Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кое средно училиште да го одберам?

Дискусија во 'Образование' започната од Teddey, 14 јануари 2011.

  1. Gora123

    Gora123 Активен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2017
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    4
    Ве молам за совет!
    Завршувам деветто одд и размислувам каде да се запишам. Имам 6 опции, односно средни училишта во кои би сакала да учам:
    Раде Јовчевски Корчагин
    Јосип Броз Тито
    Орце Николов
    Никола Карев
    Георги Димитров
    Медицина - д-р Панче Караѓозов
     
  2. zverot@_@

    zverot@_@ Нов член

    Се зачлени на:
    29 април 2017
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Машки
    ве молам помагајте, сакам да се зпишам фармација во медицина, но ми рекоа дека многу ми оди математиката и да се запишам во корчагин
     
  3. macka91

    macka91 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    4.050
    Допаѓања:
    71.719
    Пол:
    Женски
    Не слушај други што ти зборуваат. Што сакаш ти тоа е најважно. Ако имаш желба за фармација запиши се тоа. Без разлика што ти иде математика доколку се запишиеш некаде каде што не сакаш големи се шансите и да престанеш да учиш.
     
    На zverot@_@ му/ѝ се допаѓа ова.
  4. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.090
    Допаѓања:
    26.923
    Математика се учи само прва и втора година.
     
    На zverot@_@ му/ѝ се допаѓа ова.
  5. zverot@_@

    zverot@_@ Нов член

    Се зачлени на:
    29 април 2017
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Машки
    фала ви многу ми помогнавте во мојата одлука и се надевам дека ќе ме примат во медицина
     
  6. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.371
    Допаѓања:
    20.957
    Пол:
    Женски
    Јас завршив во Георги и секако секој за своето школо ќе си збори најдобро па така и јас. Професорите се ТОП значи нема некои посебни исклучоци да се терсене, барем мене што ми предаваа. Нормално, треба да си учиш тоа се подразбира во секое школо. Децата, според мене секоја година излегуваат супер, друштва има и дружење. Доколку ти оди германски јазик, препорачувам да се запишеш во германската паралелка со оглед на тоа што оваа година колку што сфатив ќе има голема конкуренција.
    Со среќа и се надевам ќе бидеш задоволна со твојот избор :)
     
    На mode-kristina и Golden им се допаѓа ова.
  7. stranger2

    stranger2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2016
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    147
    Пол:
    Женски
    Уште се мислам :?: Ич не сум одлучна. А видов во други теми, ти ќе се запишуваш медицина? Во Скопје ли? Инаку и јас сум од Кавадарци :D
     
  8. Nise <3

    Nise <3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2016
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    30
    • Ве замолуваме да пишувате на кирилица.
    Dadada od Kavadarci sum, hahahhaha moze i se poznavame
     
  9. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.306
    Пол:
    Женски
    • Ве замолуваме да пишувате на кирилица.
    Ako nekoj odi vo Lazar Licenoski neka mi pishe.
     
  10. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.302
    Допаѓања:
    22.592
    Пол:
    Женски
    Може ли некој да ми каже некое средно училиште кај што има смер информатика, а исто и за интернати овде во Ск, каде има.
     
  11. Nise <3

    Nise <3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2016
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    30
    @Elissa
    Ако може подетално да напишеш што поточно те интересира и за каде?
    Смер информатика има во „8-ми Септември“ во Скопје и ученички дом во „СГГУ Здравко Цветковски“ исто така во Скопје.

    На следниов линк имаш за средните училишта во сите градови:
    http://www.mon.gov.mk/images/Konkurs-2017-2018-mk.pdf

    На следниов линк имаш за ученичките домови во сите градови:
    http://www.mon.gov.mk/index.php/konkursi/1896-2017-2023
     
    На Elissa му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.302
    Допаѓања:
    22.592
    Пол:
    Женски
    • Ве замолуваме да пишувате на кирилица.
    Fala mnogu, bratuceda moja ne e od Sk a sakaat deteto da go zapisat ovde vo nekoe sredno skolo na informaticki smer. Pa da vidime kaj ke ispolne uslovi i so prosekot za da go primaat i bitno e do skoloto vo blizina da ima internat.
     
  13. KlausMikaelson

    KlausMikaelson Нов член

    Се зачлени на:
    28 мај 2017
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    Здраво. Уште од мала сакав да станам адвокат и кога дојде време да одлучам каде да се запишам решив во Васил Антевски Дрен (Борис Кидриќ по старо) правен смер. Но сега се мислам дали да се запишам економско или правно. Сите викаат дека има многу правници и тоа ме натера да размислувам за економски смер иако има повеќе математика. Многу сум неодлучна а веќе се ближи датумот за упис па ве молам ваше мислење дали правен или економски смер?
     
    На Tina2017 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Katyeser6

    Katyeser6 Активен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2017
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Јас можам само да ти го кажам моето мислење, клучната одлука е само твоја, не на другарките, семејството итн. Пред се послушај се себеси, повеќе сакаш во иднина да се замислуваш како правно лице (адвокат,судија..) или да работиш во банка (или зависи што ке одбереш, сметководство и ревизија, трговија не се разбирам многу). Изборот е твој. Во секој случај мислам дека на економските факултети има повеќе математика. А за конкуренцијата, тоест тоа дека во државава врие правници, точно е. Дали е интересот за студирање право или фактот дека за таа работа многу е лесно да те гурнат мама и тато со парите не сум сигурна. Ама не значи дека ти ќе студираш овде право, може ќе отидеш во странство, или ке се вработиш таму, или овде ке ти тргне работата. Секако доколку планираш да вложиш во оваа работа понатаму (да отвориш адвокатска канцеларија со свој буџет и слично) . Може и ке ти се смени мислењето за 3-4 години, ама што те влече сега тоа одбери го, многу подобро е да знаеш дека си завршил за нешто што си сакал да го учиш. Поздрав, и подоцна ако сакаш кажи ми за твојата одлука ;)
     
    На cresa-jagoda, BadGIrl17, Tina2017 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Запиши се според желбата, така никогаш нема да ти биде криво.
    Ако така гледаш има и многу економисти, како што има и правници. Дури до пред 1-2 години имаше 8 паралелки економски техничар, а 6 правен. А сега се изедначени 7 со 7.
     
    На Katyeser6 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Elsaa

    Elsaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2017
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите.. Нова сум на форумов.Ако некој учел/ сеуште учи во медицинското училиште ДР Јован Калаузи Битола може да ми објасни нешто повеќе за училиштето,наставниците,децата .. :):D
     
  17. LoveHope

    LoveHope Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2015
    Пораки:
    1.371
    Допаѓања:
    4.172
    Пол:
    Женски
    Јас не сум од Прилеп,но завршив средно фармација во Ѓорче Петров во Прилеп.Уште десет пати да треба да се запишувам,би се запишала во тоа училиште.Откако завршив почнаа да спроведуваат пракса во Шпанија,Португалија за медицински сестри и за козметички смер. Секаде има ,,добри и лоши,,професори,но во главно принципиелни се. Нормално имаше проф.што не ми се допаѓаше нивното предавање и пристап. Но во глобала добро училиште е,искористете ги програмите за пракса на страна!
     
  18. Атлетичарката

    Атлетичарката Активен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2016
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Женски
    Епа вака... Бидејќи сега завршив девето и секако морав да одлучам каде сакам да се запишам се мислев помеѓу правно, ѓорѓи, медицина, фискултурно и карев. Разговарав со мојте родители каде би било подобро да се запишам (да напоменам одлична ученичка сум) бидејќи јас немав желба за ниедно од овие училишта, ми рекоа дека е мое да изберам каде ќе ги поднесам дукументите но ми рекоа да не одам медицина дека немало да можам да поднесам да одам на пракса во болница. Морав да се одлучам за едно и реков дека најверојатно ќе се запишам медицина тато ми рече да не одам и јас секако таму се запишав (многу голем инат сум). Е сега бидејќи тоа не ме интересираше односно ниедно училиште не ме интересираше јас немам никакви информации за тоа како е во медицина. Па би ве замолила да ми кажете ваши мислења и искуства :)
     
  19. Katyeser6

    Katyeser6 Активен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2017
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Што смер се запиша?
     
  20. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.470
    Допаѓања:
    5.170
    Пол:
    Женски
    Ако не си сигурна што сакаш да учиш зошто не си се запишеш гимназија? Најдобар избор, после ќе се пронајдиш самата и ќе си запишеш факс што го сакаш.
    Верувај медицина без желба не се учи. Знам по мене кога учев биологија и хемија учев за оценка да не ми руши просек, но не со мерак. И само знам колку нервози се полнев, затоа ти велам ако не сакаш медицина земи си ги документите и запиши си се гимназија.