Еве ја ќе ти кажам ако сакаш да ја имаш основата по информатика, запиши се Михајло Пупин или на ПТТ. Таму имаш смерови поврзани со компјутери само разгледај ги убаво на страната. Со гимназија ништо не праиш, јас учев ПМА срање беше. Овака со стручно бар ќе имаш на нешто да се потпреш, ако не ти оди со факултетот, здравје понатака.
Јас гимназија ќе се запишам. Само не знам сеуште кој смер, математичка А или општа А. Мислење според вас?
Може ли некој да сподели искуство со приватната гимназија Алгоритам, структура на учениците, каков е односот на наставниците, има ли разбирање, меѓусебна комуникација и сл. Благодарам
fala ti! a vaka fini li se nastavnicite, ubav li odnos imaat so ucenicite? i kakvi se generalno decata tamu?
Која гимназија да ја одберам да биде онака солидна и не толку како Орце за потоа сакам да се запишам наставна гео на ПМФ
Ти пишав, можеш што сакаш да одбереш, не е важно, економско, медицина, гимназија. Не сме како старите времиња само со гимназија да те ограничат коj факултет да одбереш, важен е само просекот.
Имам едно прашање : Во моментот сум на зимски распуст и сум 9то одд. Веќе година дена ме мачи и имам уште едно полугодие да изберам што сакам да одам во гимназија или стручно училиште.Во глобала тренирам ракомет и водам профил на инстаграм со мобилна фотографија и ме интересираат тие работи како графички дизајн. Едино што ме мачи не сакам да одам на факултет ,а и несакам да работам за друг, затоа што животот замене нема смисла кога ќе ги видам луѓето околу мене и моите родители одат на работа се враќаат немаат време за фамилијата пак ноќ па утро и пак на работа едноставно не сакам да го живеам тој заробен живот во иднина и не сакам да работам за друг поради тоа што имам сонови да бидам милионер. Ако може некој да ми помогни во оваа ситуација дали да одам стручно или гимназија и кој смер затоа што имам соништа , а и несакам една одлука да ми зависи лошо низ животот и се уште влевам во тинејџерските години и неможам да одлучам точно затоа ми е потребна помош !
Со било кое средно можеш, просек 4ки или 5. Ама бегај подалеку од пеколот ПМФ а наст. гео е доста тежок смер пошто е природна наука.