Kazi mi po koi predmeti imas 4 i jas ke ti izracunam i ke ti kazam Znaes kako odi procedura za zamena na smer?
kako sho znam vazhat 1 2 ili 3 mesto od regionalen, drzhaven i megjunaroden natprevar, no proveri na stranciata na shkoloto sho sakash da se zapishesh kakvi diplomi prifakjaat
Здраво девојки... ги читав првите страници од оваа тема, но верувам многу работи се промениле па би сакала да ве прашам вас „поискусните, поинформираните...“ за ова. Значи сега завршив 8мо одделение, во септември ќе бидам 9то но сепак сакам малце порано да си почнам да размислувам за догодина ова време да бидам самоуверена и сигурна дека таму ќе идам. Значи од шесто до осмо поминував 5.00 а и дефинитивно и деветто ќе поминам 5.00, па сега би сакал да слушнам за ваше мислење. Се размислувам помеѓу: Орце, Корчагин и Карев. Јаки предмети ми се математика, информатика, физика додека не ги сакам предметите како историја, географија. Значи убедена сум дека одам гимназија, засега не верувам дека сум сигурна за стручно, па би сакала да ми дадете мислење за овие 3 гимназии. Во која и да одам од овие планирам да одам ПМА (бидејки најмногу е сведена за математиката, физиката и и нформатиката), но ако од тоа не испадне ништо би одела ОХА (најмногу поради економијата). Значи лично за себе би кажал дека учам, но неможам премногу над книга бидејќи едноставно неможам, но сепак работите кои ми се обврски ги средувам (учам, пишувам домашни, правам проекти...). Па сега дајте ми мислење. Имам слушано дека Корчагин е најтешка, но сепак е најмногу поврзана со математиката, и ми треба мислење од некој кој таму учи и навистина учи континуирано да ми каже дали е толку тешка или сепак не е толку тешка колку што зборуваат и сепак тоа е стереотип. За Орце имам слушнато дека е навистина тешка и е слична на Корчагин, во зависност од професорот што ќе ти се падне. Но сепак тука ме копка за Орце бидејќи викаат дека е повеќе поврзана со општествените науки (економија, право...) и исто така викаат дека е тешка. Ве молам и мислење за тоа. А пак ако мислите зошто се мислам и за Карев тоа е така бидејќи иам доста читано дека гимназија си е гимназија. Дипломата е иста. Имам слушано дека тоа што ќе го знаеш во Орце или Корчагин за 3ка, во Карев ти е за 5ка. Значи девојки помогнете бидејќи би сакала да имам социјален живот но сепак и сите 5ки, да излезам со знаење а не 5ките да ми се надуени... Стварно незнам помогнете. Исто така може нешто да кажете за смеровиве. Дали навистина ПМА е толку тешко глава да ми падне или...? За друштвото неможам многу да прашувам дека немора да значи. Дека некоја екстровертна особа може да каже дека друштвото сегде е супер, но верувам дека во секое одделение би нашла некоја што е слична на мене и би можела да се дружам и сложувам. Знам дека долго е ова, кој не го мрзи нека одговори нека каже што мисли и знае... па се надевам дека некој ќе ми помогне... Ви благодарам, однапред!
Здраво! Првиот круг поднесов во медицина не ме примија пишуваше дека имам 62 бодови вториот пробав во Борис не ме примија пишуваше дека имам 52 бода сега стварно не знам каде да одам. само знам каде и да се запишам ке учам многу повеќе од тоа што учев во основно. Сега во август немам за нигде желба. Бес врски нема ништо....
да знам, не ги имам добро израчунето мислам дека имам 62 незнам како се рачунаат. требаше една жена да ми помогне као демек али ништо
Pa vo Medicina boduvaat biologija i hemija,makedonski i angliski jazik.E sega predpostavuvam vo Boris namesto biologija i hemija boduva dr predmeti pa ti se namalile bodovite.
Воглавном во гимназииве се пополнија местата по првиот круг , и тоа сите одбиваа кандидати. Останува некое од стручните, ГУЦ мислам останаа места.
Пробај Марија Кири Склодовска. Во Медицината значајни предмети се земаат биологија и хемија, а во економската математика и историја.
Супер што си размислуваш однапред (hint: значи си за во Корчагин. ) Орце и Корчагин се тука некаде по тежина, зависи и кои професори ќе ти бидат. И двете се квалитетни гимназии. Вистина е дека во Карев доста помалку се учи, јас бев Корчагинка што многу се дружи со Орцаши, и кога споредувавме со деца од Карев, стварно немаше споредба ни во времето поминато во учење, ни во знаењето. А меѓу Орце и Корчагин, ако сакаш ПМА, стварно препорачувам Корчагин, затоа што професорите од смеров здраво ќе те потковаат за понатаму. Мое друштво, на Електро и Финки, прва година ја поминаа на повеќето предмети со свиркање, а со топ резултати, зашто во Корчагин косата им побеле кај Гоце и Фросина. Нејсе, да, тешко е, ама па да сме биле нонстоп затворени дома со тетратчиња и збирки, не сме биле. Ако нешто ме научи Корчагин, е навиката за учење, што кога запишав факс, увидов на колку тоа им фали. А има еден куп дружења, пиенки, зафрканции и смеења, бегање од часови, разболувања пред тест итн. како во секое школо каде што има тинејџери. Апсолутно можеш да имаш социјален живот и просек 5.00. И мора да знаеш, ама баш секоја генерација е различна. Во која гимназија и да се запишеш, ќе биде различно дружењето од минатата. Ако било што те интересира за Корчагин (или за Орце, и на таа тема докторирав), слободно прашај ме. Исто, ако учиш француски, земи ги во предвид билингвалните.
Бидејќи сум деветто одделение,ми треба помош за запишување средно.Не е битно дали е гимнзија или стручно.Ме интересира внатрешен дизајн и информатика и незнам каде да се запишам.Кажете ако имате искуства за средно каде што се учи внатрешен дизајн или информатика.