Има и такви, да ама мене македонски мојата професорка колку што ме има научено од прва материјалот го памтам и во сон да ме станеш, таков професор со таков став да најдеш во Панче или хемиско може само во друг универзум.
Дa,дa секoјa чест нa исклучoци имa и тaкви прoфесoри кoи ептен влoжувaaт вo децaтa...нa пример мoјaтa нaстaвничкa дo oсмo имa ептен гoлемo знaење имaв 4кa a знaев мнoгу пoвеќе oд некoи штo имaaт 5кa вo други шкoли.
Воопшто не си во право воопшто не си ги креваат акциите. Сакаш да ми кажеш дека знаењето по математика на ученик од Корчагин може да се спореди со ученик од НЕКОИ други школи? Не потценувам воопшто, ниту пак математиката ми е нешто омилена.(ја мразам) Така да оди прашај ги финки феит електро како се веќе не ги знам прашај ги за ученицие од Корчагин и за нивното предзнаење... , тоа што знаат за што се способни(а се многу способни) професорите тоа не е кревање на акции.
Не е до името се точно, ама Корчагин не е само име. Како знам- не само зашто сум завршила таму,туку се докажува, откако се полага матура скоро секоја година е на прво место според резултатие од матура, ми се чини само една година беше втора, да ама во ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА. Мене тоа ми е показател дека навистина не само што наставниците си ја работат својата работа туку дека и учениците учат. Али кај нас има тренд на некој уплав од учење, добивање 5ки само со еднаш читнато, и затоа од мое време(не така одамна пред 6 години кога јас завршив средно) кога имаше по 8до 9 паралелки сега паднале на 5 до 6. Тоа се цели 3 или 4 класа помалку, или околу 90-120 деца помалку се запишуваат годишно. Мене тоа ми беше фрапантно. А сега ги нема ни бабарогите Пацка и Патранка, отидоа во пензија, така да верувам дека полесно добиваат петки по историја и биологија. Во Коргачин имало и секогаш ќе има квалитетни професори, да знаеле да се протнат и некои тралалјки како оние двајцана по социологија што мене ми предаваа, или Мими математика на која треба да и забранат да предава, ама со ретки исклучоци можам да кажам дека има дефинитивно квалитетен кадар кој навистина си бара знаење за да се дадат тие фамозни 5ки. Додека се плашите и избирате школи каде полесно ќе поминам и со помалку учење ништо не праиме. Секој со своите можности и желби, ама оние кои само сакаат петки без да се помачат ми се најлоша категорија.
Мoжеби Пaцкa и Петрaнкa веќе ги немa aмa сигурнo ќе дoјдaт некoи други Вo сите шкoли ги имa пo некoи тaкви прoфесoри без рaзликa стaри млaди,a кoгa кaжaв кревaње нa aкциите мислев нa тoa штo мислaт декa oни се нaјпaметните суштествa и дa не се вo прaвo oни тoa не сaкaaт дa гo прифaтaт...А aкo oдиш прoтив нивнoтo рaзмислувaње нa крaј мнoгу лoшo си пoминувaш...И дa се гледa рaзликaтa пoмеѓу дете кoе зaвршилo вo Кoрчaгин и дете кoе зaвршилo вo пoслaбo среднo училиште.Секoјa чест нa исклучoци.
помошш .. не знам каде да се запишам.. значи одлична сум се.Прво сакав да се запишам Гимназија ама сега некако се предомислувам и сакам да идам фармација. Ве молам помошш
Најдобро е во гимназија. Ми има кажано еден академски професор дека поголем напредок покажувале учениците од гимназија, одколку од стручно дојдени. Ма да јас ќе одам на стручно, односно уметничко, затоа што со сличен занает се гледам и во иднина. Сакам повеќе пракса отколку учење, а во уметничко тоа го има.
феминкии помогнете ми.вака јас сега сум деветто одделение и незнам каде да се запишам средно.нешто не сум во добар контакт со овие деца од мојава генерација,кажаа дека сите ке иделе во Борис.И сега јас не сакам воопшто во гимназија да одам а ниту пак медицина.мајка ми ме тера медицина,но јас нејкам не ми идат хемија и биологија.Јас сакам да идам правен смер.ама несакам да бидам со децата од генерација.незнам што да правам дечки помагајтееее
Па сигурно нема тие единствени да бидат таму, ќе има и други деца од други школи, нема цел Борис со твој клас да се наполни. Не се грижи, важно е да бидеш каде што мислиш дека ќе ти биде најлесно. За познанства, можат да се стекнуваат и нови. Јас од цел клас се избацувам со тоа што ќе одам во Уметничко. Апсолутно никој од паралелките во училиштето нема да оди таму.
Пишав погоре на членката, академски професор ми предложи да одам во гимназија затоа што поголем напредок на факултет имале оние кои завршиле гимназија. Јас сепак одбирам стручно, скам повеќе пракса од учење.
Ти благодарам на советот Инаку јас разговарав со еден човек кој завршил гимназија па ми вика дека гимназијата немало онакво зачење како порано само името и останало.. и сега навистина незнам каде да одам..
Па зависи каде живееш. По некоја случајност да си од Скопје, јас би ти препорачала во Орце (доколку си добра во јазици), а Корчагин ако ти оди математика и сл.
Па, тоа е и твој избор, пример, јас ќе треба саат време да патувам со автобус до уметничко, но тоа е единственото место во кое се пронаоѓам. Така и ти, каде мислиш дека можеш да се вклопиш, да бидеш ти? Јас ти ги предложив тие 2 гимназии затоа што се едни од најјаките во Скопје.