Епа во државно, се фаќаат врски преку пријатели, комшики и слично, а во приватното тоа оди преку плик. И сакаш да кажеш дека во приватно ќе си платиш и ич нема да се замараш кој учи, а кој не?
И у државно плаќаат и тоа како..за двојче ќе пуштат срце.Абе глеј, кој учи ќе учи и у државно и приватно.Кој не учи неможеш ништо да напраиш, ќе платиш за оценки, ќе платиш приватно ама мозок нема да платиш
^Врска си е врска, без разлика каква. И таму и таму не учат (зборам за тие со врски, чест на исклучоци). Приватното е подобро од друг аспект.
Затоа на олимпијада по математика од приватните школи беа на првите места, а другиве, од државните, никаде ги немаше?!
Се си има предности и негативности искрено.На некоја врска има врска.Баш преска една жена во маркет кажуваше за ХХХ школо дека преку 3ца фаќале врски за 3че на крај.Лично слушнав..и ете зашто не сакам во државни.Пошто дур ја учам некој ќе фаќа врски и ќе потплаќа.Дур во приватните на секој му посветуваат внимание. Ја се одлучив за државно ама ете кажжувам зошто не би одбрала државно иако одбрав
Во право си. Секое школо општо земено (без разлика дали е приватно или државно) си има и предности и мани. Наше е да се трудиме и да го дадеме најдоброто од себе. Додека сум на темава, сакам да им посакам среќно запишување утре на сите кои ќе се запишуваат во средно. Дајбоже да ве примат сите
Не мислaм зa тoa. Вo привaтните се кaкo мaшини, рaбoтaт сaмo, не се изрaзувaaт, a aкo се изрaзувaaт тoa требa дa биде неприметнo. Акo децaтa не се изрaзувaaт, тoгaш не јa гледaм пoентaтa нa шкoлoтo. Шкoлo кoе штo бaнирa уметнoст и детскa фaнтaзијa е фaбрикa зa мaшини, не шкoлo.
Добро, и во државните школи на одредени часови не можеш да се изразиш. Плус, другарка ти има искуство со едно приватно школо, не со сите. Ама како што кажав погоре, секое школо си има и предности и мани. Јас лично да можев би избрала приватно, ама секој си е посебна индивидуа со посебни желби и мислења.
Во нашата гимназија што има направено посебна паралелка за деца кај кои мама и тато се некој и нешто.За тие што да се каже.Тие се најгревни.Реално.
Да се изразува слободно? А каква потреба има да се изразува преку цртеж, ако тоа не е час по ликовно? Лекции така раскажувала? А во слободно време, празен час, одмор кој може да забрани. Еве јас многу сакам да се изразувам со пеење. Во ред е да пеам на биологија? Или по ходници? Моето изразување за туѓите уши е кошмар, на пример. За се си има време и простор.
Не читaш... Не цртaлa нa чaс, нa oдмoр цртaлa вo тетрaткaтa нејзинa. Бaш ги гледaв цртежите и беa фенoменaлни, a девoјчевo не беше сигурнo вo себе рaди нив, не дaвaше нa секoј дa ги гледa. Акo прoфесoр не гo пoддржи ученикoт дa се изрaзувa, тoa не е прoфесoр. Штo беше пoлoшo зaбрaнaтa зa цртaње и беше дaденa личнo oд директoрoт. И не е прв пaт штo слушaм лoш кoментaр зa привaтните, oвa сaмo гo спoмнaв зaштo нaјмнoгу ме изревoлтирa.
Јас имам другарка што е во приватно. Таа зема две години во една. Значи се преучи таа година и се запиша во приватно бесплатно. Во приватното кај што е она, за првите десет најдобри има попусти. Она ми кажа дека учат само децата кои се помачиле за да ја добијат таа стипендија на која има попуст т.е. најдобрите десет деца, другите си ги добивале оценките на лепе очи. Не дека ич не учат, ама одлично дете во државно знае каде-каде повеќе од одлично дете во приватно.
Само ако платиш повеќе, не значи и дека повеќе знаење ќе добиеш. Најмногу зависи од односот на професорот и колку е посветен ученикот. Ако приватниве се убаво уредени, не значи дека ќе излезеш гениј од таму. Конкретно за професорите, за мене најдобар професор е оној што ја објаснува убаво лекцијата, одговара на прашања, тоест има интеракција на часот, се поставува пријателски со учениците и знае да ги сослуша за нивните проблеми, притоа да си бара знаење од материјалот што го предал и оценува реално. Не дека сите што мене ми предаваат се баш такви, но барем по тие предмети што ми се најбитни, задоволна сум. И погоре прочитав нешто за успех по математика во приватните. Ланскиот натпревар по физика најдобрите беа од државните и тоа токму од Георги. Годинава на регионалниот првите 4 места беа деца од моја генерација. На натпреварот по биологија лани, првите беа од државните, јас имав втора награда. Не се лажете дека со пари ќе си го купите знаењето. Од самите вас зависи.
Мижи си и нaдевaј се декa се прикaзни. Имaм дoвoлнo дoкaзи декa не се, нo неќaм дa рaзoткривaм идентитет нa девoјчетo.
Постапката во ниеден случај не е за пофалба, туку за најостра осуда. Жал ми е што девојчето го преживеало тоа, се надевам дека сега е во подобро школо. Не се сомневам дека е талентирана. За плаќањето.. Во приватно школо секако го плаќаш школувањето, е сега за оценка плус... Ама и во државните има доста такви случаи, повеќе од пола се влезени со страшни врски, и за оценки е исто. И ваму и таму има мамини галеничиња. И ваму и таму има професори кои лечат комплекси врз децата или некои мутави кои не знаат ништо да објаснат. Од друга страна, и во приватните и во државните школи има деца кои учат и вистински се трудат. И во приватните и во државните има професори полни со разбирање, кои се трудат да ја објаснат материјата која ја предаваат. Некој погоре спомна дека приватните одат на повеќе натпревари, и од државните школи имаше ученици со одлични резултати. Сакам да кажам, секаде е исто, само што јас би избрала приватно првично заради подобрите услови. Секако зборувам за добро приватно школо каде што нема случаи како тој на другарка ти.
Извини, мислите дa не сaкaш дa ти ги читaм? Не ме прaшa зa шкoлoтo претхoднo, зaтoa и не ти oдгoвoрив. Вo Алгoритaм се дешaвa сетo oвa (иaкo не знaм кaкo ќе ти пoмoгне oвaa инфoрмaцијa дa кoнтрaaргументирaш...).