Моментално сум деветто оделение...и се мислам за другата година дали треба да продолжам општа гиманзија или да одам медицинско. Ајде нека пише некој од искуство. Благодарам од напред. <3
Оваа година сум деветто одделение и сеуште не знам каде ќе се запишувам. Со учењето и оценките немам проблем секоја година сум 5.00 и оваа година верувам ќе биде така. Сепак не сакам премногу тешко училиште како што е Корчагин,но не сакам и негде каде што воопшто нема за учење. Прво најголема желба ми беше економско-Васил Антевски Дрен. Бев решена за тоа училиште до скоро,но сега почнав да се премислувам. Прво бидејќи пола мое школо е таму значи има голема конкурнеција за да се успее и да се најде работа. Потоа гледам повеќето се зафркаваат таму и не се учи многу а не сум навикната на таков начин. Потоа сакав гимназија, но сите ми велат дека е подобро струка и јас така мислам. А и да одам во гимназија не знам која да ја изберам. Никола Карев се мислев, па потоа Орце и не знам.. Сега пак се премислувам и за медицина поточно за медицинска сестра,ама викаат имало премногу за учење,гадливо било и не знам.. Ве молам помогнете ми, дајте ми ваше мислење, кажете некој совет и ваша препорака. Не можам сама да одлучам знам, а знам дека тоа не е добро П.С Се извинувам за предолгиот пост
Ти aкo ги слушaш другите штo кaжувaaт дaлеку ќе стигнеш. И мене ми кaжувaa декa вo уметничкo се дрoгирaaт, немaлo убaви друштвa, вaкви биле, тaкви биле. Еве и тaткo ми е сектaш зaштo тaму зaвршил. Искренo шкoлoвo се пoкaжa пoдoбрo oткoлку штo oчекувaв. Јaс не сум љубител нa учење, a тукa имaме пoвеќе прaксa. Чaсoвите ме интересирaaт зaштo имaм цел мoјaтa кaриерa дa е aнимaцијa. Тaкa дa oди тaму кaде штo мислиш декa ќе се вклoпиш, кaде штo шкoлoтo немa дa ти биде "сaмo шкoлo", туку интерес кoј нaскoрo ќе стaне твoјa струкa. Акo немaш идејa зa пoнaтaму, oди вo гимнaзијa, нo aкo нaвистинa нештo сaкaш, не дoзвoлувaј тoa дa ти прoпaдне вo вoдa сaмo зaрaди гoлемите усти нa луѓетo.
@#strong_woman јас се одлучив да се запишам во Панче Караѓозов смер медицинска сестра и сигурна сум дека нема да направам погрешен избор дека тоа го сакам и ќе го учам со мерак.Од секогаш сум сакала биологија особено сега биологија во 9то што ни е учиме за телото на човекот многу ми.е интересно и тие нешта јас ги разбирам,ги сакам природните науки. Џабе се запишеш медицина ако не го сакаш тоа или дека не се бара математика па поради тоа да одиш таму дека една другарка отиде дека немало математика она се запиша фармација и ги нареди 2ки а неќеше да оди таму Јас сакам медицина од почеток на 8одд,и не треба да ти е гад од ништо за медицинска сестра ни од крв мене не ми е гад пред месец дена сестра ми се исече доста далбоко беше и многу течеше крв земав и раната и ја превиткав не ми сметаше кога гледав, тоа е битно ама има и многу други ствари што се неподносливи за гледање на брат ми спомни му крв и кома да стварно викаат дека имало многу за учење и дека е тешко и јас се замарав со тоа до пред некое време "Леле дали ќе успеам да научам" "Па леле шо е ова" Добро де ќе седнеш и ќе учиш како и сите Карев, доста го фалат тоа средно лани мојата братучетка заврши таму многу ретко учеше,стално препишуваше и беше одлична сите години ама не знам како.. Ми збореше дека било малку полабаво за разлика од другите гимназии ама изгледа како добро школо еве распрашај се истото ќе ти го кажат Корчагин стандард таму се бара учење јас никогаш не ни помислив таму да одам во никој случај Имам кажано дека брат ми е на економско супер му е лесно вика има по некои терсени професори ама него му иде економија,ептен чита и учи пред тестови и ќе извади некое 3че или 4че и задоволен е Сваќа економија ама го мрзи повеќе е по искачања дружење се тоа.. Економското е добар смер еднаш во неделата им се собирало испрашување и овие па уште се бунеле Знам дека често губат часови Еве вака според мене ќе ги одвојам тие што мислам дека се добри школи Ако си повеќе по учењето бираш: Медицина,Орце,Корчагин евентуално ЈБТ - овде доста бараат учење Ако и не си баш по учењето бираш: Карев,Економско,Ѓорѓи Димитров - тука е полесно за разлика од тие погоре.. Размисли и пиши ми ако сакаш за каде си се одлучила поздрав и све најубавоо
Малце да те исправам. Георги Димитров не би го сместила баш за полесно... Ако фатиш една група од професори, не верувам дека можеш да се извадиш само со препишување и нередовно учење.
Здравооо. Се двоумам меѓу Михајло Пупин и Илинден. Некој ако знае нашто повеќе за училиштава нека ми каже. Ве молам итное!!
Кое школо е Илинден? Некое ново или сменето име на некое старо? Пупин ти е старо школо, од него излегоа многу електраши и компјутерџии.
Кеч ме насмеа бе Михајло Пупин е сменетото име на Коце Металец иначе хахахахах. А ова Илинден и ја прв пат слушам мајке ми. Да не е новото средно што се отвара (или е веќе отворено !?) во Илинден?? Нешо памтам демек електротехничко ќе било, така чув од вести...