Интересно и пофално е тоа што уште сега имаш визија за самата себе. Тоа е прекрасно, ноо... По мое мислење сеуште ти е роно да ја дефинираш таа визија. Држи се ти до нејзе, и следија, но немој премногу да сонуваш дека се што сега замилуваш по 10 години ќе се оствари, барем не во буквала. Лично јас одбрав економска. Доминантната причина за ова одлука беше тоа што сакав да одам во друг град и се така натаму. Не дека знаев што значи економија, туку така одбрав. Потоа кога почнав да учам сгатив дека сум го направила најдобиот избор во мојот живот иако бил одбран онака на слепи очи. Според мене олабави малку. Сепак средното е најубав период. Има на интернет тестови што ти помагаат за професионална ориентациија, не знам колку ќе ти помогнатр ама вредат верувај., Во врска со изборот, ако си од Скопје народно речено се ти е на дланка и се ти е полесно за разлика од децата во другите градови - да бидеме реални.Можам да ти помогнам доколку си заин тересирана. Буквално и јас го помиував истиот период и знам што ти се случува во главата моментално.
Запишисе во средно каде што се учи тоа што го сакаш. Да ти кажам право, од спорт многу многу леб нема, сепак тие што имаат среќа тие стануваат ѕвезди. За да бидеш милионер, премногу труд се сака и среќа. Колку што знам, милионери се само ѕвездите, големите бизнисмени и докторите кои што успеале да се прослават. Што неверувам дека и тие биле дома по цел ден.
Nee , ama kako sto gledam femina ovoj forum dane e samo za zenskata populacija zosto prv go najdiv forumot i go napisav ova , a i masko sum.
Благодарам на твојот одговор немам баш се на дланка затоа што не сум од Скопје. Иначе машко сум можеби го имам погрешено форумот ама брзав сакав совет од некој.
Ќе бидам реална и однапред ти се извинувам ако некој сон ти нарушам. Играј си ракомет, ама верувај дека голем просперитет во државава нема. Огромна жртва е, а не им се исплатила на многумина. Тешко се успева, треба многу тренирање, максимално вложување, да покажеш дека си добар играч за да успееш да се продадеш во странство и да склучиш добар договор. А тоа не е многу често. Ако си спремен на тоа добро, ако не си тогаш сфати го како хоби, рекреација. Затоа што една посериозна повреда на многумина кариера ги чинела и ова треба да го имаш на ум. Ризик е. За графички дизајнер има курсеви, ако не сакаш факултет, а за средно мислам никое не ти е би ти дали нешто посебно знаење во однос на графика, а и зависи од кој град си, не знам ни дали Скопје има некој смер ваков во некое стручно. Е сега многу тешко е да одржуваш добар приватен и деловен живот. Многу тешко изводливо е да имаш фул време да се посветиш на фамилијата и притоа да имаш добра заработувачка, ака да си милионер. Треба премногу труд, а одржувањето на тој баланс е претежок. Ако деловниот живот ти е во прв план верувај дека повеќе денови ќе имаш кога ќе се враќаш ноќе, а наутро одма на работа.
Благодарам на одговорот и искреноста ама морам да се борам и да работам многу на соновите. Искреноста се цени!
Здраво дечки ! Јас сум 9 и не знам каде да се запишам средно Ве молам за помош , што мислите каде е најдобро да одам. Благодарам
На било кој факултет можеш да се запишеш со било кое средно.Битни се предметите што се полагаат на матура. Зошто?
Здраво повторно , може ли да ми споделите ваши искуства со средното училиште што сте го одбрале . Какво е , дали ви е тешко , какви се наставниците и дали би го препорачале. Можеби ќе ми биде полесно да одберам
Јас незнам каде да се запишам имам желба да бидам Географ ама незнам кое средно да го одберам ? Помош ???
Тогаш учи, земи книги за средношколска математика, збирки и учи.. Материјалот што ќе го учиш, предходно ќе го имаш совладано, имаш и многу видеа на Јутјуб, сега се ти е достапно.. Математика не ми иде не треба да ти е изговор, кога тогаш ќе мораш да ја совладаш ако одиш на факултет..
Бегајќи од математика, можеш само да згрешиш и да отидеш на нешто што воопшто не го сакаш.. Не бегај, седни и совладај летово дома што имаш дупки во знаењето од математика, верувај дека полесно ќе ти биде понатака на што и да одиш..
Јас бев средно медицина, математика и физика имаш 2 години, не е тешко, ама не се запишувај ако ич не сакаш медицина. Пипава работа е, и не треба да ти биде одбивно доколку се запишеш.
Здраво дечки , мислам дека веќе се поодлучив . Според вас кое школо е подобро Марија Кири Склодовска или Панче Караѓозов? Ако има некој искуство со овие школи ве молам пишете или тука или во лп