Во Кисела Вода, блиску е и до центарот на градот пешки. Еве брат ми е 4та таму економски смер и лесно си го помина. Дали го бива за препишување, дали ги шармира професорките, тоа уште не знам
Јас Корчагин го исфрлив од листа на двоумење. Некако му отпадна рејтингот + некако имам впечаток дека таму се претежно такви шмизли, дигнати... Сега се мислам меѓу Карев и Георги (како гимназии). Според вас од овие две каде има подобри деца и може полесно да се помине?
@Kimberly11 da sega sum 9to i sum vo dilema. Sakam da go izberam vistinskoto sredno zasto togas se najubavite godini i sakam da si najdam ubavo drustvo i celata "mladost" da ne ja pominam nad kniga.
@Kimberly11 голема е конкуренцијата, па ако не во Велес во Димитрија Чуповкси, можеш и ти таму да одиш, оти Скопје е големо ќе има многу деца
Апсолутно мислам дека не треба да те интересира рејтингот, се запишуваш затоа што тоа го сакаш и те интересира. А, за впечатоков, воопшто не знам зошто си помислила дека е така, баш е напротив. Ретко такви да има, секако се наоѓаат поединци, ама во глобала децата се супер. Друштво можеш лесно да најдеш, нема создавање т.н. багри и двоење, барем во мојов клас го нема тоа. Стопати да треба да се запишувам, пак би се запишала во Корчагин и мислам дека нема да згрешиш ако се запишеш овде, иако, имаш време да размислиш добро. Не би сакала да се мешам, меѓутоа твоево мислење ме натера да искоментирам.
Јас сум веќе одлучена и никогаш не би се предомислила Многу ја сакам Бијологијата,Хемија и Физика 1L! Баш ми е гајле тоа што викаат дека е тешко ама медицина сакам,СЕ ШТО СЕ САКА СЕ МОЖЕ! Верувам дека ќе ме примат иако имам четири 4ки Дај божее Мислам дека не грешам
Уопште не се обрнува @Viki 99 8. Не испраќајте две мислења едноподруго. Ако веднаш по испраќањето на одредено мислење се сетите дека треба да допишете уште нешто, редактирајте го мислењето со помош на копчето „Редактирај“. http://forum.femina.mk/threads/Правила-на-форумот.44/
Мислам дека Карев ти е најдобро решение некако Георги незнам Корчагин бараат многу математика и информатика ако тоа ти оди можеш да таму да се запишеш.Сега јас не викам дека во Карев не бараат многу во секое школо бараат ама Карев мислам дека ти е најдобро решение пошто баш општа гимназија.
@makgirl jas sum od naselba cento a karev e vo karpos i mislam deka em sto ke mi bide daleku em tamu se zapisuvaat deca sto ziveat vo karpos i tie si se druzat i ja ke dojdam kako padobranec tamu i za iskacanje sigurno ke treba da akam do karpos, a na pr vo korcagin ima deca od sekade..