според мене запишете се вие таму каде што сакате, а не каде другите ви кажуваат, ако ви прави мерак јбт идете у јбт или во кое било друго, генерално. Јас се одлучив за орце, англиска билингвална, да ви се пофалам инаку ако имате и некоја врска уште поубаво, бидејки како што гледам во школо колку и да учиш и дипломи еве иам, пак у секој случај ништо. Колку се зачудив кога ми кажа една што учи со мене таква цела у орце ќе идам или у јбт, сепак во секој случај тоа се јаки училишта а девојчето на тестови си има 1, 2 толку. Како и да е зборот ми беше сите влагаат каде сакаат со врски, па и ако имате некој некаде уште поубаво поздрав девојки п.с не викам дека се морални врските, не ме сфаќајте погрешно
Лесно ќе ти биде во Гуц ако сакаш гимназија, иако има и градежен стручен смер во истото школо, во Кочо е дива лига ептен ииии другите се позабацени, овие се во Скопјево така баш Скопје
Не ми е јасно зошто мислите дека има лесни и тешки училишта.Па тоа е средно-секаде е тешко...Само некаде повеќе се бара, а некаде помалку-материјалот е ИСТ... И јас годинава се запишувам во средно.Ќе одам во Корчагин и многу се нервирам што сите ми викаат дека ќе биде тешко, а имам другарки што учат таму и воопшто не се мачат(барем не толку колку што мислат другите ).На сите би ви препорачала да одите во гимназија(освен ако сте 100% сигурни дека сакате во некое стручно средно), веројатно е дека после 4 години ќе го смените мислењето за професијата што сакате да ја имате, па може да се зезнете ако одите во стручно :geek:
Дефинитивно Корчагин. Задутре ми е упис, ваљда нема за 2 дена да се премислам. Да не имам некоја колешка од овде?
Еве и јас ако можам да им помогнам на сите што се мислат за Орце. Јас завршив во Орце пред две години и тоа дека се бара мнооогуу учење и квалитет е точно, ама тоа не значи дека да завршиш 5,00 е невозможно, еве јас завршив сите 4 години 5,00 без никакви врски. А и мислам дека опкружувањето и квалитетни професори (не само како педагози туку и како луѓе), кои ќе те подготват пред се и за животот понатаму, а не само за факултет, се и тоа како важни. Сите што си учеле и до сега мислам дека нема потреба да се плашат, ќе си го фатат редот од старт и немаат гајле П.С. Немојте да се обесхрабрувате од оцените во првото тромесечие, политиката на Орце е од старт да се сече, па кој сака да се откаже тоа да го направи на почеток. Упорните ќе си успеат Понатаму се е поразлично, па како и секое школо кога ќе влезеш во штос се е полесно.
Уште не си влегла во средно, ко ќе влезеш ќе видиш дали е исто и како ги добиваш оценките ти, а како другарите и другарките твои во други средни. Материјалот е ист да, само што некој кога испрашува еве пр. историја во моево средно ќе зборам а не па разлика од средно до средно кај некои од 10 лекции дава 7прашања ко на испит пасуси од лекции ги учиш истите напамет влечеш 3пати а претходно решаваш тест од 15-20 прашања усно од кој унапред ти ги дава и тие прашања. А кај други историја друг професор во друг клас од 10 лекции испрашува све живо и тоа што го нема во учебник а тој го кажал на час и ако не си го запишал сам си крив што не си наводно внимавал и + тоа што е во друга боја по страна на лекцијата кој што кажал цитати прашува за што се зборел. И тоа е за тебе исто? Дај молим те. Или на пр. не сегде се обрнува на исти предмети исто. Во мојата гимназија е така иако порано математичка беше, ама не можеш да споредиш Корчагин каде се обрнува внимание на математиката даваат задачи од збирки и чуда, задачи со цаки и финти како што слушам и Кочо каде не се обрнува внимание на ништо уствари доаѓаат професорите предаваат материјалот и толку. И еве ќе кажам кај мене математика (не читај алгебра и геометрија тоа се други предмети) дава задачи слични како во учебникот и како тие што ги решаваме на час од 6 задачи ти дава 2 максимум 3 слични баш такви, а останатите се потешки и невообичаени сакам да кажам до 3ка ќе стигнеш а за подалеку треба мозок да имаш фала богу. А во друго средно по истиот учебник им дава задачи далеку потешки, по тој принцип и тој е материјалот тие се формулите исто е се, само оди нека ти текне самиот текст на задачата што ти ја поставува ти го извртува максимално и се губиш и пропаѓаш во него, а не па да ти текне како да почнеш да ја решаваш и од која ли лекција беше тоа ако има пр. 3 лекции за хиперболи една по друга. Значи не се размислува така површно ајде материјалот е ист и готово сегде е се исто. Да ист е, само физика другите решаваат задачи како во учебникот и тоа таму се решени и им даваат 5 прашања теорија исто од учебник и 1 задача секој тест додека јас решавав уште од 1 година задачи од збирка за 3та година за средно стручно по 60-70 задачи за 1 тема од кои ќе ти се паднат 2 како нив само други букви и бројки а ист текст и бодовникот ни беше ако утнеш 1 задача а другото се точно имаш 4 едвај ако ја фатиш а ако ги утнеш двете можеш да фатиш 3 само ако прашањата од теорија кои секогаш беа логички ти се точни ко вчера да беше памтам од 5,5 до 6,0 беше 5 и се убивав од учење ама и ден-денес тоа го знам сега да ми дадеш задача ја знам. Е среќа оваа година праевме тестови посебни теорија во секое полугодие 4 теста само теорија (више логика него теорија,али ај) и 2 теста само задачи па ме ослободи мене од последниов тест само со задачи што беше за нуклеарна физика, кои задачи се најтешки морам да кажам од сите и најкомплексни. А другите кај професорот тој еден кој не се замара воопшто поинаку поминуваа. Сакам да кажам заклучно во самото средно кај различни професори е многу различно некој ќе се утепа од учење за 5ка а некој ќе учи за 3 и ќе има 5, а не па во различни средни.
Ај да не цитирам цел пост, предолго ќе биде Знам дека секаде е различно, тоа што сакав да го кажам е дека ако учиш, ќе можеш да имаш петки и во „лесните“ и во „тешките“ гимназии
Да, само негде ќе се утепаш од учење за таа 5ка, а негде ќе си ја добиеш ете така лесно и дури ќе знаеш дека не ти е заслужена ама битно ти ја имаш оценката. Е такво време дојде, кога оценката не секогаш е резултат на знаењето.
Не е тоа ништо посебно-уште во основно се случуваат такви глупости.Јас цела година се утепувам од учење за добијам петка и некој што цела година имал тројки, на крај добива петки, и заедно со мене и тие како мене, станува првенец на генерација...Секогаш излегува некој да помине со учење, а некој со седење на фб
Законот за образование сега е таков барем за средно, не знам за основно ама кај нас се гледа последната оценка. На полугодија имаш 2 и 5 за крај немаш 4, туку 5. Не се зема веќе просек, туку последната оценка и така многу оценки си изгагаа, ама тоа е. Џабе учење цело прво полугодие, срамота е ова што се прави веќе претеризам. Ај да праев годишни тестови ајде де па годишната оценка да е крајна, ама вака?! Последната тема нема врска со претходните! СРАМОТА. Јас што имам 5555 еве физика зошто ми е многу јака страна ќе зборам имам 5, а некој има 2244 и има 4. Или математика од 1122 334 става 4 за крај. Која неправда.
Зашто да се зезнеш? Пр. сестра ми беше економско, отиде педагошки.. Нејзин другар од медицина, отиде одбрана.. Нема тоа врска, да ќе се смени мислењето тоа сигурно, но нема да се зезнеш, единствено ако си можел полесно да поминеш во некое др. школо. На факултет повеќе ти гледаат колку бодови имаш, него ли кај си завршил. Ова е точно, не дека јас незнам колку бубам и не седам на фб, ама за разлика од некои учам. Јас пред крај имав 2-3 четворки, и ми беа поправени. Јас цело време се мучев, одговарав, се мислев дали ќе поминам со сите 5. А знам некои од мое одд. што значи не носат книги, на тестови имаат двојки, зборат на час. И на крај пак со сите петки, ама тоа е кога имаш врски што да правиш.
да не знаете што ќе има на приемниот англиски во орце, или пак што имало минатите години? фала ви однапред
Цел тест е заокружување и не е многу тежок. Неколку страни е,треба да ги знаеш основните работи. Имаш текстови повеќе и да заокружиш кое највеќе одговара, или имаш реченици па да заокружиш исто кое највеќе одговара и да подвлечеш одговор. Само повтори ги времињата. П.С Со среќа и ако сакаш кажи ми дали одиш со втор француски или германиски??? Ако одиш со втор француски може да се паднеме во ист клас.
Е дечки и јас ојдов на пат до Орце. Се запишав во Орце, некако ме фаќа страв заради примениот за билингвална англиска паралелка sweat: .
Честито! Ќе бидеме заедно во смена Инаку ептен се зачудив оваа година, тие што имаат под 73 бода ги одбиле. Јас кога се запишував имаше примено и со 65 бода. Исто се изненадив колку беа мали децата Не дека јас не сум изгледала ко кепче кога бев прва, ама некои што видов метро ипол и се детски фаци....се надевам дека само тие што ги видов се такви, сакам да бркнам некој помал
И јас баш го гледав списокот за општата во Орце и под 70 бода не ни видов дали има, можеби два/тројца беа. Иначе јас кога го полагав приемниот имаше некои добри типци што дојдоа .