како да знам во кое средно училиште е пополнето се, во кое ќе има втор уписен рок и така натака каде пишува???
https://www.fakulteti.mk/mobile/new...spisokot-so-slobodni-mesta-vo-srednite-shkoli Се надевам ова ќе ти помогне. Прочитај го детално.
Здраво дечки! 9-то Одделение сум и планирам да се запишам во Михајло Пупин, за Електротехничар за Компјутерска техника и автоматика. Дали некој знае повеќе информации за училиштево? И ако може некој да ми објасни што баш значи: Електротехничар за Компјутерска техника и автоматика? Иначе, не одам Гимназија никако!
Братучед ми заврши во Михајло Пупин пред десетина години, негово искуство е дека може многу да се научи, не е баш лесно особено ако не ти иде математика, има лоши стереотипи но и дека има многу... несекојдневни луѓе. Пази само има доста тепачки со браќата по автобуси. Ова е од пост од друг форум, постирано е на 1ви Јануари а се однесува на Михајло Попин :
Девојче од основно тука учеше. Сите ја правеа будала, само 3 женски у генерација ли биле не знам што, ене ја на ФИНКИ студира сега, а другите по "јаки гимназии" ни просек немаа за факс, а и попропалици се од муабетот за тие шо учеле тука шо го праеја. Ем ти е полесно зошто секако помал број на луѓе учат и може да имаш високи поени за убав факс, ем ќе си имаш струка. Не слушај стереотипи и нека не те премислуваат, и јас учев во "нереномирано" школо и да ти кажам ич не се каам. Стварно добра одлука направив. Можеби дур учиш таму ќе ти е криво у шо средина си ама кога ќе си се запишеш на факс никој не те прашува кај си учел, оцените ти ги гледаат. Минливи се тие 4г, одма ќе пројдат, дека гледам пред мене има некое слично мислење, демек Георги било уау зошто било такво и такво, иднина и без факс си имал. Не обрнувај внимание на вакви коментари. Од мене имаш поддршка да си се запишеш тука и да си учиш таква струка. И јас сум повеќе за стручни школи у споредба со гимназија.
Ако имаш некој да ти фати врска, и би те примиле. Прво, прашај се што би студирал. Оваа Гимназија ќе ,,бара,, доста залагање.Додуши не е како порано (толку јака) но сепак, ако не планираш да седиш и да учиш, ич не конкурирај таму (бидејќи 66 поени асоцираат на не баш одличен ученик).