Zdravo! Jas do godina ke se zapisuvam na sredno. Planiram ili vo SOSU Ilinden ili vo Mihajlo Pupin (Koce). Sakam da prasam za luge sto bile vo edno od ovie ucilista da mi kazat kako e tamu, kakvi se decata, profesorite, predmetite, samoto uciliste i opsto pofalbi i ioplaki. Fala za bilo koj sto odgovori.
Секогаш гледаме и се упатуваме по упатство на близок пријател ,роднина.Како исфрленик од ваквите примери ,по сопствена желба ,се запишав во Средното Медицинско Скопје.Веќе сум 4та година ,и имам многу што да кажам .Неправдата владее кога не си ќерка / син на пизнатите доктори по клиниките Скопски.Учиш и на крај од денот се прашуваш зошто си научил ,тоа е One big school ,full of fake people . АПЕЛИРАМ ДО СИТЕ СРЕДНОШКОЛЦИ ,УЧЕТЕ ЗА СЕБЕ ,УТРЕ ВАШАТА ФЕЈК ПЕТКА НЕМА ДА ДЕЛИ ТЕРАПИЈА ,ДА БОЦКА И ДА СУТУРИРА НЕЧИЈА КОЖА. БИДЕТЕ ГОРДИ НА СЕБЕ КОГА ЌЕ МОЖЕТЕ КОМОТНО ДА ВЛЕЗЕТЕ ВО ДИСКУСИЈА СО СЕСТРА КОЈА ИМА ,27 години СТАЖ . ЗНАЕТЕ ЗА СЕБЕ А НЕ ЗА БРОЈКА ,ПОЗДРАВ.
луѓе, 5.00 сум од 6то до 9то, мислам сеа сум 9то (99% поминувам 5.00) и сакам да се запишам Карев (смер ПМА) дека е малце полесно од Корчагин и Орце али нешо се предомислив дека слушнав дошла нова директорка и премногу све било строго... па кој знае поише да ми објасне со новава директорка, кои наставници има шанси да ми се паднат догодина коа ќе бидам прва и така натака... ако некој не го мрзи да ми објасне нека реплајне... поздрав
Не е строго уопште.Знам деца од сите генерации и ќе ти кажам дека од сите професори во школото има еден или двајца строги.Значи на полагање не оставиле никој, ќе ти претат само и ќе ти пишат пролазна на крај.Хотел промаја, најлабава гимназија се.Според мене Георги и Орце ти се боља варијанта пошто веќе одиш ПМА оди во подобра гимназија и подобри ученици за да научиш нешто.Во Карев нема да научиш ништо.
9то одделение сум и за у средно планирам да се запишам во некое школо каде што има програмирање односно информатика...Некое школо тако да ми предложите?
Здраво Феминки! Јас сум деветто одделенка и сум многу збунета за тоа каде да одам понатаму во средно (од Скопје сум). За ова се прашувам уште од 7мо одделение и ви гарантирам дека ги имам прочитано сите форуми и страници во врска со оваа тема, па на крајот се решив да ве прашам директно. Значи, отсекогаш сум ги сакала предметите: математика (најмногу), потоа информатика (пред 2 години почнав да ја учам основата на програмирањето во слободно време на интернет), а исто така многу сакам хемија, физика и биологија (ми одат). А предмети што ги учам ама со сила и не ми одат до толку се: историја (најлош предмет за мене), граѓанско и географија. А кога станува збор за јазици, не ми претставуваат огромен проблем (барем англиски не; не одам на курс а зборувам подобро од 99% од генерација во училиште), но не ми одат ептен (германски на пример не одам на курс, а поголемиот дел од моето одделение одат и некои сеуште се полоши од мене и јас имам петка а тие 3 или 4). Инаку просек од 6то до 8мо ми е 5,00 и сигурна сум дека и така ќе завршам 9то. Иако сум 99% сигурна дека понатаму ќе го продолжам образованието во смер накај софтверски инженер или креирање софтвер и дека факултет ќе завршам некаде во Европска унија (најверојатно Шведска или Данска бидејќи имам бугарско државјанство), сепак средното образование морам да го завршам во Македонија, па затоа размислував и дали да одам во англиска билингвална паралелка. Средно стручно училиште не сакам, тоа ми е решено уште многу оддамна и се двоумам помеѓу Корчагин и Орце (Карев и ЈБТ не доаѓаат во обѕир поради одредени причини). Бев скоро сигурна дека ќе одам во Корчагин (а понатаму смер ПМА), но во последниве денови разговарав со многу соученици и сите велат дека било претешко и дека ученици со просек 5,00 се отпишувале бидејќи им било премногу тешко (ова се само гласини и не знам колку е ова точно). Знам дека има уште многу време до уписи, но јас секогаш сакам да планирам однапред, па си велам подобро порано да прашам отколку да си ја тепам главата една недела пред уписите. Однапред ви благодарам и се надевам дека некој ќе ми одговори
Jas godinava ke se zapisuvam sredno . Iskreno sakam rabota vo kancelarija odnosno ekonomsko sredno ama site vikaat boris e tesko a vasil antevski dren e skolo za mnogu slabi deca . A jas sum do sega so site petki . Iskustvo nekoj ve molam kazete mi za 2 skoli a inace planiram i fakultet
Борис и Васил Антевски Дрен е едно исто школо и едно од полесните (ако во предвид ги земеш гимназиите и медицинското). Јас завршив во ЈБТ и сум на економски факултет и можам да ти кажам дека знаењето на оние кои завршиле економски смер и ние во гимназија е на едно исто ниво.
Борис и Дрен е исто убаво ти пиша членката над мене.Нема врска дали ќе завршиш во Борис, во Корчагин, Орце итн.Братучедка ми беше економски смер во Борис и се запиша на економски, ама немаше некое пред знаење и предност пред другите бидејќи ништо живо не ги учеа во школото.Многу лабаво школо е.Знам врсници и од економски и од правен смер.Си одат дома кога сакаат, препишуваат, спијат во школо се расправаат со професори.Професорите мува не ги лази.Не ме сфаќај погрешно ама според мене е Борис ај да не кажам слабо школо, релативно слаби ученици одат таму мислејќи дека ако завршат во Борис или одма ќе најдат работа или на факултет ќе тресат 10ки од ракав. Порано Борис/Дрен беше многу јако школо.Зборам пред мноогу години бидејќи и тетка ми има завршено таму.Мислам да си одбереш некоја гимназија и да не се мислиш.Препорака се од мене Георги,Орце, ЈБТ или Корчагин
Moze pomos, ocenite mi se vaka 6to-4.87 7mo- 4.85 8mo-5.00 9to-5.00 Imam 74.3 poeni Kade mozam da se zapisam aj pomos ve molam i mozam medicinsko na nekoi smerovi?
Може да ми предложите некое школо? 6- 4.67 7- 3.93 8- 3.87 9- сигурен сум дека ќе завршам 5.00 Имам околу 64 поени.
Па те влече ли нешто? Сам треба да знаеш што те влече.Дали сакаш гимназија или струка. Ни град не кажа од кај си. Искрено поените ти се многу слаби.Минимум се 60 за гимназиско, не ме сфаќај погрешно, но првин ги примаат тие со највеќе поени па можеби нема да можеш да се запишеш во школото ти кај што сакаш. И уште нешто, после 3.80 во 8мо, за 5.00 во 9то ќе треба дебело да го испотиш столчето освен ако не ви ставаат оценки на стара слава како нас што ни правеа. Тоа е нешто најлошо што можат да ни го направат.. @pureblueblood и за тебе важи истото. Сама треба да знаеш што те влече и што би сакала понатаму. Еве ви конкурс видете заинтересирајте се, кои се барањата. http://www.mon.gov.mk/index.php/2014-07-23-14-03-24/vesti-i-nastani/2340-2018-2029
Браво за твојата одлука да почнеш сериозно интелектуално да напредуваш и да завршиш оваа година со 5.00 запни и ќе успееш. Што те влече? Што ти оди добро? За што имаш страст? Што сакаш да работиш после образование?
Еве ти едно мислење од мене. Јас завршив во Корчагин и навистина си бара доста труд и учење школото, ама ако учиш и како што велиш ги сакаш природните и техничките науки, нема да имаш никаков проблем! По математика има предобри професори (Пале, Марија, Гоце ќе ти дадат големо предзнаење за на факултет) и јас еве математика за нумеричкиот дел од испитот учев премалку зошто навистина многу предзнаење имам од Корчагин. И навистина, ако си амбициозна и си учиш редовно, се ќе постигнеш. Не е пеколно како што го бие глас. Ама шлепање и 5ки без учење нема. За наоѓање друштво, а да не правиме муабет за љубов имаш голем thumbs up од мене! Се надевам ова ќе ти биде од мала помош при правењето на изборот. Голем поздрав!
Знам дека поените ми се многу слаби, ама ете немав памет во тие 2 години не знам кај бев со паметот. Од Скопје сум и сакам стручно, гимназија никакоо. Не знам стварно.
Не знам ништо, гимназија никако не сакам, многу мислења сменив до сега и се ми се испомеша и не знам каде да одам. Од предметите највеќе ми оди музичко, географија, граѓанско.....