Гимназија или медицинско забен смер . Инаку сум од прилеп прилеп нема забен смер така да ако одам Забен ќе треба Битола
Јас ти препорачувам гимназија,зашто може по четири години може нема да сакаш да си стоматолог.Инаку и јас завршив деветто во Коменски,си пројдов топ.Се мислев меѓу Георги и Орце,ама Георги ми е поблиску и сите другарки ми се таму,а во меѓувреме во Орце станува опасно кај паркчето претходната година тројца машки силоваа девојче,студенски пленуми,не е баш за деца што сакаат да си поминат лабаво и фино за време на наредните четири години.Лично мое мислење знам сега сите ќе речат како не вака така,ама фактите не лажат.
Ако не знаете каде сакате воопшто, моја препорака е каде ќе поминете најлесно со добри оценки. Јас се запишав стручно во Георги и супер си поминав сите петки. А дали некој ме праша што сум учела кога се запишував на факултет? Нормално не. Имав повеќе поени за упис и од многу преувеличуваните гимназијалци. Факултетите не гледаат каде, туку те рангираат по поени. Зашто да се мачиш како грешник кога крајниот исход е дека на никој не му е гајле понатаму каде си учел средно (освен медицински факултет ваљда). Битно е да стекнеш навика за учење, тоа ќе ти користи понатаму во животот, ништо друго. Така да, со среќа и бирајте мудро
Никола Карев Премногу оддаваат внимание на свирложби и на смерот ЈУБ, а воедно и професорите се многу cool и пријателски настроени така да немаш проблем
Дефинитивно да Јас завршувам сега во Карев и да треба да се запишам повторно не би се мислела каде Воедно, и сестра ми ја имам натерано да се запише таму и благодарна ми е за тоа, иако не сакаше
Во мојов град нема смерови, само општа медицина се учи. Иначе одлучив, ќе одам гимназија. Мислам дека така е најпаметно, бидејќи прво многу сакав историја и решена бев да одам гимназија, а сега одеднаш ми се јави љубов кон стоматологија. Во следниве 4 години којзнае уште што ќе ми дојде на памет. А и најверојатно ќе се селам од државава, па воопшто нема да ми биде битно какво школо сум учела, туку оценките.
Велите одете кај што ви е мерак ами ние "актериве" кај да одиме?Средно драмско нема, треба 4 години да тераш нешто што не те влече за конечно да стигнеш до "Факултет за драмски уметности".Завршуваш и таму и оп без работа.Е ај да ве видам Имам уште една година ама ај избери средно, ништо не те влече, а сакаш да вложиш труд во актерството, моите ми викаат -оди во кое било средно ќе те запишеме на часови по драма заврши средо и оди на драмски- уште да беше така лесно
Zapisi se opsta, taka ke naucis od se po nesto, ii ke si odis na casovi po drama i posle ke prodolzis fakultet
Разбирам и мене така ми викаат ама треба учење, јас сум одлична секоја година 5,00 нема да дозволам да не учам, а треба и на моите "музички желби внимание да обрнувам".Како и да е нема да биде лесно, сите имаат "трнлив пат до ѕвездите "
Ќе се потрудиш малку, штом си одлична значи си навикната на учење така 4 години бргу ќе пројдат, а ти ќе си го збогатиш знаењето. Сепак и распусти се тука, за да се препуштиш целосно на твоите “музички желби“ има време.
може касно пишувам ама морав.. Медицинааа ! Најдобро е Ем имаш знаење, ем имаш работа Јас завршив скоро медицина во П. Караѓозов..преубави денови , нај нај нај .. За учење ..сите викавме така пред да се запишеме..ама се навикнуваш и не е којзнае колку тешко и не е нешто што не може да се научи.. Ех да можев да се запишам пак...Медицина ..
Од стручните можеш на уметничко: музичко, балетско и ликовно. Одлучи си што сакаш повеќе. Во уметничкото во кое што ќе се запишувам има приемен испит, ама во наредните 4 години немаш математика, географија, биологија, хемија, физика и сл. Другарка која ја сака глумата ќе оди во тоа средно.
@littlevampire јас имам другар што учи во Борис, правен смер. Значи детево се утепува од учење за овие професориве пак 4ки да му ставаат. Ми вика да можев да бирам пак, абе ни во лудило не би одбрал Борис, и многу се кае што отиде таму. Глеј што му кажала професорката после испрашување кога ја прашал што оценка ке му стави: 'ти се издвојуваш од другите 4ки за 5ка си, ама јас ќе ти ставам 4ка' ..зарем ова не ти кажува доволно?
Јас се двомев помеѓу медицина и гимназија, и на крај се одлучив за медицина бидејќи сметам дека средно стручно е подобро. Дали направив правилен избор?
Јас се одлучив дефинитвно одам Георги,ем ми е блиску,ем имам друштво а и ме влече училиштето.Е сега јас ќе пробам германска билингвална ама ако не влезам никому ништо ќе одам во општа. Дали сум направила правилен избор?
Знам, сите различно викаат, може би сепак се е до професорите и капацитетот на детето. Меѓутоа за Борис има многу различни ставови, познавам деца што не фаќаат книга, но сепак се провлекуваат со 3ки и 4ки, додека пак има деца што се утепуваат од учење за некој исфрустриран професор да им стави 4ка. Таа случка што ти ја пишав погоре во врска со мојот другар е 100% точна, бидејки детето ми е најдобар другар и барем за такви ствари не би ме лажел. На тебе е да одлучиш, јас само ти прераскажувам што ми имаат кажувано деца кои учат во Борис, позз и со лесноо