Годинава тргам 9то одд, и имам уште некое време да размислам каде во средно. Се решив за медицина,но не сум сигурна за кој смер. Најмногу се двоумам помеѓу смеровите мед. сестра и забен техничар. Па ако може некој што учи таму да ми сподели свое искуство или мислење
Здраво!Јас сега сум 9 одд. и би сакала да се запишам на Факултетот за природни-математички науки,но не знам во кое средно училиште да се запишам!Во гимназија или во медицинско?Инаку,за сега барем скроз сум одлична.Ве молам,одговорете ми!
Би ти препорачала Гимназија, смер ПМА во кој се обработува целата математика и физика. ПМБ е повеќе за биологија и хемија.
Многу зависи што смер би запишала на пмф па според тоа да се ориентираш дали ти се поблиску предметите од медицина или гимназија.
со која гимназија најдобро би било да се запишам за да продолжам после на медицински факултет или пмф биологија ... Карев,Јосип броз ТИТО ,Георги?
Добар ден девојки, ме интересира ваше мислење за погодни средни училишта за ученици со одличен успех во сите одделенија. Пишете по некое средно. ❤️
Зависи дали прашуваш за гимназија или стручно. Ако сакаш гимназија, јас можам да ти ја предложам Орце Николов, бидејќи таму учам, за школово можам да ти кажам дека е супер, реновирано е, одлични услови за настава има, професорите генерално супер, со минимални исклучоци што во секое школо ги има. Не се сведува се само на учење, имаш можност и за учество на бројни проекти, можност и за билингвална паралелка- англиска/ француска. Ако си одлучена што сакаш да бидеш во иднина и средно стручно е супер опција, само зависи што сакаш, различни стручни има. Плус вака добри школи што еве можам да ти ги кажам се Панче- смер медицински сестри, Јосип Броз Тито (таму германска паралелка има мислам), Георги исто не е лошо, малку построго е само. Сепак за нив најубаво ќе ти каже некој што учи таму.
Od gimnaziite Orce, JBT, Korcagin, ako sakas drzavno. Karev iskreno ne bi ti go preporacala, sega stv ne znam kako e, jas koga bev sredno bese ziva katastrofa, ne ucev Karev, no imav drugarki od tamu, se imase samo ucenje ne. Ako sakas privatno, NOVA definitivno. Deka e skapo e, no imas milioni moznosti i povolnosti za da prodolzis na studii vo stranstvo, osobeno so IB programa ako si. Od strucnite ne znam bas osven Pance i Boris za drugive bas neam nekoe ubavo mislenje. Zavisi toa od konkurencijata i od smerot. Vaka sto znam za sestri malce potesko, obicno sekad so 75 vlagaat tamu, pa se slucuva i priemen da ima duri zosto ima golem interes, plus i doagjaat ucenici od drugi gradovi i golema konkurencija. Sepak individualno e za sekoja generacija, moze ke se pogodi i da te primat, ne znam.. Za drugive smerovi bi trebalo (spored mene).
Ако стварно учиш би ти рекла Орце и тоа билингвална или Корчагин. Георги Димитров исто не е лошо. Е сега ако имаш можности - НОВА, ко што пишала и членката над мене, бидејќи многу врати се отвараат. За стручни не знам, релноста е дека има многу добри смерови ама одлични ученици баш и не се запишуваат (освен можеби медицинско).
Работев во средно медицинско училиште, смер сестри доколку сакаш медицина. Условот за тој смер е секако 5.00ви сите години. 90%од учениците учат премногу и се стварно квалитетни и вредни. Доколку те влече нешто друго, не знам. Немам контакт директен со друго средно училиште, ниту сум имала
zdravo prasanjevo malku izleguva od tema no ne najdov dr tema sto e pobliska do toa sto go baram. me interesira dali e vazno za zapisuvanje vo gimnazija kolku opravdani/neopravdani si imala vo osnovno? i dali 1 neopravdan menuva nesto? isto taka dali polugodisnite oceni se zimaat vo obzir ili samo tie za kraj godina? fala vi odnapred