Мислам за сестри е голема конкуренцијата и обично со сите 5ки влегуваат таму, но постои простор за исклучок зависи колкав интерес ќе има и колку ученици примаат. За другите смерови што сум слушала, а еве и во темава пишуваат можело и со под 75 поени.
Јас Орце ќе одам дефинитивно, ако го положам приемниот секако (доколку има и оваа година). Лично по тоа што јас се имам распрашано и тука на форум и меѓу пријатели што ги познавам што учат или завршиле таму, некако најокеј ми стои по тоа што ми кажаа.
Во Корчагин билингвална само фрацуски јазик е? Сакам таму да одам, зашто математика и физика многу сакам и ме бива, ама сега германски учам...
Во Корчагин е само француска билингвална. Ако учиш германски јазик и сакаш да одиш во Коргачин тогаш можеш да се запишеш во класична паралелка и втор јазик ќе продолжиш да си учиш германски. Е сега не те разбрав баш, ако сакаш во германска паралелка, тие мислам се со 5-6 часа неделно германски и се учи на повисоко ниво, ги има во ЈБТ и во Георги. Некој повеќе ако знае за нив нека ти каже, јас колку што сум упатена, учат само германски јазик на понапредно ниво, останатите предмети ги учат како и во сите други училишта. Во однос на смеровите што прашуваш имаш ПМА, ПМБ, ОХА, ОХБ, ЈУА и ЈУБ. Точно кој што значи и кои предмети се изучуваат како изборни имаш на линков. Без разлика што е од Орце, во која било гимназија се истите. Овој прв го најдов. https://orcenikolov.edu.mk/nastava/
За во фискултурно и/или спортска академија не знам дали е тоа исто, може ли некој да ми пише повеќе детали.. Со колку бода примаат, како се организирани паралелките, дали е тешко да се запишеш таму, што се прави на проверката на физичка спремност?
Спортска академија примаат со врски, поени од оценки немаат врска, имаш тестирање и тоа два круга, се играат натпревари и као они треба да те оценат ама не ни гледаат, однапред се знае кои се примени, барај луѓе ако сакаш таму.
Не, спортска академија ти е посебна/и специјализирани паралелки за одреден спорт пр.кошарка и како што ти пишала членката над мене имаат селекции на кандидатите според претходни тренинзи, натпревари итн. Фискултурно ти е класична спортска гимназија каде што си влегуваш со оценките од основно. Мислам дека паралелките од спортска академија се во склоп ма ММ Брицо фискултурното, но не сум сигурна.
zdravo za upisi dali e potrebno poeni? zatoa sto kako sto znam toa vazi samo ako ima priemen no koregirajte me ako gresam, jas sum skroz odlicna no nemam ucestvuvano na natprevari pa zatoa ne znam kako odi toa
Ако ти се сите 5ки од 6то до 9то одделение и сите години имаш примерно поведение тогаш имаш 75 поени. Плус 5 поени ти се додаваат ако имаш учествувано на државни или меѓународни натпревари дали сите 5 ќе ти ги дадат или 1,2,3.. зависи од наградата. Така што максимално може мислам 80 поени да имаш. Но се разбира без награди можеш да конкурираш апсолутно секаде.
Значи ако немаш одено на никакви натпревари,ќе се прави тестирање за да се одбере кој ќе оди,кој не,или? Не разбирам баш.
Не не. Тестирање има само ако во одредено училиште има повеќе пријавени од предвиденото и сите се со ист број на поени (во најголем дел од ситуациите со сите 5ки). Како во Орце лани што беше. Сега мислам ме разбра
И јас исто иако имам на 2-3 натпревари учествувано до сега немам земено награда на државен, освен една пофалница но тие не ги сметаат мислам. Така да ние скроз одлични што сме веројатно ќе имаме 75 поени и тоа е тоа. Натпреварите се за некој поен плус.
da da bash za toa citav vcera, poenite od natprevarite ne menuvaat nesto mnogu realno, maksimum 5 boda ti nosat taka da spored mene najbiten si e uspehot
Трета година средно сум и сакам да се префрлам во некое од средните училишта во Скопје, насока ПМА. Дали е тоа возможно и кое училиште би ми го препорачале?
Не знам кое е е за препорачување, ама можеш да се префрлиш кога сакаш, евентуално ако треба некој диференцијален испит да полагаш.