Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кое средно училиште да го одберам?

Дискусија во 'Образование' започната од Teddey, 14 јануари 2011.

  1. Baby-bubu

    Baby-bubu Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2014
    Пораки:
    1.625
    Допаѓања:
    13.307
    Пол:
    Женски
    @Cat-Lover покрај Орце и во Георги Димитров имаш специјална паралелка за германски. Која и да ја избереш нема да погрешиш располагаат со одлични професори. :)
     
  2. Valencia

    Valencia Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2015
    Пораки:
    510
    Допаѓања:
    610
    Пол:
    Женски
    ^^ Да се надоврзам.. исто билингвални има и во Корчагин (фран.) и Панче Арсовски (анг.)
     
  3. Згодно Момче

    Згодно Момче Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2016
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    4.979
    1.Борис Кидрич (Економско)
    2. СУГС Браќа Миладиновци (Гимназија, Ветерина и Градинарство)
     
    На Dust и Doris123 им се допаѓа ова.
  4. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.740
    Допаѓања:
    172.851
    Пол:
    Женски
    Не ги лажи Нико:yawn:
    Been there done that...
    Да се вратам назад сега ехееее
     
    На Aleksandar1212 и Згодно Момче им се допаѓа ова.
  5. BigA

    BigA Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2017
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво дечки,
    еве заедно со притисокот на 9-то одделение доаѓа и притисокот за избор на средно. Како ученик, учам баеги и ми одат природните науки, математика, информатика, јазици. Учењето, сваќањето, редовноста не ми е проблем. Повеќе ме загрижуваат можностите кои ги нудат посебни средни како и самоиот секојдневен престој во нив (мислам на времето изминато зад училишните клупи). Па и искуствата на крај краева се клучни. Ми викаат да не одам некаде каде што нервите ќе ми страдаат многу, дека животот е долг и дека допрва носи предизвици, потешкотии - потреби за нервите. И тоа е до некаде точно. Најпрво, ќе пробам со тестовите за стипентии во НОВА и во Јахја. За таму знам дека на учениците имаат различни можности кои засега не сум слушнала дека ги има и во државните. Па и на завршување на средното образование најдобрите имаат понуди од врвни светски универзитети. Од Оксворд, Кембриџ, Станфорд па се до МИТ ИТН. Веќе еден месец се спремам за тоа. Така да би било супер ако некој од вас има искуство со овие школи а плус супер би било ако некој може да ми каже повеќе за тестовите. Ако таму зафркнам работа и ништо не направам се мислам главно меѓу Корчагин, Орце и Ѓорѓи. Посебна желба имам за Корчагин ама ако може некој да ми каже за сите школи би било супер. За сите од овие три имам слушнато многу позитивни коментари и дури и од професори имам препораки да одам во некое од овие три. Еден вика ваму, друг таму. Оставена сум на средина и стварно би ми значело ако некој може да сподели по некоја реченица.
    Поздрав и однапред фала.
     
  6. Localli

    Localli Активен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2015
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Се мислам помеѓу Георги Димитров и Панче Караѓозов. Може ваш совет??
     
  7. Valencia

    Valencia Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2015
    Пораки:
    510
    Допаѓања:
    610
    Пол:
    Женски
    Ако ти оди хемија, биологја и те влече медицината тогаш оди Панче. Ако не те влече медицина тогаш џабе, оди си гимназија па после ќе одлучуваш што сакаш да бидеш во животот.
     
  8. Baby-bubu

    Baby-bubu Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2014
    Пораки:
    1.625
    Допаѓања:
    13.307
    Пол:
    Женски
    Сосема две спротивности. Ако сакаш медицина оди во Панче, ако сеуште не знаеш што сакаш оди во Георги.
     
  9. Anaaaaaaaa

    Anaaaaaaaa Нов член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2017
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Дечки годинава сум деветто и сакам да се запишам медицина во Панче и многу ми имаат кажувано дека е малце попуштено школото и дека ќе ме примат е сега ја се двоумам дали навистина кје ме примат затоа што имам две одд завршено со тројка но оваа година добро ми тргна и ги наредив сите четворки ве молам помош дали кје влезам у Панче за сестра???
     
    На JessieT му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.237
    Пол:
    Женски
    3ки? Тешкооооо ја коа се запишав имав две 4ки само а бев 95та на список
    Не е толку попуштено школото ,сестра тешко а др смерови можда,али мн деца одбија одлични што се од што немало место веќе
     
  11. Згодно Момче

    Згодно Момче Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2016
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    4.979
    Зависи секое средно си има различен степен на бодување, јас пред 14 години се запишав Гимназија во СУГС Браќа Миладиновци бев со неколку 3ка 4ки 5ки тотално ми бодуваа 74 а праг беше 62.

    Најдобро да се јавиш преку телефон да прашаш со колку бода примаат.
     
  12. Vik'Toriah

    Vik'Toriah Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2016
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    591
    Пол:
    Женски
    На кој не му с е учи нека се запише во Арсени Јовков (Економско и правен смер има)
     
  13. Anaaaaaaaa

    Anaaaaaaaa Нов член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2017
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Тогаш ништо од медицината предложете ми некое школо што е полесно освен арсение
     
  14. real madrid

    real madrid Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2016
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    66
    Пол:
    Женски
    Јас сум 9 одд и се двоумам помеѓу забен-техничар и фармација во Јане Сандански- Штип па да ве прашам дали знаете каде е полесно.Ве молам да ми помогнете
    Благодарам однапред :l:
     
    На JessieT му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Атлетичарката

    Атлетичарката Активен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2016
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Женски
    Сеа сум 9одд и незнам што понатаму... После средно знам што сакам и каде ќе се запишам ама проблемот е што незнам каде средно. Сакам некоја гимназија ама незнам која. Може помош?
     
    На JessieT му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Cat-Lover

    Cat-Lover Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2014
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    14
    Дечки се двоумам меѓу георги и методи митевски-брицо ќе може ли некој да ми каже за брицо како е, како се учи, добро ли е школото?
     
  17. Nixona

    Nixona Нов член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2017
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Се ближи крајот на моето основно образование, па почнав да размислувам околу средните училишта. Досега, имам две главни опции, СУГС "Георги Димитров" или СУГС "Орце Николов". Би сакала да побарам совет и од вас бидејќи од познаниците, пријателите и фамилијата добивам многу различни мислења и ставови околу тоа каде јас треба да се запишам. Гимназијата "Орце Николов" ја бие добар глас, но се наоѓа подалеку од моето место на живеење, за разлика од "Георги Димитров" кое е на 5 нецели минути одалечено од моето место на живеење. Далечината моментално е најголемиот проблем. Сакам да дознаам ваши мислења околу гимназиите и совет?
     
  18. Nise <3

    Nise <3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2016
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    30
    Што е подобро средно правно или средно медицинско?
     
  19. d(r)ama

    d(r)ama Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2014
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Оддалеченоста од местото на живеење не треба да ти е проблем.Има деца што доаѓаат и надвор од Скопје за да учат,а тебе би ти било проблем да потрошиш максимум 20 минути за да стигнеш до школо.
    Ако повеќе учиш,дефинитивно Орце.Ако си просечен ученик,запиши се во Георги.
     
  20. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.652
    Допаѓања:
    29.337
    Пол:
    Женски
    За разлика од постот погоре јас ќе ти кажам ако се запишеш во Георги подготви се за солидно учење. Воопшто не е лесно, освен ако не се запишеш во стручниот дел. Јас кога бев на твои години исто се мислев помеѓу овие две школи, и проблемот за Орце ми беше токму далечината и отидов во Георги. Позитивното искуство од Георги е што ми стекна добри навики за учење, и многу работи ми останаа во глава. Ама сега да бирам би одбрала Орце.