Вака дечки сакам да ве прашам за еден месец се уписите за средно јас искрено сакам да се запишам во Орце меѓутоа моите од дома ме тераат да одам во Корчагин ве молам пишете ми мислења каде е подобро доколку сте искусни , јас сум решителна за Орце меѓутоа сакам да слушнам и други мислења
Kerka mi treba da se zapisuva vo juni sredno. Se misli dali Karev ili Korcagin. Kako ti e tebe vo Karev? Inaku taa e skroz odlicna ucenicka..
Стручно дефинитивно.Со гимназија си ништо.А утре ако си со стручно на пример и ако не ти се учи факултет ќе можеш да си најдеш работа,или на пример ако учиш факултет и си со стручно ќе можеш од кога ќе завршиш да се вработиш и со средно и со факултет.Имаш струка во рака.А со гимназија си ништо само ќе се малтретираш со предмети кои не ги сакаш дури до 4та година
Стручно медицинско дефинитивно ценето е и со средно бел мантил си е бел мантил заразлика од гимназија што е построго а и ако не е запишеш на факултет ке треба да работеш обична работа.
Дефинитивно.Медицинско е најдоброто средно стручно.Уште по завршувањето одма со било која струка се наоѓа работа.А и можеш и да продолжиш нешто друго факултет ќе можеш и со средно и со факултет да се вработиш.
Sakam da se zapisam vo mihajlo pupin, od kavadarci sum pa neznam nogu za ucilisteto. Slusnav deka nema mn devojcinja, pa ako moze nekoj da mi kazi nesto poveke za toa.
Доколку, успехот на детето е 4,56 дали има поголеми шанси да се запише во средно Никола Карев или Јосип Броз?
Здраво дечки! Размислувам дали да се запишам во Корчагин или Карев. Успехот сите години ми е 5.00 и не се плашам од учење(ќе учам се додека не научам),но малку ми е тешко математика.Планирам да се запишам на смер ПМБ затоашто ме бива за биологија,хемија,географија. Јас искрено повеќе сакам Корчагин,но како што кажав малку ми е страв за математика(иако секогаш на полугодие и тромесечије и полугодие сум имал 5). Навистина би ми значело доколку некој ми каже дали со сето ова би можел да се снајдам во Корчагин,затоа што како што кажав повеќе ме влече. Благодарам однапред на сите ❤️
Секако дека ќе се снајдеш во Корчагин. И јас не сум толку по математиката па на крај секогаш имам 5ки. Не се секирај толку за математика затоа што не е толку тешко. Професорите што предаваат математика се многу коректни и се прават многу тестови во текот на годината вклучувајќи годишни и полугодишни. Исто така се вреднуваат и активности на час (еднаш да излезеш на табла буквално ќе памтат професорите). Ако те приметат дека се трудиш и стварно учиш и не се зезаш, немај гајле. Професорите во ПМБ се океј повеќето. Географија нема да учите многу во трета само ќе праите проектичиња и ќе лабавите на час. Хемија знае да биде малце тересене, али фати си го редот со петките од септември за да немаш проблеми со неа. Биологија е океј, ама ако и се жалиш дека си немал време да научиш ќе те запамти и до четврта тоа ќе ти го тупи, сепак не е толку тежок предметот се учи така да немај гајле за тоа. Исто ПМБ имаат физика во четврта, професорките физика се супер, си праите тестови после секоја тема, исто имаш можност да предаваш лекции за плус поени. Во глобала сите професори се супер ако учиш, така да немај гајле.
Мислиш за матура? Не е привилегија, туку ќе донесе поголем број на поени при упис на факултет каде математиката е повеќе застапена и се бара при запишување, секако ако положиш со добри поени/перцентили. Што се однесува до сите идни средношколци, мој совет од гледна точка после завршувањето на средно образование, е да бирате стручни средни училишта доколку имате дури и најмала идеја за нешто што сакате да го учите. Гимназија е супер општ избор, ама не дава никаква насоченост, и се надоградува тоа што е учено во основно во глобала, ништо ново. Изборот е ваш.
Интересира ме мене дали може 4та година да се префрлам во друго училиште учам Градежно - Градежен техничар. А сакам 4та да одам Техничар дизајнер за внатрешна архитектура или геодетски техничар. Дали ќе треба да се полагат предмети од сите 3/4 години или само за 4та тие? Моментално сум 3та!
Здраво Јас сега завршувам 9то одделение и уште од 8мо сакав да одам медицина ама сега почнувам да размислувам и за гимназија. Орце или Корчагин. Сите години сум одлична, ќе се потрудам да бидам и оваа, а знам дека ќе бидам бидејќи навистина учам и се трудам. Е сега вака. Во медицина имам доста другарки и се жалат дека имале многу за учење, но тоа го ставаме на страна затоа што мислам дека секој е различен и не значи дека ако на нив им е тешко ќе ми биде и на мене или обратно. Почнав многу да размислувам и за гимназија затоа што кога веќе гледам дека почнувам да менувам мислење си велам може за 4 години ќе сакам нешто сосема друго, а сепак во гимназија ќе можам да одберам и било кој смер во 3та година. Ако сакам медицина ќе одберам ПМБ мислам така дека беше смерот не сум сигурна. Дома разговарам и со моите, викаат како сакаш така, ти одлучи си, ти ќе учиш таму ние ќе се согласиме. Е сега ме интересира и ваше мислење. Чудно ми е бидејќи порано постојано викав јас никако не одам гимназија, немам струка, а сега сменив мислење. Од друга страна пак и кога ќе размислам дека медицина барем имам струка, но во денешно време медицински сестри не вработуваат со средно само, пак треба факултет. Гимназија нема да имам струка, но барем ете ке имам некакво познавање за сите предмети, додека пак во медицината повеќе внимание се посветува на стручните. Сакам да слушнам и ваше мислење. Што мислите вие, подобро е да се запишам медицина или гимназија? Орце или Корчагин? Која е подобра според вас. Било какви информации би ми биле од корист. Се извинувам на долгиот пост, но сепак на крајот сакам да го направам вистинскиот избор. Ви благодарам.
Ох бе душо, без факултет ако си денеска вооошто не е битно во кое средно си одела. Чим учиш, верувам дека ќе одиш на факултет. Многумина на твоите години уште се пронаоѓаат и нормално е, не секој на твоите години знае во кој тек понатаму животот ќе го води, ама до крај на средно сигурно ќе се пронајдеш. Затоа мој совет ти е да одиш Гимназија, не знам да ти кажам која, но според напишаново ете, ми изгледа како подобра опција. Барем јас тоа би избрала. Со среќа
Би те советувала гимназија. Ќе имаш време да размислиш до 3та година каде би се насочила понатаму. Ќе имаш општо познавање од повеќе струки и ќе ти биде барем малку полесно понатаму. Јас кога се запишував имав идеја за едно, па се запишав после на скрос друг факултет и можам да ти кажам дека тоа што завршив во Корчагин ми помогна многу бидејќи имав и стекнато некоја работна навика за учење. И Орце е исто така добра гимназија па мислам дека нема да погрешиш која и да ја одбереш.
Средно стручно поготово медицински смер е секогаш добра опција, зошто луѓе со факс работа со години не наоѓаат, а со ова одма после завршувањето може да се вработиш, буквално бараат постојано медицинари со средно медицина. Ја не би упишала гимназија никад лично де си зборам, пошо некако ми е ко основно апгрејднато па да учам, а никаква гаранција за нишо не ми е таа диплома. Од средно сум насочена на медицината и факс тоа продужив, но дипломата од средно секогаш си стои за работа, затоа и избрав тоа, а не гимназија. Одма после матура, за два три месеци, пола мој клас се вработи со таа диплома... И нема врска дека баш мораат тоа факс да продужат медицина, некои студираат економски, некои сосем друго, некои и не студираат. Од овие избори, би избрала медицина чим се мислиш за тоа, гледано на долгорочно поисплатлив план. Инаку и гимназија е океј ако не знаеш шо сакаш ама чим нешо те влече за медицина, бирај медицина, само корист може да имаш од средно стручно, загуба не.
Како прво и прво, и од медицинско можеш да се запишеш што сакаш. Од клас имам деца кои отидоа на Технолошки, на ФИНКИ, на туризам, на ПМФ. И ќе си имаат две различни дипломи, што е автоматски предност. Како второ, и во медицина учиш од се по нешто, плус стручни предмети. Јас имав историја, македонски, математика, физика, хемија, биологија, информатика, бизнис, граѓанско, англиски, музичко.. Првите две години всушност се учат повеќе општообразовни предмети. И да, никој не ти гарантира работа со средно, ама сигурно повеќе шанси имаш да работиш како сестра (или ете фармацевтски техничар), отколку што можеш со гимназија без факултет. Ако не овде, во странство секогаш се бараат мед.сестри. Што е посигурно, посигурно е медицина, а за гимназија, не можеш да бидеш сигурна дека 100% ќе одиш на факултет, не знаеш што ќе биде.. Не викам дека гимназија е лошо, ама според мене, било кое стручно е подобро. И не слушај муабети дека од гимназија можеш да се запишеш сѐ, а од медицинско не, бидејќи нема врска, како што набројав погоре, мои соученици од медицина, се запишаа на сосема различни факултети. Никој не те тера да одиш повторно медицина. Баш ќе си увидиш дали медицината е за тебе, или не, не ти треба гимназија за да одлучиш кој факс го сакаш. И работна навика ќе имаш, и познавања од различни области, и плус стручни познавања од одредена област.