Конкретно јас сум ученик во Георги и можам да ти кажам дека не е тешко,доколку имаш навика за континуирано учење,но сепак не е баш лабаво.Мислам дека оддалеченоста не би требало да ти е голем проблем.За Орце не можам да ти кажам како е,но познавам голем број луѓе кои токму од Орце сакаат да се префрлат во Георги,од причина што им е тешко.Сепак изборот е твој.
Јас би ти го препорачала Георги од овие две. Ако си одлична сите години, би ти препорачала да се запишеш во гимназискиот дел. Плус ако учиш германски и ти оди,запиши се во германската. Напорно е,ама ќе ти се исплати. А за тоа другото, покрај тоа што ќе треба да поднесеш документи, ќе треба триста работи да правиш. Немој да судиш многу кога не знаеш какво е. Со двете раце потпишувам дека не примаат просечни ученици. Ти знаеш дека гимназијата уште во првиот рок се исполнува? И не е точно дека во Георги помалку се учи како што кажа ти. Јас учам таму и тоа во германската паралелка и ти потврдувам дека многу се учи. И јас ќе ти кажам како и @sweet-cherry дека не е лабаво во Георги како што кажуваат некои други. И Георги е одлична гимназија. И вистина е дека многу се учи. Јас сум трета година и можеш да ми пишеш ЛП. И штом живееш блиску, тоа е супер. Барем нема да се маткаш по автобуси. И Орце е одлична гимназија. Што е најбитно и во двете ќе стекнеш добро знаење. Сепак изборот е твој.
Луѓе јас сакам да се запишам во Лазар Личеноски во Мултимедија. Многу сум анксиозна затоа што немам толку добри оценки ама преубаво цртам, може некој да ми објасни како, што поточно се прави на приемниот? Дали се многу важни оценките, какви деца одат таму? Неможам да се смирам страв ми е да не ме примат а имам толкава желба да одам таму.
Здраво девојки. Скоро е крај на основното училиште, а јас уште не знам во кое средно да одам. Од шесто одделение бев запната да одам средно медицинско, иако нема да одам тоа факултет затоа што сепак ме интересира медицината (колку да се запознаам во средно), ама размислував во последно време и сега се двоумам. Најмногу ме бива јазик, но во мојот град во гимназијата нема да одбериш јазичен смер, а во Скопје не можам да одам бидејќи многу ми е далеку и не сакам да одам таму и сметам дека сум мала за Скопје. Е сега, дали да одам гимназија во мојот град (а и баш не сакам да одам заради луѓето и самиот град) или во Битола медицинско иако нема да продолжам со медицина на факултет? Знам дека можеби не звучи тоа логично, но има смисла за мене .
И јас сега ќе одам средно, Скопје е многу далеку за мене ама таму ќе се преселам, ти можеш или да се преселиш со твоите родители или да одиш во интернат ако сакаш во Скопје средно да одиш.
За второ средно сакам да прашам во Штип, за медицинска сестра. Дали некој има некаков контакт/маил? Или професор за да ме упати? Или некој да сподели искуство за второ средно?
Заинтересирана сум за Меѓународна матура или IB програмата.. Имам прилика за аплицирање за стипендија за во трета година во Втора Гимназија Марибор во Словенија.. Па ќе ве молам да ми кажите ако имате слушнато некое искуство, или пак, вие лично сте искусиле.
Ve molam za mislenje treba da se zapisam vo sredno razmisluvam dali vo Orce angliska ili vo JB mislam i da konkuriram za stipendija vo nekoe privatno. Kakvi se vasite iskustva od ovie skoli? Sega za sega imam interes za informatika, od ovie pricini i sakam da se zapisam da ucam na angliski, dali nekoj ima iskustvo kade moze podobro da se obrazuvas, i kakva e nastavata vo Orce na angliski, site li predmeti gi izucuvas na angliski, tesko li e da se zapises vo angliska paralelka? Doznav deka vo privatno SABA imaat smer informatika, ne znam ima li stipendii za tamu, ucel li nekoj tamu? mislenje te molam i iskustvo od orce bilingvalna?
Па јас бев англиска билигвална во орце и после на ПМА, и многу помогна за на ФИНКИ ако таму планираш да одиш. Голема предност е за на технички факултети, ама ако не си за таму не се мачи за џабе.
Епа вака.. Дојдов деветто одделение. Како мала ,дедо ми гореше од желба да одам медицинско средно училиште и на некој начин и мене ми влеа желба да одам , но , знаете како што поминуваа годините , почнав да си градам свои интереси и желби и почнав да се пронаоѓам во она што навистина ме бива. Танцување. И толку ми требаше.. Од шесто па натака јас во главата си имав зацртано деко одам балетско, никаде на друго место ! Преголема ми е љубовта кон балетот , модерниот балет, џезот и хипхопот. И покрај тоа што сум одлична ученичка , одам на играорна, оркестар и курс , пак наоѓам време за ова бидејќи не се опишува љубовта што ја имам спрема танцувањето. Имам премногу ноќи непреспиено учејќи , во школо одам со подочњаци до колена бидејќи вчерашниот ден сум го поминала во танцување и вежбање. Свесна сум дека ми е пренапорно , ама што да правам. Почнав да си го остварувам сонот се додека една вечер после тренинг не почнавме јас и мојата наставничка по класичен балет да збориме околу средното Луј , за работа бла бла. Потоа во муабетот се уфрли и татко ми. Прво прашање му беше " Колкава е платата" и "Каде има работа" . Па така си почнаа и двајцата. Зборат ,зборат ,зборат .. И ми вика " Тоа MotheBee ти е застапено во странство поише" . Мене ми пукна филмот и му реков " А од каде знаеш дека нема еден ден нема да отидам во странство?" следуваше одговор " Па за тоа треба капацитет, а ти го немаш" . Е тука феминки ,се скршив. Прилично сум емоционално девојче ( заради него е, не беше вака ама тоа друга приказна) ,но знам да издржам што се вели машки во одредени ситуации. Ама кога некој ќе ми ја допре слабата точка, се кршам. Тогаш се што си градев со години , ми се разурна со една реченица. Од тогаш решив 'да му ја исполнам желбата' на татко ми и да одам гимназија како 'секое нормално девојче' затоа што нели и онака за ништо не ме бива, па учењето бар да си го продолжам. Се двоумам помеѓу Корчагин и Орце ама не можам да престанам да мислам на Луј. Свесна сум дека ми е родител и дека го сака најдоброто за мене да се надеваме , но не бива вака. Ете мајка ми , целосно ме поддржува , верува во мене , отсекогаш верувала. Ама татко ми е сосем друга приказна. На 2 Април, на денот за лицата со аутизам ,настапував за прв пат како солоист пред неколку наставнички , социјалниот работник и нормално некој таму трет кој дошол да не гледа. Кореографијата успеав да ја смислам за 2 дена , по избор на песна на социјалниот работник ( кој заборавив да напоменам дека сме како другарки и жената стварно многу си ја сакам) . Успеав да ја смислам пола кореографија, а останатото го импровизирав. Премногу ми беше мило што чув воодушевувачки аплауз и пофалби кога завршив. Наредниот ден , добив пофалби и од наставничките и класната. Не знам , после ова пак ми се разгоре желбата да го продолжам мојот сон. Се решив да зборувам со социјалниот работник ,класната и наставничката по историја. Сите три ми дадоа исти одговори. Оди каде што мислиш дека ќе ти е најлесно за учење. Според мене секоја професија е потребна , нема да зажалиш ако се одредиш за занает итн .. Разговот кој го водевме , и ме охрабри и ме збуни. Сега навстина не знам што да правам. Ако сте расположени за совет ,слободно. Ако не, да сме здрави и живи. * Извинете што многу одолговлеков , сакав да се потрудам поубаво да ви објаснам ,иако ни пола од делати ви ги немам кажано ама тоа нареден пат. Позз.
Мојот совет е запиши се во Луј, таму каде што од срце сакаш да се запишеш, без разлика какво мислење има татко ти.
Животот е твој, а не на твоите родители, па така и одлуките во него. Оди тоа што сакаш, биди амбициозна и упорна. Секој вложен труд се исплаќа. Па и на крај да не се пронајдеш таму можеш да се префрлиш или после да си одиш факс нешто сосем различно. Не се плаши и оствари си ги соништата, затоа што еден ден повеќе ќе ти биде криво за нештата кои не си ги направила отколку за тие што си ги направила. Се најдобро ти посакувам.
Зaпиши се вo Луј. И мене истиoв муaбет ми гo прaвеa, ќе сум зaвршелa слики дa сликaм нa кaмени мoст незнaмштo... Пa, сaкaв вo Oрце дa се зaпишaм, или ветеринa кoгa веќе немaлo иднинa сo уметнoстa. Амa верувaј, aкo се имa дoвoлнo желбa и стрaст ќе стигнеш дo врвoт. Гo следев срцетo, пoлoжив приемен и сегa прoдoлжувaм дa се искaчувaм. Нaпoрнo е, нa мoменти пaѓaм ми дoaѓaaт стресoви и се нервирaм... Нo, кaкo штo прoфесoрoт кaжувa "Јaс не сум стaнaл силен oд тoa штo вежбaм физички. Стaнaв силен зaштo нaучив дa се испрaвaм и гледaм нaпред секoгaш кoгa ќе пaднaм". Не зaжaлив и никoгaш немa дa зaжaлaм штo гo следев мoетo срце. Не сaмo штo нaучив пoвеќе зa струкaтa и идниoт зaнaет, туку пoчнaв пoвеќе дa ги рaзбирaм луѓетo oкoлу мене.
Јас мислам да одиш Битола ако ти е поблиску ако не оди си во твојот град ! Но ако ти одат многу јазиците јас би ти препорачала ако сакаш да одиш Скопје па сега ти како сакаш сепак ти треба да си одлучиш! Мило ми е ако ти помогнав!
Мoже си мaлa зa Скoпје, нo прaксaтa вo Скoпје е кaде кaде пoгoлемa, зa рaзликa oд Битoлa! И aкo веќе се oделувaш oд рoдителите, спoред мене некoлку килoметри не би ти биле прoблем. Мислaм вo Скoпје ќе стекнеш пoгoлемo искуствo. Нo, oвaa е мoе мислење, ти ќе си oдлучеш нa крaј.