Јас го одбрав тоа што ми е најдалеку, и Орце и Корчагин и ЈБТ ми се поблиску. Навистина е погрешно ако го одбереш тоа што го сакаат родителите. Моите сакаа да учам медицина, а тоа најмалку сакам(мразам биологија и хемија,кои се едни од најважните предмети за медицина). Што се однесува до тоа што сакаш да студираш, јас сеуште не знам Затоа и сум во гимназија
Сега сум осмо и се мислам помеѓу Никола Карев и Васил Антевски Дрен(ако се запишам тука незнам дали да одам во економско или правно).Ке може да ми кажете што се учи у економско и што има од областа на ‘‘МАТЕМАТИКАТА‘‘ ???
Ние учиме општо математика, значи гимназијалците учат секаква мислам според програма што е предвидено од повеќе области на математиката, додека во економското мислам дека учат Математика за економисти, економските теми, економска математика. Така сум слушнала, ако грешам нека ме поправат
Koе средно да го одберам Здраво на сите. Имам голем проблем. Годинава сум 8 одделение, и догодина треба да се запишав со средно ( Скопје). Се двоумам меѓу Никола Карев и Георги Димитров. Кажете ми какви се професорите, друштвото да ли е добро?
Навистина имав голема желба да учам во Карев, но бидејќи ми е премногу далеку ќе треба да станувам најдоцна во 5 часот наутро за да стигнам на време, а тоа неможам и не сакам да го правам уште во средно. Затоа мојот избор е Јосип Броз Тито
Зошто во 5 ??? Мислам дека од било кој дел на Скопје може да се стигне во Карев за најмногу 35мин. Како и да е, ЈБТ е на 10мин. од Карев (со автобус)
Jas ovaa godina ke bidam prva sakam da se zapisam vo Gorgi ili vo Karev, no vo posledno vreme mi se javuva zelba da odam vo strucno.Bidejki vo idnina sakam da odam na praven fakultet Ve molam za sovet [mod-kirilica:2nx533lb][/mod-kirilica:2nx533lb]
Па мислам сама си го знаеш одговорот на прашањево помеѓу редови. Ако сакаш во иднина да се запишеш на Правен факултет, веројатно подобро би ти било да почнеш да ја градиш основата запишувајќи се во Борис или Моша. Се зависи од тоа која е твојата желба, и што мислиш дека би ти лежело повеќе.
Јас уште кога бев 7мо одд. бев решена да одам на правен факултет и сакав да се запишам во Борис; ама по некоја случајност во последен момент се откажав(уписите беа на 17јуни, а јас се премислив вечерта на 16јуни) Сум постапила добро што се запишав во гимназија, затоа што веќе не сакам да одам на правен факултет
Што да се запишам средно ?! Луѓе значи вака ми е работата: Осмооделенка сум и треба да се упишам за во средно ама бидејќи сум многу неодлучна незнам што да се запишам.Ја отворив темава да ми кажете примери,што вие сте запишани , како е да се запишам на медицина,економски,гимназија, дали е тешко од тие што се запишани може и примери после на што ќе одат?? Едноставно на што сте запишани и дали е лесно .. ? Ви благодарам ..
Ништо не е тешко, доколку учиш континуирано. Најважно е да го одбереш она кое навистина сакаш да го учиш и каде најмногу се пронаоѓаш. Џабе ако одбереш медицина, а немаш желба за тоа - одма пиши пропало. Преиспитај се прво што сакаш, па потоа верувам дека ќе ти биде лесно да одбереш.
Вака дечки. Нова сум на сајтот, па сакав да ве прашам нешто. Од друг град сум сакам да идам средно во Скопје, не сакам него секако дека ќе идам. Знаат моите ме оставаат и се тие работи. Па вака во план ми се Борис, Моша и ЈБТ. Борис знам дека има многу за учење сите така кажуваат а и мене не ми се оди таму. Моша викаат Албанци имало и школото е пропаст. Најмногу ми се прави кефот за во ЈБТ, пошто си имам и симпатија од таму 1ва година е. Сакав да ве прашам за билингвалната таму како е тоа. Дали е нешто како смер? Пошто ако имаш такво средно школо во градот во интернатот нема да те примат(е јас имам гиманзија ама немам билингвална). Многу ми оди Гермнаски и го сакам. Ако е смер сигурно ќе ме примат и колку класа се во тоа билнгвалната? Нешто 6 пати неделно Германски се учело, и дали на Гер. се учат сите предмети? Само да е смер тоа сигурно ќе ме примат во интернатот инаку пак ќе кажам не смее/ не може да ме примат. Децата какви се во ЈБТ? Слушам шмизли имало. А Турците дали се одделени некако? Поздрав
Имаш посебна тема за гимназијата ЈБТ. Како и да е, да, има билингвални класови. Не сум многу добро информирана за тоа колку точно билингвални класови има, но можеш да прочиташ или доколку нема одговор, можеш да прашаш во темата наменета токму за тоа училиште. За шмизли - секаде ги има, не само во ЈБТ. obrazovanie/sugs-gimnazija-josip-broz-tito-skopje-vase-mislenje-t3016/210.html
Ако учењето ти оди,тогаш никаде не е тешко! Одберето го тоа што ви лежи на срце,за понатаму да си имате професија која ќе ја сакате.И работите што ви се зададени да ги работите со ќеф. Верувале или не јас од 5то одд знаев што сакам да бидам,и си се определив за тоа.Желбата е најважна. Вистина рано е да се определиш од 5то но јас сум многу решителна личност и секогаш знам што сакам. Додека сите се мислеа кај да се запишат јас си кулирав Е сега се двоумев за истиот смер но во кој град.Прилеп или Битола..?Ми беше тешко да се одлучам,моите не ми забранија,ми рекоја ако мислиш дека таму ти одговара ок . Мислев да седам во интернат.И што ти не. Но сватив дека е тешко така. Одделен си од твоите родители,најдобри другари и сл. И знаете што ме премисли....Љубовта! Се заљубив,тој беше за мене единствен,си реков ако заминам за нашето ќе биде крај! Решив да останам само поради него И не зажалив,ако заминев ќе ми беше тешко за учење,тешко бидејќи семејството ќе го гледав само на 2 дена,прашање за и тие два?!И знаете,никогаш немаше да почуствувам вистинска љубов.. Но сепак останав И знам оти никогаш нема да се покајам за тоа. Сега што имав една школска од Кавадарци учеше во Прилеп,и од 2 полугодие не е веќе со нас. И било мн.тешко.Тешко и било да не остави,но неможи без семејство,пријатели.САМ :/ Така би ми било сигурно и мене во Бт. ја сваќам до негде.Ама тоа е тоа
Епа искрено ....некој што отвара тема чоек што си нема појма што би со себе и кај ќе оди во средно ... .... значи таквите луѓе би ги закопал ЖИВИ ...без навреда..да даде господ да си дочекам син да имам или ќерка и да незнае кај да оди во средно а додека НАЈАМБИЦИОЗНИТЕ и луѓето што би можеле да го променат светот ако немале притисок од „најсветото нешто“ фамилијата за да тие се запишат на смер што НИВНИТЕ го посакуваат .... епа незнам луѓе.... Мада...генерално Не се ограничувајте себе бе матер му ебам ...не одете слаткарско и такви смерови...има пари во тоа не викам не ..ама неможеш да бидеш во подем цел твој живот со угостителско..одбери си класика...гимназија.. било каква ама гимназија да биде.. со слаткарско после 39 години ќе можете ли да просперирате Со извинение до тие што се од угостителско..чиста компарација..рандом сори..
И кој му к*р бизнис, што јас завршив гимазија ? Тој со слаткарството има занает, а јас со гимназија само можам овде да раздавам бардиња по форуми, оти нели имам познавања од сите теми гимназија сум учела. И баш ако сакаш да знаеш мнооогу луге од слаткарство живеат. Мое мислење е дека треба да го одберете тоа што најмногу го сакате. Инаку лично сметам дека за девојки најдобро е фармација или фризерско. И да не се запишеш на факс работа имаш, а ако завршиш и факс ке си имаш две професии. Offtopic-Оваа тема нема смисла? Гледам па твојана што си ја отворил со затрескувањето во некоја типка има смисла
Го препорачувам Корчагин, не велам дека не е тешко, но се исплати. Основата што ја стекнав и навиката за учење ретко во кое школо може да се најде, а тоа на секого ќе му треба за понатаму. Има зезнати, строги професори, чудни, ти ствараат нервози, но се тоа направи да бидам поупорна и да не се откажувам од она што го сакам
и јас сакам да прашам нешто имам желба да се запишам на архитеектура факултет а осмо одееленије сум на што да се запишам поврзано со архитектура ? Иначе од радовиш сум ако сакате да ми помогнете ?