1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кое средно училиште да го одберам?

Дискусија во 'Образование' започната од Teddey, 14 јануари 2011.

  1. Polumaturantite

    Polumaturantite Активен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2022
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    4
    Минатата година во кои училишта и за кои смерови имаше слободано место во вториот уписен рок?
     
  2. Alex29

    Alex29 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2018
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    129
    Пол:
    Женски
    Разгледај ги предметите што се учат во двете струки (зборувам за стручните предмети), размисли си кон што повеќе имаш афинитет. За фармација треба добро хемија да владееш бидејќи во средно фармација изучуваат аналитичка, физичка хемија итн.. од втора па натаму. И секако за што имаш ти поголема желба во иднина да го работиш. Според мене и со двете можеш работа после средно да најдеш ако не продолжуваш на факс понатаму, доколку продолжуваш со средно фармација имаш одлична основа за понатака на факултет. Пак ќе кажам зависи најмногу од тебе не слушај други што ќе ти кажат после да не ти биде криво, сама кога ќе си одлучиш најубаво ќе знаеш што како и зошто.
     
  3. sino.o.oka

    sino.o.oka Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2020
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    3.355
    Пол:
    Женски
    Скоро во сите. Едино медицинските и информатичките смерови може е да се пополнат
     
  4. tellmepls

    tellmepls Нов член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2022
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    9то одд сум и се мислам што да се запишам. Се мислам помеѓу гимназија и медицина, што се однесува до медицина се работи за училиштето Јане Сандански- Штип. повеќе би сакала медицина. Дали некој знае нешто за ова училиште како е?
     
    На Ioaňa19 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Polumaturantite

    Polumaturantite Активен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2022
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    4
    Може ли некој подеталнно да ми објаснни за смерот физиотерапевт и фармацевт во Панче, какви се професорите, наставата, праксата, дружбата меѓу учениците таму, имаат ли многу воннаставни активности
     
  6. glupsumjbg

    glupsumjbg Активен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2022
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Машки
    Инаку колку за инфо Корчагин оваа година примија ученици со по 62.00 просек а пак Панче имаше место за Фармацевтски техничар и лаборант и во ТРЕТ круг што значи дека паѓаат Орце руши рекорди исто така и Карев оваа година се дига
     
  7. Snowflake99

    Snowflake99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2022
    Пораки:
    1.447
    Допаѓања:
    5.721
    Пол:
    Женски
    Во средно медицинско јас завршив пред неколку години и чудно ми е што нема годинава интерес како порано.
    Може и да се празни средниве школи зошто младината се исели, нема веќе толку деца, ние големи генерации бевме.
    Ама и секоја година различни школи се популарни, едно време и за Георги и ЈБТ се тепаа за упис, сега не се ни спомнуваат. За некоја година и Орце пак ќе биде небитно, на секои 5 години различни школи се популарни.
    Во Орце сега одат зошто мислат "елитната" класа и богаташите таму учат, пола и повеќе се деца на богаташи, 80% се со врски, јас мое дете таму не би ни запишала. Мислат ако учат таму ќе бидат со јаки луѓе опкружени, родители слушам зошто ги запишуваат таму, трагикомично е. Битни луѓе од мали да запознаеле, ќе им требале во животот.
    Едно време ЈБТ беше така. Како државни гимназии од тип на приватни се. Ќе им пројде мода за брзо, трендови се во прашање.
    Карев не беше актуелно годиниве, па еве сега пак.
     
  8. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.237
    Пол:
    Женски
    Медицина од секогаш имало интерес посебно на смерот за сестри. Секоја година имало простор во лаборанти и фармација
     
  9. Snowflake99

    Snowflake99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2022
    Пораки:
    1.447
    Допаѓања:
    5.721
    Пол:
    Женски
    3 уписен рок никогаш немале места. Забни техничари и физиотерапевти во моја генерација имаше неколку места празни во 2 рок, се друго беше пополнето. Но, големи генерации бевме и во основно. Гледам сега кај сестра ми многу помалку деца се, класови со 15 деца по школите, додека ние 30+ бевме, влијае и иселувањето на младите и намален наталитет според мене.
     
    На Glowy и Kimberly11 им се допаѓа ова.
  10. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.237
    Пол:
    Женски
    Jas mislev za vtor krug imalo. Za tret nemase nikogas vo pravo si. Toa kje da e problemot.
     
    На Snowflake99 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.585
    Допаѓања:
    38.885
    Пол:
    Женски
    Колку само неточно :rofl:
    Ти кај се запиша?
     
  12. Alex29

    Alex29 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2018
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    129
    Пол:
    Женски
    До некаде си во право се менуваат работите, децата, професорите и генерациите. Но еве и јас и сестра ми завршивме во Орце. Искрено немаше некои со претерани врски, секако на крај на секому попуштаат ако му фали за успех или ако му е единствена пониска оценка меѓу другите итн итн.. Сега новиве генерации што доаѓаат не знам какви се, но во моја генерација еве и кај сестра ми не е воопшто точно тоа што го збориш. Јас кога бев средно таквите одеа во ЈБТ(извинете да не генерализирам и таму учеа супер деца, но знам добри 7-8 од генерација што во ЈБТ "си ги ладеа буквално", а завршуваа со успеси од 4.60-70 нагоре па се до 5.00 без книга да фатат, зошто нивните се некој и нешто, а тек па колку има уште што не ги знам ехее...). Во Орце тоа го немаше, верувам и уште го нема, но еве во тој дел ќе се согласам до некаде со тебе дека за некоја година можно е да не биде Орце тоа што е сега или беше години наназад, зошто стариве авторитетни професори полека но сигурно одат еден по еден во пензија, младиве што доаѓаат се посебна приказна. Имав искуство со неколку такви можам да кажам да ако продолжи тој тренд на вработување на секаков кадар не само Орце, секое школо ќе иде надолу и ќе преовладуваат врските, татините и мамини деца ќе имаат петки и така натаму...
     
    На Snowflake99 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Snowflake99

    Snowflake99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2022
    Пораки:
    1.447
    Допаѓања:
    5.721
    Пол:
    Женски
    Тоа викам. ЈБТ порано беше такво, сега Орце го направија. Трагикомедија е образованието кај нас како и да е, се со врски, секаде истото.
     
    На Alex29 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Polumaturantite

    Polumaturantite Активен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2022
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    4
    Да прашам за средните стручни училишта, за летната пракса, како се одвива? Има и во прва или само во 2ра и 3та?
     
  15. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.237
    Пол:
    Женски
    За кое школо прашуваш?
    Летна пракса имавме во медицинсско 20 работни дена 2 и 3 година.
     
  16. Polumaturantite

    Polumaturantite Активен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2022
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    4
    За ПТТ и хемиско
     
  17. glupsumjbg

    glupsumjbg Активен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2022
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Машки
    ПТТ имаат пракса во сите 4 години сите смерови Хемиско имаат само 2 и 4 година
     
  18. Polumaturantite

    Polumaturantite Активен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2022
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    4
    Не најдов соодветна тема затоа тука пишувам, знаете кој се лектирите за 1 година средно стручно, во школото ништо не ми кажаа:):):)
     
  19. _beautyy_

    _beautyy_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2021
    Пораки:
    734
    Допаѓања:
    2.485
    Пол:
    Женски
    Сигурно ќе ви кажат кога ќе тргнете на училиште. Мислам дека се менуваат, не се секогаш исти.
     
  20. babygirl20

    babygirl20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2021
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    278
    Пол:
    Женски
    За сите струки се различни мислам
     
    На _beautyy_ му/ѝ се допаѓа ова.