Зошто си ставаш притисок уште од сега? Не ти е како порано сега што сакаш можеш да упишеш и да продолжиш на сосема друго нешто понатаму.
Сосема нормално е да се менуваат мислења и интереси со текот на годините. Никогаш не се води по туѓа перспектива на работите, ако учиш ќе учиш во било кое училиште, а ако не си по учењето, секаде ќе е тешко. И гледај што те влече, ако медицината не ти е веќе интересна, тогаш размисли за друга опција.
Оди средно медицина. Подобро е да имаш струка. За да не пишувам исто. Само ќе ти речам дека го делам истото мислење што го напишале пред мене @Dream-Girl и @ElenaOfRivendell
Јас завршив средно медицинско минатава година.Ако мислиш дека Орце или Корчагин е полесно од медицинско се лажеш , медицинско не е воопшто така тешко како што го прикажуваат. Одлучи прво што сакаш да бидеш во животот , ако планираш да се насочуваш кон медицина средно медицинско ти е солидна подлога да стекнеш знаења за што те чека понатаму. За работа , не можеш уште од сега да знаеш што ќе биде за 4 години можеби државава ќе кубури со кадар па ќе се вработиш одма , а па можеби нема да имаш услови за факултет или учејќи гимназија нема да имаш посебен интерес кон нештата. Доколку јас би бирал би одбрал стручно , сепак добиваш некаква квалификација за одредена професија (конкретно здравство) додека со гимназија доколку не продолжиш на факултет професионално да се насочиш немаш многу избор. Но сепак немој да промашиш бидејќи медицинско не се оди само ради реда , учење и интерес треба особено струката да ја учиш со љубов а не со мака...
Штом не си комплетно 100% сигурна, подобро ќе ти биде да одиш гимназија. Баш како што кажа, ако уште сакаш медицина ќе си одбереш ПМБ. Во мојата гимназија има еден куп што станале доктори од ПМБ, а и самата во генерација имав соученици дури и ПМА што решија медицина да одат. А муабетите за имање струка со средно се малце застарени, од времето кога не оделе многу луѓе на факултет.
Низ цел свет на оваа тематика се гледа како на една од најважните работи во животот на граѓанинот и општеството додека во вукојебинава има само еден спрат во Козле (iirc) и 99% од популацијата не ни знае дека постои. Размиси си долго и убаво како се гледаш за 5-10-15 години од сега. Најважно прашање на кое треба да одговориш е дали си решена да ја работиш оваа професија а со тоа и да одиш на медицински факултет? - Доколку си решена оди средно медицинско на било кој смер, идеално сестра но можеш слободно и со било кој друг да тераш понатаму на факултет. Ако не сакаш средно медицинско тогаш гимназија но под услов да одиш факултет медицина а не да се премислуваш во 5 до 12. - Доколку не си сигурна дека сакаш да го одиш овој пат, тогаш пак би те советувала да одиш средно медицинско, или пак било кое друго стручно училиште. Гимназија ни под разно освен ако не одиш на некој трет факултет како на пример филилошки. Убаво си ја почнала мислата, струката е најбитната работа. Размисли за ова, кога ќе завршиш со своето образование, кога и да биде тоа, ќе влезеш на пазарот на труд каде што најнајважна особина е со што ти ќе се понудиш и со што ти ќе се разликуваш од илјадниците други работници? Со гимназија речиси ништо, секогаш предност ќе имаат тие со струка, лиценца и искуство. Со средно стручно образование, доколу не успееш на факултет, секогаш ќе имаш занает на кој ќе можеш да се потпреш, било да е фризер, месар, електричар, плочкар, автомеханичар, бравар, забен техничар, кувар.... Со ужасната демографија на нашата Република, масивното мигрирање надвор и ред други причини има голем недостиг на професии (вклучително и во странство) на кои кај нас се уште се гледа со потсмев а всушност заработуваат одлично и тоа без голема одговорност која ги следи некои други професии. А дека со гимназија ќе имаш поголемо знаење за сите предмети, океј супер, ќе имаш поголемо знаење од повеќе области. И што со тоа? Не се сомневам дека тие работи вредат како изградба на личност и проширување на знаења и хоризонти. Но на крајот од денот ако не успееш со факултетот најчесто ќе бидеш меѓу последните на секоја апликација за работа а ако одиш на медицински факултет нема да имаш никаква корист од гимназија, напротив оние со средно медицинско ќе бидат пред тебе [во однос на знаење]. TL/DR : медицински факултет = средно медицинско > гимназија медицински факултет? = средно медицинско > гимназија ? факултет = било кое средно стручно > гимназија Имаш време, размисли си долго и убаво. Со среќа!
Воопшто не си во право. Еве јас сега ќе дипломирам, не е важно на кој факултет. Но, што ако не можам да си најдам работа според струката од факултет? Да бев со гимназија единствена друга опција ќе ми беше да работам како продавачка/келнерка и нешто слично. Ама со тоа што имам завршено средно стручно училиште, имам можност да си барам работа и според струката од средно.
Се согласувам со Цреша. Јас завршив средно за сестра пред две години (значи не е одамна), една соученичка работи како сестра на брза помош, друга како сестра кај стоматолог, уште две-три работаат по локални амбуланти. Не викам дека 100% ти е гарантирана работа, ама сигурно имаш повеќе шанси.
Не се согласувам со последното. И денес има луѓе кои не сакаат да завршат факултет. И реално со гимназија на пример што ќе прави ако не продолжи? Јас завршив стручно, не медицинско ама можам да најдам работа согласно моето средно иако е различно од она што завршив всс.
Јас многу познавам што не запишаа факултет, од мој клас од 30+ души всушност само 7-8 студираме, другите работат во аптеки и во алкалоид веќе подолг период, никој не остана без работа. Да биле гимназија и да не студираа не знам што ќе правеа сега, но вака еве си се снајдоа океј. Не знам кај ги наоѓате тие сите што студирале и завршувале, јас многу спротивни познавам, а и со колешки шо учеле исто мед смер сме правеле муабети колку малку од клас всушност и студираме, многу соученици наши не студираат и работат. Мислам и дека повеќе колеги гимназија што биле имаме, отколку средно стручно...
Често го слушам тоа секој завршувал и студирал, но не знам зошто ете ја познавам многу шо не студираат и многу шо се откажаа од факултет уште во првата година, не дека баш сите завршуваат и студираат, повеќе ко узречица излеа се користи тоа, него шо у реалност е вистина. Имам впечаток дека повеќе од гимназија се тие шо цели генерации студираат, од средни стручни друга е ситуацијата. Бар кај мене генерациски така излезе.
Се согласувам со @Dream-Girl и @ElenaOfRivendell, за да одбереш стручно место гимназија. И јас ја имав оваа дилема кога требаше да бирам средно. И се одлучив медицина, бидејќи сметав дека во тие 4 години можеби нема да ми се учи веќе, можда моите ќе немаат да ми приуштат за факултет и сакав самата некако да си гарантирам иднина и работа. Не зазажалив што се запишав медицина. Првата година секако ќе ти е тешка, но понатака е многу полесно. И, како што кажаа можеш и од медицина на кој било факултет да се запишеш отпосле.
Ви благодарам многуу на сите за мислењата и за советите. Јас уште од помала сакав медицина. И сега увидов дека колку и да размислував и за гимназија, сепак се враќав кон медицината затоа што во гимназија нема да ја има таа пракса што ја имаат во средното медицинско, а сметам дека е навистина предност и ме интересира. Сепак мислам дека мојот избор ќе биде медицина, ќе видиме до јуни. Уште еднаш ви благодарам многу на сите.
Може, зависи. Не дека сите од нив имаа јака желба, повеќе завршија ради реда и под притисок. Ама не се сложувам со мислењата каде му викате на девојчево ПОДОБРО одбери тоа, сепак ако е дете што учи и има амбиција и ќе продолжи утре факултет, средното може нема да и значи. Што е подобро е нејзин избор, на нас е предностите и мааните да и ги кажеме.
После гимназија ако некој се реши да не запише факс не мора да значи дека под дифолт мора да е вработен како келнер или продавач или слична работа на тие. Постојат премногу курсеви кои траат по неколку месеци до година дена, со кои доколку имаш доволно интерес и желба за да ги научиш после можеш многу квалитетна работа да најдеш со солидна плата. Ако си сигурна дека сакаш да учиш медицина, запиши се на стручно. Ама бидејќи се двоумиш мислам подобра опција ти е ПМБ гимназија.
Кај мене половина клас можеби отидоа на факултет, од останатите дел се вработија по струка, дел се верени и ќе се омажат наскоро. И не отидоа сите на медицински факултети, напишав и погоре, имам соученици кои отидоа на ФИНКИ, на моден дизајн (ТМФ), на биохемија со физиологија (ПМФ), на туризам, на царина и шпедиција, на македонски јазик и книжевност.. Така да нема врска, што сакаш можеш да се запишеш. Сега фала Богу, нормално дека некој од средно економско би имал поголема основа на економски факултет, или од медицинско на медицински факултет, ама никој не ти брани и никој не те ограничува да се запишеш што сакаш. На крај на краиштата, со труд и учење ќе постигнеш се, и онака на факултет повеќето работи се учат од почеток.
Jas sakav medicinsko mnogu, i najdobrata odluka u zivotov mi bese toa. Fakt e deka strucno e podobro od gimnazija,da si imas nekoja sigurnost vo zivotot. edit ama samo ako imas zelba zapisi se