Гледајте да учите на школо, а не да ве интересираат екскурзии. Пред се, се запишуваш во школо и бираш смер за утре и тоа да го работиш. А ако бираш школо само за екскурзии, тогаш ништо нрма да ти помогне во иднина.
Зaвиси штo те влече пoвеќе. Акo пoсле плaнирaш фaкс или aкo не мoжеш дa гледaш крв тaкви рaбoти(зaвиси oд смерoт кoј сaкaш дa гo oдбереш), иди гимнaзијa. Акo не, сo среднo медицинскo мoжеш дa се врaбoтиш (претпoстaвувaм веднaш) пa пoдoцнa мoжеш дa идеш нa кoј билo фaкултет.
Me interesira za vo SUGSU Nikola Karev vo Skopje E potrebno izvod ne postar od 6 meseci?(ili bez ogled na datumot na izdavanje)?
Навивам за стручно, бидејќи да бидеме реални, со стручно на некој начин добиваш познавање од одредена област кое може да ти биде корисно во животот. Читав поназад, во гимназија било подобро поради што си учел многу од „општа култура“ ама не, не е до гимазијата, ти ако си заинтересиран/а ќе знаеш од општа култура и без таа гимназија + работите од средното стручно. И не, не е точно дека во стручни одат слаби ученици, јас сум жив пример, завршив медицинско со 5.00 како и што се запишав, а од општа култура и јас и мн. други од „стручното“, имаме познавање повеќе од голем број гимназијалци. Повторно ќе речам, ако имаш интерес можеш да имаш познавање од повеќе области, без притоа да завршиш гимазија. Медицината е прекрасна доколку ја сакаш. Јас лично не знаев „што сакам“ но се решив за медицина,чисто бидејќи не ми одеше баш математика, и ја засакав,премногу, па затоа те советувам да пробаш, па ако толку не ја сакаш ќе се префрлиш во др. струка, или барем ќе бидеш сигурна да бегаш подалеку од неа на факултет . И стереотип е дека мораш да одиш на факултет по струката, баш напротив, можеш да одиш нешто сосем друго, а пак ќе имаш две дипломи. Среќно!!