teddey, 14 јануари 2011.

  1. jolo

    jolo Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2013
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    378
    Пол:
    Машки
  2. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.366
    Допаѓања:
    2.475
    Пол:
    Женски
    Д-р Панче Караѓозов -Скопје

    новите генерции што ќе се запишуваат медицина, сестри не може да работат со средно зашто се менува законот. Мора да има 3 години факс за сестра :) Ми кажаа професорките по пракса кога правевме муабет :)
     
  3. kiss3

    kiss3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2014
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    21
    а со другите профили пример забен техничар,физиотерапевт лаборант
     
  4. 3m43

    3m43 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2010
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    88
    Пол:
    Женски
    Јас се запишав како забен техничар и еве денес видов ме примиле xD ... од секогаш сакав да бидам стомалог и според мене забите се најважно нешто во човековото тело (после срцето). А и можеш да работиш и без факултет како забен техничар ако сакаш..
     
    На resenska му/ѝ се допаѓа ова.
  5. kiss3

    kiss3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2014
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    21
    после колку часот
    беа објавени
    резултатите
     
  6. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    Ух ми олесна.Ме примија горната :party: :party: .За таму уште од 3то бев одлучена. :!: И мама таму учела,првите 2 години,после Струга. :angel: Јас 95% сите 4 год.ќе ги учам таму. :$ А бе кефој сум,горната ме примија. :dance: :ninja: :muscle: .49та сум била на списокот,од 200 и нешто примени.Ама дипломите не ми ги важеа.Како и да е,сега не се важни,ме примија.. :wasntme: :angel:
     
  7. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.229
    Допаѓања:
    13.204
    Пол:
    Женски
    Јас се запишав во гимназија. Бла, бла, ништо битно.
    Туку, како што броевме со другарка ми, за во гимназија ќе им повеќе од 60 ученика, со над 60 поени. Нема везе, отишле медицина некои, но, примени се дури и ученици под 60, меѓу кои и ученик со 46 поени.. Па кај им е паметот бе?! А тие што отишле во друго училиште а не се примени, кај ќе одат?! А со овие минус, под 60 плус, сме 59 ученика. Бидејќи сме малку, сигурно ќе ни донесат некој и од земјоделската. Така прават секоја година. Кој сака, од кој било смер, и да има 30 поени, си учи во гимназија.И после, нашата гимназија ќе била слаба. Па нормално.
    Иначе, јас сакав да бидам кај професорката по Математика, но како што гледам, сите забегани фаци веќе договориле да се таму. А и кас договорив, браво. Но, ако некој што ми смета е таму, си бегав кај проф. по Англиски. :D
     
  8. jolo

    jolo Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2013
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    378
    Пол:
    Машки
    Во кое школо ова?
     
  9. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.229
    Допаѓања:
    13.204
    Пол:
    Женски
    ^
    Свети Николе, гимназија "Кочо Рацин"
     
  10. kiss3

    kiss3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2014
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    21
    може некоја информција за интернатот Д-Р Панче Ќараѓозев скопје пример дали е строго.чисто има ли услови за учење во читална какви се воспитачите
     
  11. MagconGirll

    MagconGirll Нов член

    Се зачлени на:
    26 јули 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Епа вака :lol: ...... Имам 14 години и си размислувам каде да одам во средно училиште. Веќе од мала се занимавам со музика и со пеење... Сакам да одам во Музичко училиште во Скопје само ке побарам совет кое училиште е најдобро по вашиов избор? Навистина не сум запознаена со училишта во Скопје :sweat: .. И премногу размислувам дали е тоа вистинскиот пат по кој ке одам, на сите кога ке им кажам дека ке одам за музичко секогаш ке ме прашаат : Што ке постигнеш со тоа? Затоа неможам да си ги оттргнам прашалнициве од мозокот :( . Како што слушнав требало да свириш на барем еден инструмент па затоа започнав да свирам на клавир но не многу долго, веќе по втор пат ги мењам професорите затоа што не се многу одговорни, првата професорка секогаш имаше некоја работа а вториот професор започна со многу тешки вежби уште првиот ден ;( После првиот ден ми рече да дојдам за 2 недели кога ке ги извежбам вежбите мада јас не ни знам да ги извежбам самата ;( . Помина веќе 1 месец секој ден му вртев на мобилниот но немаше одговор. Музиката ми е се во животот ама се плашам дека никогаш нема да успеам, еве ми остана уште една година во основното училиште :( и се мислам дека нема време да научам и да бидам спремна за во средно. А оценките не ми се премногу добри ;( Се надевам оваа година ке ги поправам сите ;( ВЕ МОЛАМ ЗА СОВЕТ ;(
     
  12. BabyyBoo

    BabyyBoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    66
    Пол:
    Женски
    Епа вака, како прво како што знам јас многу ретко примаат ученици во средното музичко во Скопје, јас имам 3 другарки кои се пријавија за таму а не ги примија(зборувам за довјчиња што имаат основно музичко завшено и плус награди од државни натпревари), ако сакаш веќе толку многу музичко да се запишеш по добро оди во штип, таму скоро сите ги примаат. Ако се одлучиш за средно музичко треба да знаеш дека тоа е многу тешко и дека ќе немаш време за ништо освен тоа треба да избереш плус уште еден инструмент дополнителен на клавирот. Сепак јас не ти препорачувам уште сега да одиш во друг град да учиш бидејки или ќе треба да стануваш секое сабајле рано, рано за да чекаш автобус(кој многу пати ќе задоцни) и после да седиш до 4попладне таму за тој автобус што ќе те враќа или пак во интернат во град кој не ти е многу добро познат и не знаеш што може во секој миг да ти се случи. Според мене подборо зпиши се нешто во твојот град, ако има стручно по добро на пример медицина или нешто така. Ако пак не ти лежи медицината(крвишта и такви работи, да се онесвестуваш секогаш кога ќе идеш на пракса :lol: ) оди општа гимназија, ама сепак пред да ја донесеш вистинската одлука размисли убаво :)
     
  13. AnniiBe

    AnniiBe Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2012
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    2
    Има некој во Јахја Кемал во Бутел за 1ва ? :D :rofl: :wasntme:
     
  14. Lonelygirl00

    Lonelygirl00 Нов член

    Се зачлени на:
    29 август 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Ми треба сериозна помош. Незнам каде да се запишам во средно, а сега почнав IX одделение. Оценките ми се океј, скроз одлична сум била од секад па размислувам во Корчагин или Орце, ама незнам кое да го изберам. Да бидам искрена до негде и сеедно ми е кое од тие две, ама сепак кое и да го изберам сакам да бидам сигурна дека сум го направила вистинскиот избор. А не помага тоа што мајка ми и татко ми оделе во Корчагин па ме наговараат да одам таму, а исто не помага тоа што другарка ми сака да оди во Орце па и она на секакви начини ме наговара да одам таму. Незнам на кого да му верувам, а за Корчагин викаат дека таму ептен сите се бубалици и нејќам моите 4 години средно да се вртат само околу книгите. А Орце ми е далеку, но таму викаат дека подобра француската билингвална и дека наставниците не се толку строги. Затоа, ај некој нека пише свое мислење да ми помогне конечно да се одлучам :worried:
     
  15. BabyyBoo

    BabyyBoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    66
    Пол:
    Женски
    Види сега, твоето образование ти си го бираш според тоа што сакаш да бидеш во иднина, а не каде ќе одат другарките таму и ти. Ние тука од форумот неможеме да ти кажеме "Не оди во Корчагин" или "Не оди во Орце", ти самата треба да си знаш што си сакаш, па според тоа да си се определиш. А за другарките ќе имате време за дружење и после школо на кафе заедно, немора да си 24 часа дневно со нив и онака во средно нови ќе запознаеш. Ние што бевме 5 девојчиња до 8одд знаедно во средно секој отиде на своја старана, едната е во СК, другата отиде медицина, третата е во Јахја Кемал.....ама пак колку-толку се дружиме барем 1 неделно излегуваме заедно. За другарки ич да не се секираш, гледај ти да учиш.
     
  16. Little.red-girl

    Little.red-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2013
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    3
    Може ли некоj дa ми кaже кои смерови ги имa во велес? :)
     
    На MariNina му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Moonstone.17

    Moonstone.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2013
    Пораки:
    592
    Допаѓања:
    1.862
    Пол:
    Женски
    Јас уште од сега да се распрашам поубаво, бидејќи не ми се чека последен момент за да одлучам каде ќе се запишам. Размислувам за запишување во Корчагин или Орце, значи гимназија. Нон-стоп ми е низ глава тоа „Корчагин или Орце, Корчагин или Орце“, и навистина врска немам кое школо да го одберам. Читав во одделните теми, но не најдов баш добри одговори од оваа година. Ме интересира какви се професорите во тие две гимназии и каде се построги? Знам дека е лесно ако се учи, затоа не прашувам дали е лесно или тешко. Екскурзии? Каде се оди, во која година?! Дали би правеле проблем при запишување бидејќи имам една четворка по географија од екстерно преклани? Таа ми е единствена четворка во сведителство од сите години т.е од петто до сега (рачунам дека оваа година сите ќе ми бидат петки, па и од екстерното). Досега немам одено на државни натпревари, но во март 2015 одам на натпревар по француски па можеби ќе стигнам и до државно и ќе направам нешто. Имам доста дипломи добиено досега (општинско, градско ниво), па дали ќе треба и тие да ги приложам или за џабе ќе биде? Што е разликата помеѓу општа и билингвална (не знам колку ги погодив терминиве)?
    Да напоменам, одлично ми одат јазици, програмирање, да не претерувам, ама еве и математика, физика, но не баш наааајдобро, додуша физика така, убаво ми оди. Ме интересираат такви работи, и отприлика со нешто од тоа би сакала да се занимавам понатаму, односно да го изучувам. Сигурно ќе прашувам уште тука, ама еве, овие неколку прашања ме интересираат моментално. И сега, ако би сакал/а некој/а што учи/завршила во некое од овие две школи да ми одговори ако може.
    Отупев со олкав пост, а уствари ништо не напишав(facepalm)
    Инаку благодарам однапред.
     
    На Mahidevranfan му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Орце, ич да не му ја мислиш, и друштво ќе си најдеш супер, и професорите се воглавно добри, само 2-3 терсене може да ти се погодат.Не е тешко за учење ако си учиш редовно, не како мене во една недела сите предмети што ги поправам.:D
     
    На Moonstone.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.092
    Пол:
    Женски
    Мислам дека е најдобро гимназија.Не ги потценувам стручните,но на 14-15 години не можете да одлучите цврсто што навистина сакате.Ако сакате економско-правна насока одете или економско или ако сте во гимназија одберете ОХА смер во трета.Ако ви одат повеќе јазици запишете се во ЈБТ,Георги или Орце,ако сте повеќе по математика Корчагин,а ако ви одат и математика и физика најдобро е да се запишете на електротехничко или ако сте во гимназија во трета одберете ПМА смер,ако ви одат повеќе биологија и хемија,тогаш или медицинско или акосте во гимназија ПМБ смер.Што се однесува до јазиците,ако сте повеќе по францускиот најдобро Орце или Корчагин,за англиски Орце,А за германски,ќе бидам малку пристрасна,топло ви го препорачувам Георги.Таму темелно се учи секоја тема и цела година учиш од една книга.И ЈБТ е исто така ОК што се однесува до германскиот,ама таму една книга ќе протрчаат за цело полугодие и пак ништо.Исто така и Браќа Миладиновци има таква паралелка,како Георги и ЈБТ,но таму има многу слаби ученици.
     
  20. d69

    d69 Нов член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2015
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    некој да ми препорача струка за средно училиште ве молам оваа година завршувам основно и не сакам да одам средно опша пошо после ке сум ко теле на факултет ништо нема да знам од струката некој да ми препорача некоја добра струка и добро училиште што ке ми помогне во животот.. Помошш ?? :worried:(lalala)