Девојки, еве сега за месец дена треба да се запишувам во средно а сеуште немам одлучено. Имам на ум две училишта. Тоа се Орце Николов и Панче Арсовски ама во билингвална паралелка. Мене одлично ми оди англискиот и само тоа ме ,,влече", ама други ми зборат дека подобро било да се запишам стручно школо. Совет?
Совет до сите стручно училиште. И јас се мислев каде некој ми велеа подобро оди гимназија,,ама ојдов стручно медицинско.И да не ве лажат (како шо ме лажеа мене ) дека медицинско било тешко.Ич не е тешко.Нормално треба да учите,ако не учите ич тешко ке ви биди
Оди во гимназија. Имаш многу поголем избор за понатаму, со стручно се насочуваш кон едно и толку. Со гимназија барем ќе знаеш нешто и од општа култура, што е важно. А, и академски професор ми кажа дека учениците дојдени од гимназија покажувале поголеми успеси на факултет, отколку учениците што завршиле стручно. Орце е најдобро училиште, една роднина беше запишана во Француска и не се каеше. Разлики меѓу Англиска и Француска е тоа што во Француската повеќе патуваат, пример патуваа до Парис, Италија, Романија... А за Англиската, не, не патуваат таму многу.
Јас уште од 5 одд реков сакам угостителско да одам средно и како што гледам ќе го исполнам тоа..Многу ме привлекува треба само 30 поени за запишување а јас сум одличен ученик и затоа сите ми викаат гимназија па гимназија ама јас во тоа не се наоѓам,сакам да готвам тоа е се..Знам дека угостителското се учи само 3 години и незнам некој ми рече дека немало да ми важи тоа школо оти само 3 години се идело и дека требало 4 година да доучувам..Па кажете ми точно ли е тоа???? Еден друг ми рече дека 4 година ќе се идело ама цело време на пракса..Па ајде помагајте кажете ми нешто околу ова училиште..
Здраво на сите.Јас сум девето одделение а сеуште немам одлучено каде ќе учам.Сакам да одам средно стручно козметичко училиште имам слушнато дека такви има во Прилеп и во Скопје ќе ве молам за совет каде е подобро и каде се условите подобри и дали блиску до нив има интернат бидејќи сум од Кавадарци мора во интернат да престојувам (Фала за помошта)
Me interesira dali i mnogu tezok ispitot za upis vo sredno umetnicko Lazar Licenoski I dali samo talentot e president faktor..Primaat mnogu malku pa dali i uspehot bi pomognal ..poveke informaci ako nekoj saka da odeli vreme da pise...Vi blagodaram
Треба да ги знаеш пропорциите на лицето и да имаш извежбана рака. Јас ќе се запишувам таму и веќе цела година цртам, скицирам. Ќе се црта портрет и фигури со јаглен.
Со јаглен да се црта мислев, озвини што погрешно се изразив. Мртва природа и гипсена глава на антички (обично грчки) лик. Приемниот е во 24 и 25 јуни во 9 саат сабајле. Треба да знаеш дека во уметничко има часови рано од сабајле до 15 часот. Ќе нема учење многу, но ќе има доста работа.
Мој совет ви е да одите по тоа што ви е мерак. Не мора да значи дека ако некој рече во ова училиште е тешко или професорите се строги, дека и кај вас ке е тоа така, напротив тој што учи нема да му претставува никаков проблем нити професор нити тешкиот материјал. Јас немав идеја на што ке се запишам на факултет (се уште немам) затоа се запишав и на гимназија. Да имав мерак за нешто пример медицина би ми било сто пати полесно зошто сепак, колку и да е си поблиску до таа сфера, не дека во гимназија тоа не е така туку едноставно повеќе му посветуваш внимание на предметот кој го сакаш и кој ти е битен.
90% е дека ќе се паднеш во клас со децата што си учел до основно но сепак има опција да се префрлиш во друг клас
На времето јас кога се запишував цртавме портрет по жив модел, портрет по фигура, ми се падна Афродита, мртва природа и пејсаж. Изгледа сега ги намалиле приемните, најверојатно и нема многу заинтересирани па затоа. Папи кој смер сакаш да се запишеш?
Да, и јас мислев на жив модел, ама погрешно се изразив. Се двоумам меѓу мултимедија и сликарство. Скоро слични се предметите. Додаден е и предмет фотографија сега, колку што видов и во двете насоки го има.
Уф Мултимедија и Сликарство колку само не се слични. Нема слични смерови, скроз е различно. Не знам колку си талентирана искрено, ама ако сакаш испрати ми нешто па ќе те посоветувам. Јас одамна излегов од таму, веќе 7 години како имам матурирано, ама си одам редовно на гости. И не е точно дека подоцна на факултет подобро поминуваат гимназијалците, ја сум ти типичен пример, завршив и архитектура со средно уметничко
Мене тоа професор од академија за ликовна уметност ми го кажа. Сепак има исклучоци. Јас избирам средно уметничко поради тоа што многу поопуштени се часовите таму (како што ми кажа наставник по сликарство). Инаку ги видов предметите во 2та смера и скоро слични се, не кажав дека се исти. Мултимедија има и анимација (анимирање филмови), сликарство нема. Знам дека ќе има многу работа, но не толку учење и баш тоа го сакам.