И мене ме примија на билингвална во Орце Инаку не ми е јасно зошто некои рекоа дека ги избегнувале билингвалците
Тогаш моја грешка е-мислев дека ако некој одел на пр.во стручно медицинско, тешко ќе го примат на пр.на правен факултет, ама изгледа не било така
Зависи од факултетот, примаат кај шо нема конкуренција а на правен и економски има огромна конкуренција и да, тешко е да се примат. Проблемот е матурата. За на економски пр. треба да земеш социологија, географија, историја, филозофија, информатика а тие предмети во гимназија ги има, мислам средно медицинско не знам баш дали можат да земат информатика или историја - дали воопшто ги учат, пример. И секако, први ќе бидат примани оние кои зеле предмети потребни за факултетот а гимназијалците ги имаат сите предмети за секој факултет потребни, сегде можат да влезат. Е сега поубаво е од средно правно на правен пример, ама сакам да кажам од гимназија заради изборот на предмети што се бараат на сите факултети секој кој ќе положи со високи оцеки + успехот од сите 4 години влага без проблем, додека од стручно средно на друг факултет е покомплицирано, а ако има конкуренција како на економски ништо од тоа. Едит: на педагошки и одбрана нема конкуренција, така да затоа и влегле.
Стручно е подобро, дури и да одеш на факултет во сосема спротивна насока, ќе имаш 2 занимања,едно од средно, едно од факултет. И ако неможеш да најдеш работа со тој факултет што си го учила,ќе си имаш резервна струка од средно, и на тој начин полесно ќе се снајдеш и ќе најдеш работа.
Можеби стручно е подобро затоа што имаш две струки па имаш алтернатива, ама ај кажи зарем дете од 14 години може да одлучи што ке работи понатака во животот?
Гимназијата е најдобра од причина што ти дава цврста основа на сите полиња од образованието и науки, природни или општествени, затоа е средното за основа која ја имаш на кој факултет и да отидеш, додека после средно каде ученикот ги има стекнато основите може да види што најмногу му лежи и да се одлучи на кој факултет понатаму.
Па ако нешто го влече, нормално дека тоа ќе се запише.Мора да има желба за тоа што ќе го уче. Во врска со прашањето, да,може да одлучи што сака понатаму. Јас ќе кажам пример за мене,отсекогаш, уште од мала, сум сакала да учам медицина и тоа се запишав. Сум имала желба за тоа и ако не продолжам со медицина, ако продолжам со друг факултет,а не ми успее, ќе можам да се вработам во аптека,само со средно. Немој да мислеш дека тие што имаат 14 се заостанати и незнаат што да прават во животот.
Ха.. па не мислев на заостанати. Во тој кош се вбројувам и јас затоа што уште од сега немам појма каде понатака ке завршам дали фризерка или медицинска сестра . Јас знам многу примери што сега одат стручно на пр. правен смер во Борис а понатака ке одберат за факултет нешто сосема трето. Не знам која е овде логиката Еве ти си одбрала медицина. Добар избор, но дали ти понатака ке продолжиш факултет со истите предмети физиологија, анатомија и сл. Децата не знаат што изучуваат и со какви предизвици треба да се соочат со работата, струката што сега ја избираат. На пример одбираат да одат мед. сестра и мислат дека работата би им се состоела од боцкање и пуштање инфузии. Сосема погрешно мислење. Или одбираат фармација, а хемија се трупци. Не се информирани(има ретки исклучоци, не вела-не) Значи да не идам многу офф топик, тие од 14 год. не знаат што им нуди работата што ја бираат односно струката, не се сеуште запознаени толку добро. Јас би одела струка по едниствен ‘услов‘, ако не би имала финансии да завршам факултет бидејки со гимназија нема вработување, а додека со стручно училиште понатака со пракса се доусовршуваш, ке се најде некоја работа.
епа во ниедно средно неможеш да поминеш без учење,секаде треба да се потрудиш и ќе успееш,но прво треба убаво да размислиш за што сакаш да учиш,ако се определиш за гимназија најдобро ти е да се запишеш во најблиската гимназија јас го одбрав медицинско затоа што ја сакам биологијата,хемија ми оди потешко но сепак ќе се потрудам во основно поминав полесно бидејќи не бараа толку учење но во средно ќе не стегнат знам дека доцнам но ете ова нека им помогне на тие феминки кои ќе се двоумат следната година таму се се учи на англиски така и испрашувањето..?
дали некој може да ми објасни се околу орце за наставата професорите итн и можете ли да ми ги кажете повекето средни во скопје и за што се
^ Имаш време, за 2 години ќе ги знаеш сите на памет не се замарај сега 12 години имаш, 2 години баш и не се малце ќе си размислиш убаво до тогаш ( деца се одлучуваат 1 недела предходно каде да се запишат а ти 2 години, така да уживај си). Инаку и јас сум во билингвална, англиска Ти во англиска или француска си?
Ако не знаеш и по форуми прашуваш кое средно да го одбериш ...најдобро тие гимназија....затоа што и самата не си сигурна а и после можеш на кој сакаш факултет.
Фала, изгледа ќе одам во Орце или Корчагин. а каде е построго и повише треба да учиш во орце или во никола карев и кој гимназии се мегу најквалитетните 7 во скопје???
Јас сега сум 8мо, појма немам кај да се запишам. Знам медицина нема - тоа сигурно, ич не ме влече. Исто и угостителско, птт, Коце, Димитар Влахов, и тие послабите нема. Е сега, остануваат Корчагин, Орце, Карев, ЈБТ и Економско. Корчагин и ЈБТ не ми го прават ќејфот, остануваат овие три. Орце некако ме влече, ама мајка ми вика ако мислиш да учиш многу, одувек било најјако школо тоа, ќе те запишам нема проблем, јас си учам ама не сум некоја бубалица, и за тоа ме фаќа страв . Ми вика она Економско, ама сега може ќе се запишам и после факултет ако се предомислам ќе ми биде ептен тешко. Сега за Карев незнам, малце подалеку ми е од овие, ама полесно е од Орце. Иначе до сега сум со сите 5ки, и 8мо ќе го завршам скроз одлична (ваљда), општествениве науки супер ми идат, англиски исто и македонски, француски не ми иде заради наставничката, ништо асално не предава, во цела генерација заслужени 5ки дали има 2-3.Математика исто сум добра, хемија така-така, е сега физика малце потешко ми иде, теорија не, задачите не ми идат.
значи сестра ми заврши во Борис правно...секоја година беше одлична...во прва и втора учеше онака таман за 5-ка не беше бубалица..а после во 3-та и 4-та на стара слава имаше 5-ки така да ако се покажеш во 1 и 2 ке бидеш супер и понатака. Иначе лошото за неа беше што секоја година и се менуваше класната. Професорите и беа прилично добри..знам дека физичко ги тераше да идат у теретана или незнам што беше тоа нешто за вежбање ама на часови сестра ми не вежбаше никогаш а имаше 5-ка. Ти го препорачувам ВАСИЛ АНТЕВСКИ ДРЕН ама сестра ми жали што отиде правно вика дека поубаво би и било ако отишла во гимназија на некој јазик бидејќи има премногу правници во Македонија.. (иначе сестра ми моментално е на правен факултет 3-та година и ич не е тешко) се надевам ти помогнав според мене Корчагин..Орце..Карев...Васил Антевски Дрен...Георги Димитров...ЈБТ...
Па кога бираш средно училиште , не се бира во кое е најлесно или пак кое има најдобри професори Секое средно има свои мани и свои предности Ти треба да го избереш средното училиште што е најблиску до местото на живеење ... бидејки зимо кога ке биде многу ладно и снег кога ке има , ем ке ти биде блиску ем побрзо ке стигнеш... ја така го избрав ЈБТ бидејки ми беше најблиску во однос на другите и не се бира истотака средно кај што ке ти кажат родителите , тоа е многу погрешно ... каде ти каже срцето тамо ....
Звучи како клише но навистина помага - следете го срцето при изборот. Што ве интересира? Кон што инклинирате? Замислете се после 4 години што би сакале да студирате? Нешто специфично за што ви е потребно и такво средно или нешто за што ви е потребна гимназија? Мислете малку и подалеку и мислете на вашата иднина но пред се бидете критични самите со себеси и кажете си најискрено - за ова ме бива, а за ова не ме бива. По цена да патувате подолго од обично, жртвувајте ги вашите нозе но не ги жртвувајте вашите соништа и вашите реални можности. За вклопување - ќе се вклопите секаде, тоа не се секирајте, и онака тоа најмногу зависи од вас. Јас го избрав ЈБТ од една единствена проста причина, знаев дека за јазици ме бива, знаев дека сакам јазична гимназија и знаев дека подоцна ќе студирам нешто поврзано со јазиците. ЈБТ беше јасен избор, макар што патував дневно 10 - 15 минути со автобус. Врло важно. Мала станица, конечна станица и по некоја летната пегла од зградите позади ЈБТ Битно не се откажав од својот сон и не зажалив во нитуедна минута. И да - стопирајте ги родителите во вашиот избор. Да не биде работава, мајката да зборува за вас „ние избравме, ние учевме за приемен, ние успеавме, ние не успеавме...“ итн. Се работи за вашиот живот Примете совет но финалната одлука нека биде само ваша.