Devojki sto mislite za boris praven smer ? Ucam i sum so 5.0 prosek sekoja godina , i sakam da bidam advokatka , ama da zavrsam fakultet vo stransvo potocno ljubljana
Zdravo dali moze nekoj soveti Se mislev za sredno toest za Asuc Boro Petrusevski za transport i spedicija smer no slusnav deka imalo mnogu tepacki i deka imalo mnogu maski a mn malku devojcinja dali nekoj ima iskustco od tamu?
Здраво феминки!! Би сакала да прашам дали некој има информации за спортската гимназија или спортската академија во Скопје. Што е разликата меѓу двете? Каде е подобро да се учи? Дали се запишува со врски? Секоја информација би ми била добредојдена. Благодарам
Zdravo bi sakal da ve prasam dali znaete nesto vo vrska so sou jane sandanski strumica za ekonomsko Blagodaram Нема везе
од што имам слушано, се жалат од некоја по музичко, меѓутоа велат дека е супер школо, и дека не е премногу строго освен одредени предмети.
би сакала да ве прашам дали е стереотип или шо дека у Карев имало нешо многу хулигани, све пушеле, се дрогирале итн инт... дали има навистина такви у клас пациенти и општо какви се децата, машките, девојчињата?
секое школо има деца што пушат и се дрогираат, така да... меѓутоа е епетен фино школо колку што имам слушано, не знам за друго.
Во секое школо имаш секакви деца. Стереотип е се тоа што слушаш, секоја генерација е различна, секое дете е различно. Некое е помирно, повлечено, некое побунтовно па прави и побесни работи. Не може да речеш дека сите таму се такви и такви.
Стереотипи постојат за се па такс и за ова. За секое школо у Скопје поготово за појаките гимназии Орце, Карев,Корчагин,Јосип Броз кружат различни приказни, не велам за други дека нема или дека сакам некое школо да потценам. Штом се имаш одлучено за гимназија оди таму каде што мислиш дека ќе ти биде најубаво и нема да згрешиш. Не оди по старо друштво или слушнати стереотипи. Како и да е ќе си најдеш и друштво и ако си дружељубива и не си срамежлива уште поубаво и полесно. Не е битно школото пак ќе кажам.
Ти каде се гледаш во иднина? Кои предмети досега највеќе ти се допаѓаат? Просекот како ти е? Што повеќе ти се допаѓа и што е твој избор? И двата смера се убави инаку.
Медицина. Ако не ти се бендиса ,,климава,, во државава, со медицина најлесно можеш да најдеш работа во странство.
За ова погоре се сложувам, дека има работа и се тоа, но ете и ја завршувам медицинска струка средно и сигурна сум дека ако не го сакав стварно ова што го учам ќе ми беше хаос. И во клас повеќето беа дојдени од вакви муабети, од дома, демек работа имало, само тоа се исплати, а некои во сосема друго нешто се гледале. Затоа после слаби оцени, немаат желба и никакво знаење од таа област. И ја сум за медицина да оди, но ако навистина го сака тоа и ја влече биологија, хемија, бидејќи си има труд и учење, а и професијата е навистина хумана и треба да го сакаш тоа и стварно да се посветиш...
Мислам дека медицина е ама баш последната струка што треба да ја избереш, ако критериум ти е наоѓањето работа. Не зашто нема работа туку е премногу специфично поле што треба да го избереш ако си потполно сигурен и зашто стварно, стварно го сакаш. Скокот меѓу право и медицина е огромен. Ако се мислиш меѓу толку различни струки, најдобронамерен совет ми е да запишеш гимназија, па во 3та да си се определиш на смер. До 4та шансите да знаеш што стварно сакаш се многу поголеми. А многу, многу поголеми се шансите да во тие 4 години, се премислиш уште неколку пати. Дај си простор.
Прoблемoт е штo не знaм штo ме влече пoвеќе некaкo еднaквo ме влечaт, пa би сaкaлa дa видaм oд вaшa гледнa тoчкa
Сите имаме различни мислења. Ти најдобро се познаваш себеси. Седни,земи лист и запиши што би ти одело повеќе. Дали си добар говорник? Дали повеќе би сакала да браниш луѓе или да ги лечиш? Дали си храбра? Дали можеш да гледаш крв? Размислувај за одговорите на овие прашања и запиши ги на лист.