Не несакам Па доволно е ете да знам. И среќна сум што не ме засега, а можеше да биде и обратно. Искрено да верував дека има вистина во тоа, ќе проверев. Сметам дека зад целиот проблем се крие друга вистина....како невнимание на час, на пр. Вие децата понекогаш ја искривувате сликата, барајќи оправдување. И контрадикторни сте. Од една страна лигавите деца во приватни школи несмеат да добијат 4-ка, а од друга не смееле да цртаат за време на одмор во својата тетратка. Е ајде одлучете се, дали е строго или не во приватните?
@sanjaeva а што е толку за неверување во случајов? Какви се професори имаат давано по вести... Јас знам професори кои што децата ги терале да раскажуваат онака како што е напишано во книгата, а не со свои зборови. Секакви ги има. Плус екстерново што е? Сигурно не е слободно изразен одговор. Смешно е до толку да го одолговлекуваш.
Само го заземав вашиот став дека во приватно е невозможно да се однесуваат така кон „разгалените“ дечишта. Нели така беше? Никој ништо не им можеше...неколку мислења наназад.
Јa пoзнaвaш личнo зa дa кaжеш декa не внимaвaлa нa чaс? И кaде кaжaв декa биле лиглињa, дa беше тaкa и другaркa ми ќе беше еднa oд нив, пa ќе плaтеше зa дa не и зaбрaнувaaт дa цртa. Пaтем тaa е еднa oд тие штo учaт и не бaрaaт мaмa и тaтo дa плaќaaт се туку си влеглa тaму сo стипендијa. Не знaм, пo скрoмнa личнoст oд неa немaм зaпoзнaенo. Oд штo дa бaрa oпрaвдувaње? Тoa штo билa aктивнa нa чaс? Зaинтересирaнa дa учи пoвеќе? Штo кoмуницирa и дискутирa нa тaa темa кoјa штo јa учaт? Акo прoдoлжaм уште, ќе и гo рaзoткријaм идентитетoт.
Еден еден прост пример.Приватното училиште САБА.Неколку ученички (вулгарно ќе биде ако спомнам кои се).Не одат редовно на час,се шетаат по градот како да е модна писта и повторно имаат подобри оценки од некои ученици што учат во државни средни училишта и со многу труд.Плус тоа тие не полагаат екстерно.Катастрофа е.Мислам дека во другите држави не се вакви средните училишта.Сепак,има разлика од едно приватно до друго и од едно средно до друго.Пример во САБА си е така релаксирано,никој не се замара.Во Јахја Кемал е друга приказна.Прилично сум сигурна дека тие во Јахја Кемал се борат за нивните оценки колку толку.За средните.Кажав во нашата гимназија нема кадар пред се,потоа учениците.Но,тоа е класично за нашата гимназија.Од таму излегуваат „најголемите фраери“.Додека во медицината е сосем друга приказна.Не дека ги фалам,но како што ми кажува другарка ми,професорите во медицината се построги (барем дел од нив).Да се задржам на темата.Според мене гимназија е за оние кои што веројатно сакаат да се запишат на факултет.Секако дека и за медицината и за други треба факултет,но на пример за смеровите како што се келнер и така натаму,нема голем избор.Така да тие што немаат некоја претстава што ќе се запишат факултет нека идат гимназија.А,оние кои што сакаат струка нека идат стручно.
Јас си стојам на ставот дека оценките си ги купуваат. Не ќе плаќа некој толку за детето да му се прекршува од учење. Мислам, мене не ми е логично. Како што кажа Папи, бар јас ко што разбрав, девојчето сама си ја заслужила стипендијата, па ништо чудно и да не била од "привилегираните". No money, no funny.
Познавам деца што учат во приватно школо (не е Алгоритам). Немаат стипендија, им плаќаат родителите. Децата учат многу (како што се учи во државно школо, дури и повеќе). Ама затоа постојано имаат активности од школото, и знаат многу повеќе од некои на нивна возраст кои учат во државно школо. Секаде има исклучоци. Не се сите "колку да се провлечат".
Несредени, не буквaлнo. Психички се несредени. Кoгa гo зaтвaрaш умoт нa силa дa не рaзмислувa пo свoе, дoaѓa дo несреденoст нa мислите или зaкржлaвенoст. Јaс би шизнaлa aкo ми зaбрaнaт дa се изрaзувaм зaштo линијaтa е мoјaтa реченицa. Вербaлнo сo луѓетo не мoжaм дa збoрувaм oтвoренo, не oткривaм тoлку зa себе кaкo штo oткривaм преку линијaтa.
За да се има непоколеблив став треба да се има искусено и едното и другото. Денес разговарав со една мајка, чие дете има завршено во 5-та гимназија. Во осмолетка бил одличен, но не и од оние најдобрите. На тромесечие во средно имал неколку единици. Успехот го подобрувал со многу работа, па на полугодие бил многу добар. Денес е при крај со студии на Св.Кирил и Методиј. Ако некој смета дека во приватно училиште ќе помине полесно, воопшто нетреба да оди таму. Ќе помине и со пликче, парфеми итн и во државно. Ако смета дека тоа е можност за поквалитетно образование, тогаш треба да биде таму, секако ако може. Зошто поквалитетно? Неспоредливо е работа со 40 и 10 ученици. Неспоредливи се програмите по кои учат (прочистен текст имаат во средните) Неспоредлива е и практичната настава. Секој со желбите и можностите. Ви посакувам на сите среќа при уписот.
Како што кажав претходно, успехот и знаењето зависат колку од професорите и школото, толку и од ученикот. Ќе плати некој во приватно демек ете имаме пари нека учи детето, ама џабе ако не се интересира. Некои дури се запишуваат во приватно само колку да се покажат дека имаат пари. И во државно можеш да бидеш најдобар ако се трудиш. И точно дека во државни можеби нема толку практична настава. Но ставот кој го имаат моите професори многу повеќе ме поттикнува јас да се интересирам во предметот, дури и тој предмет да е тежок или досаден. Мојот професор по физика не носеше годинава во ИЈЗ во лабораторија, и кажа дека и во 4та ќе не носи почесто. Во тој ден дознав многу за нуклеарната физика. Исто така во Георги баш слободно можеш да се изразиш. Дури некои професори ќе те прекинат и опоменат ако кажеш така како што пишува во книга. И можеби е потешко да се работи со повеќе ученици, но мене лично не ми пречи. Доволно е само да е мирно во класот. Пак си разбирам се на часот, пак можам да прашам се што ме интересира Има разгалени деца и во државните и приватните. Но според мене, во државните цело време ги поттикнуваат да учат и не попуштаат додека сам не си одлучи да се поправи, што и не е случај во сите државни.
Јас пак ќе се навратам на нешто што кажав пред малку. Јас бев запрепастена од резултатите од математичка олимпијада. На првите места беа ученици од приватни школи. Овие што ги величите (државните) ги немаше (скоро) никаде. За нова да не правам муабет. Ученик добил стипњндија за Колумбија. Знете што значи тоа?!
@kukla21 , Многу деца и од државните училишта добиваат стипендии за во првите 10 рангирани Универзитети во светот,ама работата е што тие стипендии никогаш не се целосни. И сега ако добиеш 50% стипендија,остатокот го доплаќаш сам,киријата,храната и се останато. И таквите деца немаат шанса да ги искористат тие прилики. Во приватните е друго,ја добиваш стипендијата затоа што си учел,ама имаш финансии и за да ја платиш другата половина. Што не се воопшто малку средства,земајќи предвид дека година може да изнесува и до 50 000 е . А,каде се останатите трошоци.
Здраво ако може да ми кажете како е во панче бидејки до сега сите сто сум ги прасала за мислење за панче сите ми кажуваат различно еден вика тешко е друг вика лабаво е трет вика глава кје те боли од проф исто ако мозе да ми казете за определуванјето за што е ми казаа дека во 3 год с определувасх за сто и кои се тие?
мој совет панче никако јас имам завршено таму,сега да ми е тој памет немаше да се запишам таму Порано се ценело тоа што ќе завршиш гимназија сега не. Подобро иди во некое стручно барем ке имаш некоја струка, само си гимназија ке бидеш никој и ништо