Зависи со оценките од IX плус тие од претходните три години колку вкупно поени имаш, ако си под 60 воопшто не би те примиле во гимназија мислам зошто според критериумот за упис во сите гимназии низ државава мислам е 60 поени минимум. Е сега ако имаш поени во ранг од 60 до макс 75, тогаш зависи искрено многу од конкуренцијата, но генерално Орце,Георги,Корчагин се пополнува квотата во прв рок и скоро 99% се учениците со 75 поени или во превод со сите 5ки. Карев и ЈБТ до толку не знам но и таму генерално мислам е слична ситуација. Ма да се дешава да се влезе и со по некоја 4ка зависи мнооогу од децата кои конкуриаат во школото и бројката што ја примаат. Ако толку сакаш гимназија да одиш пресметај ги поените од кога ќе ти го дадат свидетелството за оваа година па види... како што си пишал за гимназија каде не се бара толку учење не знам искрено на тоа што да ти кажам генерално во секое школо професорите си бараат учење, исто и за стручните важи, многу е битно и шо генерација професори ќе ти се погоди. А инаку исто имаш пишано гимназија што не е во Кисела Вода или Ѓорче, еве конкретно овие шо ти ги наведов ниедна не е таму, сите ти се Карпош и Центар.
Мораш да имаш 65 поени за да те примат во гимназиско образование. Не може доколку имаш тројки да те примат. Евентуално врски да си фатиш и да те турнат некако во гимназиско.
Сака да каже дека треба да се учи. Па нормално дека треба, школо е тоа. А тоа дали учениците учат, тоа е друг муабет.
Здраво на сите, Дали некој може ве молам да ми објасни како оди електронското пријавување за во средно училиште оваа година?
здраво се ближи крај година и сеуште немам одлучено кај да се записам средно во план бев да се записам индустриско ама мој пријатели што били во тоа средно вика дека насекое се тепале,се карале дури еднаш и дрога имаја најдено таму паа не сум сигурен дали да одам освен индустриско друго средно немам каде да се запишам ни едно друго средно не ме привлекува
Ако постои уште темата и некој/а прочита и знае или дали има друга таква група како се пресметуваат бодовите од основно за упис во средно образование. Како е формулата?
линк за пресметување на поени за упис во средно http://gimnazija-mk.weebly.com/10591087108010891080/1
Така примат само ако си фатиш врски. Втор круг има само кога нема да се исполни бројот, а се случува и трет да има, и се намалуваат критериумите за 5 поени. Значи, ако немаш 60-65 поени, немаш фатено врски, нема ни да те примат.
Друже... во случајов, само боречките вештини се решение. Во државава ништо не функционира. Ниту институции превземаат нешто за насилството, а за педагозите воопшто и да не зборувам. А ако повторно има такви со дрога, пази се премногу од нив. Воопшто не се замарај за нив. И да најдат повторно дрога во тоа училиште, игнорирај, не зборувај за тоа.
Zdravo Se blizat upisite a jas seuste nemam idluceno . Moze li da mi pomognete sto da odberam fizioterapeft ili farmaceft . I ako moze da spodelite iskustva
Здраво дечки, сакам да се запишам во Михајло Пупин, можете ли да споделите искуства, тешко ли е, какви се професорите, праксата за информатичкиот смер. Пишете ми тука или во лп