Шо знам како е ја се навикнав многу страв ми беше во прва памтам ко вчера да беше ја влегов дека бев 5.00 а други со неколку 4ки не влегоа и многу ми беше криво а и ја првин си мислев дека не е толку тешко. Зависи од професорите, мноооогу професори има пола и ја не ги знам веќе кој кој е а и нови исподонесоа за 1ва година и све различни предаваат во различни генерации а има и некои исти.Има стварно добри професори, од младите професорки има фини, добри шо не бараат многу ама има и такви шо вчера дојдени се праат авторитет, пр. физичко оценува све по ред ти си викаш спорт глуп предмет ова-она а уствари за секој спорт што иде по програма све оценува од додавање до шутирање до дали ќе даеш кош или гол ГЛУПОСТИ кои можат да те зезнат неочекувано! На МА во 3та им е доста тешко на тест добиваат задачи шо првпат во живот ги глеаат особено Алгебра, ама професорот е тооолку строг што едвај и до толку го ``спуштил`` критериумот треба да се наводно пресреќни. Во 2 ако одбереш етика е многу фина предава и логика истата и филозофија во 4та само тоа многу потешко го оценува од етиката а и дека е потешко-.- а информатика приказна за себе од тоа што го доживеавме во 1ва во 2ра не ми падна на памет да продолжам од толку дерење по сите,ретко кој продолжи и среќа не им се падна истата Ја сум ОА смер дополнителни иам Право, Социологија и Латински (латински е смрт значи се препишува а на крај никој нема 5ка! Да се чудиш дава реченици за превод претешки шо првпат у живот ги глеаш, а ако си Јазично кај таа е построго мада и кај неа нема 5ка). Право учиме од книгата за факултет Вовед во право прекрасен професор иако на час не се дише за 5ка бара и дискусии за случки, судења-парници и класично знаење на цел материјал што го диктира он) и Социологија е многу добра таа во 3та а таа во 2ра бара униформност сите да слушаат да не мрда никој да не се дише и оценува напамет од А до Ш а таа во 3та ако земеш ОА бара повеќе логика. За овие од Јазично е многу полесно особено ЈБ ама не знам дали вас ќе ви формираат таква група или ОБ многу се опуштени на часови мислам учат уметности,музика..такви глупости..не е строго за нив ич ама па со тоа на денешен ден иднина баш и нема! ЈА имаат педагогии, психологии, латински не знам јазици италијански и уствари у 3та учат мак,анг,гер/франц.,итал.и лат. а у 4та уште не знам уште+ 1 или 2 не знам ама доста јазици глава да не знаеш кај ти е иако и на тоа е опуштено ама не толку.Се на се, во 1ва зависи од професорите има по отприлика 3-4професори по секој 1предмет сигурно и не моеш да прерачунаш кој ќе ти се падне, огромен колектив има така да запиши се кажи ми кој ти предава и ќе ти кажам што мислам јас
фала ти многу плавушо што одвои време да ми одговориш! значи ти ми препорашуваш да идам во Карев? Ако се запишам ќе ти пишам. И повторно фала ти најмногу!
Нема проблем, уживај инаку за препорачување вака. Ако си по математиката ама стварно а не да учиш само пред тестови и да вадиш 5(ко шо праев ја хаха) оди во Корчагин најискрено. Ако си од се по нешто оди во Карев или Георги исто ти се фаќа има некои проф. пр Право и Физика шо ми се мене предаваат и таму и таму има и други мислам ама не ми предаваат мене, така да исто ти е.Ова ако си решена за гимназии ако не види ги стручните иако најубаво ако немаш идеи за факс оди си гимназија Ако се запишеш пиши ќе те воведам догодина ја сум матурантка
другарки ми имаат кажувано дека е лесно т.е. полесно од орце... а и мајка ми и ја одбиле зашто тогаш имало многу голема заинтересираност за Никола Карев. Со исти оценки (четри четворки) и прехлани братучетка ми ја одбија во Георги (кога беше најголема заинтересираноста за Георги) а лани другарка со полоши оценки ја примија без проблем во Георги, затоа што сите се затрчаа во Карев, така да многу значи и тоа колку полуматуранти се заинтересирани за тоа средно.
Оф оф оф.. Хемија! Класната секогаш кога ќе ми ги види оцените вика: И тебе омилен предмет хемија а? И во основно си имав маки.. не сакам пак и во средно.
Па и јас пишав дека од Орце е полесно, ама за лесно не е. И јас кажав дека конкуренцијата е огромна, и сеуште е колку што знам, за августов што следи не знам, ама досега вриело конкуренција.Ти само го повтори тоа што го кажав јас
Би сакала ако има некоја феминка од Битола,која учела ЈБТ (горната) да ми кажи како е? Слушам многу поделени мислења за горната,некои велат дека е убаво и квалитетно училиште,а некои велат дека не се цени учењето воопшто,само гледаат од какво семејство си... Не знам стварно... Се двоумам помеѓу горната и економско,па ако има некој искуство со овие две нека кажи нешто повеќе
Ваше мислеље? Што знам, не сум учела таму за да ти кажам точно ама убаво е особено ако понатака продолжуваш на економски, во спротивно не ти препорачувам ќе имаш потешкотии. За тоа се гимназиите за оние кои не знаат на кој факултет ќе одат понатаму.
леле па ако те интересира економијата и мислиш нешто со тоа да правиш во животот оди на економски А што е ова сите што викаат за корчагин требало математика...ко што знам, тоа е гимназија и има подеднакво математика како и во другите ...а и морам пак на француски да одам???
Јас би ти препорачала да одиш во гимназија ако си солидна ученичка. Јас планирав да одам во економско и среќа што вториот ден се запишав во Орце. Сеуште мислам да идам на економски факултет, ама ич не жалам за мојата одлука. Во економско има многу провинцијалци и едноставно дива лига е школото. Не дека имам нешто против деца од населби како Илинден, Хиподром итн. ама мислам дека ќе ми ја сфатиш пораката
Гимназијата е општа, ама математика се бара многу, како и во секоја гимназија(освен ако не одиш во угостителско )...А можеш да одиш на еднојазичната и да си учиш на македонски, и други два јазици, ама мислам дека ти си ги бираш, би требало да има и германски.Ако се одлучиш да одиш на билингвалната, неколку часови годишно ќе ти бидат на француски...(информацииве не се од прва рака, така да ако нешто не е целосно точно , поправете ме) Јас планирам да одам во Корчагин.Сите оценки ми биле и сеуште ми се петки, па бирав средно што ми е најблиску до дома.А бидејќи не знам што сакам да студирам, морав да бирам гимназија и така излезе Корчагин
Провинцијалци? 7 километри од Скопје живеат и провинцијалци ги нарекуваш? Уф пре пуфли ниедни што порака пренесувате срам да ви е. Баш срам да ви е. Еден ден не се ни запишувај на факултет зашто тогаш може и 80-90% да ти бидат колегите од другите градови, не само од периферија на Скопје она што ти го нарекуваш провинција. Не ми се верува кои совети ги даваат некои си "градски фаци" за средниве училишта... kiikeTo ако си сигурна дека сакаш да се запишеш на економски факултет еден ден оди во економско. Но верувај дека таму пред се ќе се образуваш во еден правец, а на 14 години никој не е сигурен што ќе се запише на факултет. Гимназијата ти дава образование во повеќе области, плус имаш изборни предмети и во 2ра а и во 3та година, а може да избереш и една насока во која се изучуваат правни и економски предмети. Така да размисли си дали сакаш да учиш општо или уште од сега сакаш само во еден правец да го доградуваш образованието.
Знаев дека нема сите да ме сфатат убаво. Мајка ми е од Кичево, а татко ми е од село близу Демир Хисар и воопшто не ми е срам да го кажам тоа, а според тоа и јас би требало на некој начин да сум провинцијалка. Мислев на провинцијалци во смисол сељаци, пример машки со шатирани коси или женски изнакитени во школо со штикли што доаѓаат (најчесто таквите се од горе наведените населби). Во никој случај не мислев на провинцијалци како дојдени од некој друг град или населба, затоа што може и некој од Центар да поседува некои т.н. "провинцијалски" карактеристики.
Темава не е за провинција, туку за одбирање на средно училиште и ве замолувам да се задржите на истата.
Избришани мислења Пак ќе речам за средно најдобро е гимназија зошто на 14годишна возраст не верувам дека некој е цврсто одлучен за факултет тоа тек при крај на средно се донесува како дефинитивна одлука.
Во Корчагин се зависи кој професор ќе ви се падне по математика, толку и ќе учите. Мене ми беше математика најстрогата професорка, и да ми ја извади душата, ама научив и со гордост кажувам дека тие што имаа 3ки кај неа, на факс имаат 10 ки математика За француски. Има во Корчагина една билингвална паралелка, 8ца е секогаш, и предмети како Хемија, Математика (тука не предава страшната професорка), дел Македонски се на француски. Ништо тешко! Само плус ќе ви биде што ќе си добиете сертификат за ако сакате да продолжите да студирате во Франција да ви биде полесно за запишување (имам другарка влезе на Сорбона со оваа диплома) Другите паралелки се најнормални, со 2 странски јазици, англиски и германски/француски. И не е математичка гимназија... Сите учат исто 1ва и 2ра а во 3та се делите на Општо А,Б или Математичко А, Б Математичко А е фокусирано на математика (ако сакате Пмф, Електро) Математичко Б на билогија/хемија (ако сакате Медицина, Фармација, Билогоија/Хемија) Општо А е на економски/право (за овие факултети + филилошки) Општо Б е филозовски смер ( за филозвски фак + филилошки) Нема јазичен смер !