Буквално од кое сакаш средно, на кој сакаш факултет можеш да се запишеш, особено со матурава и со флексибилноста на предметите кои можат да се изберат за соодветни. Тоа си има и добри и лоши страни соодветно. На крај на факултет нема некое пособно значење дали си имал средно по струка или си бил гимназија, се' зависи од твојата волја. Ниту едните се пред другите и обратно. Основата колку ја имаш или ја немаш е индивидуално, зависи од многу фактори, школото, средината, професорот, самиот ти, итн. Вложениот труд и желбата да успееш се водилката понатаму. Дека со гимназија повеќето врати за работа ти се затоврени не е вистина. Имам познаничка што по четврта, доположи предмети од средно медицина и ете ја си работи како сестра. Друга си заврши курсеви за козметичарка и си го работи тоа. Кој како ќе си ја замисли иднината и како ќе се пронајде. Секогаш има можности, така што кое средно и да се одбере нема никогаш да погрешите. Така што гледајте што е најдобро за вас. Ако имате некој план за факултет и сте цврсто решени, разгледајте ги опциите кои ќе го извадат максимумот од вас и кои најмногу ќе ви користат за факултет. Истото важи и за тие неодлучните, разгледувајте опции кои најмногу ќе ви помогнат да се пронајдете.
Здраво Јас сум 2ра средно (Економско правна трговска струка) Ке се селиме во друг град, па така треба да се запишам во др училиште. Ако му се познати овие работи некому, сакав да прашам дали во сред пандемија во второ полугодије можам да се преместам во друго школо т.е дали ке ми дозволат да променам училиште во ова време? Фала однапред
Нема зошто да не ти дозволат, по мое. Ако се префрлаш исто така во економско и истата насока, не би требало ни да преполагаш нешто затоа што е истата програма, оценки за полугодие ќе имаш од старото школо. Само ќе треба документите од старото во новото школо да ги однесеш за упис.
Оваа година завршувам основно и овие денови многу размислувам што ќе одам понатака. Одлична ученичка сум и немам проблеми во учење. Ама таквите предмети како математика и физика што се, тие секако со разбирање се учат е они не ми одат и не можам да ги разберам. И многу ги мразам. Дали е до наставничката не знам, пошто ништо не ни објаснува само ради реда колку плата да зема, а воопшто не ни објаснува. Ајде да не преовеличувам многу со ова. Се мислам што да се запишам. До лани велев гимназија, ама сега не знам некако ми се променува мислењето. Брат ми е втора година гимназија, мноогу му е тешко по физика ептен, иако е во еден од најјаките класови, сепак никој нема 5ка по физика и не знам. Мислам дека ако отидам гимназија ќе ми биде многу тешко особено тие предмети што не ми одат, и ме фаќа многу страв, и плус дека можеби после ќе ми биде мака дека не се запишав средно стручно. Е сега од средното стручно се мислам општа медицина или фармација сега не знам баш што се учи фармација и кои предмети се највеќе застапени, знам за хемија ако може подетално да ми објасните. А мислам со завршено средно од медицинава може да се вработиш така? И не знам, многу се мислам и не знам што да одлучам..... Мислење?
Со средно медицинско немаш грешка, јас завршив пред две години, и да треба пак да се запишам, воопшто нема да се двоумам и ќе го одберам истото.
Ако те влече конкретно медицина или фармација запиши се на стручно. Ако уште немаш изразено конкретна желба за некоја насока, запиши се гимназија, и тоа на смерови како ОХА, ОХБ или ЈУА (ЈУБ не знам дали го има и каде го има).
И ја сум за средно медицина. Еве и фармација смер завршив. Да, да имаш баш доста хемија на тој смер ама па после и да продолжиш на факс или фармација или медицина топ знаење ќе имаш за хемија, прелесно ќе ти иде хемијата, а на двата факултети е застапена во повеќе предмети на пример. Математика ептен просто се учеше нешто исто и физика. Што подетално сакаш за фармација смерот еве прашај ќе објаснам.
Па ме интересира фармација колку се учат оние математика, физика ама и за другиве предмети сакам да знам поконкретно. Може и глупави прашања поставувам али сеуште не знам навистина што поконкретно се учи. А какви се тие смерови?
Математика дури мислам полесно од основно учевме. Физика исто ептен прости општи работи. Другите предмети особено после втора се ептен стручни и има многу повеќе пракса. Има биохемија, фармакогнозија, фармацевтска технологија, броматологија и токсикологија, фармацевтска хемија, сега по ново и микробиологија мислам дека има. Во првите 2 години имаш од стручни предмети анатомија, латински, физиологија, фармакологија, аналитичка хемија, хигиена, се учи и фармакогнозија и фармацевтска технологија тогаш (тие се учат 2, 3 и 4та година), а другите се општи предмети. Со пракса ние почнавме во втора година, сега не знам со измените дали е одма уште од прва. Интересно е многу, праксата е чиста и претежно во лабораторија и преку лето е во аптека. Мене ми беше преубаво во средно, пак би запишала фармација средно, многу интересна струка е.
Во ОХА и ОХБ смеровите повеќе се обрнува внимание на општествените науки како: Историја, економија, право, странски јазици, социологија.. ЈУА и ЈУБ се јазично-уметнички смерови каде што најмногу внимание се обрнува на јазици, ликовни и музички уметности, филозофија, педагогија итн.. http://gimnazija-mk.weebly.com/1053...80-1080-10871086107610881072109511121072.html Можеш на овој линк подетално да ги разгледаш предметите . Исто така да надополнам, мислам дека смерот ЈУБ го нема во сите гимназии, така да доколку се одлучиш за таква насока убаво распрашај се во кои гимназии се реализира таа програма
А со завршено средно медицинско или фармација можеш да се вработиш така? Мислам факултет ако не сакаш.
Vie sto sega ke se zapisete sredno medicinsko dobro razmislete. Premnogu ste ograniceni i na drug faks osven medicina tesko ke e. Zatoa sto vo medicinsko niti fizika, niti mat niti hemija se uci. A od medicinsko na praven ili ekonomski ili arhitektura ne ja biva. Jas ne sum na medicinski na drug faks sum ama imam problem mnogu so hemija mat i fizika.
Не би рекла дека потполно се согласувам со ова. Секако, точно е дека би имал повеќе основа на медицински науки, ама дека си толку ограничен, не мислам дека си. Од клас мој соученици се запишаа на финки, тмф, пмф, филолошки, филозовски, и колку што знам положуваат (можеби потешко им е, не негирам секако ). Е за хемија изгледа зависи од професорот, јас хемија во основно ништо не знаев, се што научив, научив во средно, баш беше заангажирана професорката, и изборен дека го имав 4 год. го учев, и немав проблем..
Ако добро се сеќавам на пмф беше, за таму подобра опција е средно гимназија, по можност ПМА, евентуално ПМБ. Основата од математика, физика и хемија (тука и средно медицинско помага) што се полага е учена во гимназија. Добро размислете што понатака пред да се запишете средно. Вистина од секое средно на кој било факултет можеш да се запишеш, но потешко е при снаоѓање на факултет, особено ако разликата меѓу средното и факултетот е поголема.
Е што толку се заеба? Си имаш струка. Утре може нема да најдеш работа со дипломата од факс туку со таа од средно. Може и со медицинско средно да се запише друга гранка. Колку знам економисти и правници со средно медицинско ехее.
Тоа што мислиш дека не ти оди и ги мразиш предметите е само резултат на тоа што никој не седнал да ти објасни како што треба и ти сега автоматски мислиш дека не те бива.Никој не се родил учен, ако на некој му треба 5 мин да сфати, може тебе ти треба поинаков пристап и малку повеќе време, тоа воопшто не значи дека не те бива.Поентата ми е , мала си и не се ограничувај вака кога можеби си имаш потенцијали кои ги потиснуваш заради наставници кои не се замараат или глупи споредби од типот "никој не добил 5 во тој клас, леле страшно". Значи, немој да се блокираш со такви ситници, млада си и имаш време да откриеш што најмногу ти лежи, дали природни науки или општествени или некој занает, ако си имаш желба за гимназија запиши се, ќе видиш дека може да ти се погодат многу подобри професори, а и да не е тоа случај пак не е страшно зашто можеш да побараш помош од други ученици, имаш цел интернет кој ти е на располагање и слично, само треба труд, од небо ништо не паѓа. Во средно мнооогу често се менуваат желбите и затоа во тој случај е добра опција гимназија. Од друга страна, со стручно медицинско или фармација предноста е тоа што можеш веднаш да работиш според струката, тие работни места се барани, ама рачунај дека не е нешто многу платено.
Немој така да мислиш, ако си завршила средно медицина секогаш ќе си имаш диплома за работа ако не успееш со факсот или ако не можеш да најдеш работа со таа диплома. Гледај така на тоа.