Па вака шесто за седмо сум и уште сега сум одлучена дека сакам медицинско средно да одам,али моите велат да не се избрзувам дека сум уште мала а сум можела да се предомислам и дека ми иде цртање и математика и дека ако сум се предомислела после за друг факс немало назат и сега незнам што да правам.Ама ми рекоа ако сум навистина одлучна ќе сум се запишела не дека ми бранат туку само ме предупредуваат и ми рекоа да отидам гимназија(оти тука нема да учам нема ,ама гимназија било подобро, оти тука нашава е хаос) и дека ќе стекнам подобра основа во некоја јака гимназија и дека ако се предомислам...Ама јас искрено неможам да се замислам да учам општа медицина ме влече и точка хД Ама ми е страв после да не се предомислам ;/
Како тоа шесто за седмо си а сега е второ полугодие ? Инаку имаш време до осмо уште 10 пати ќе се премислиш којзнае ,за цртањето и не мора специјално да идеш средно за тоа ,тоа мислам со некој курс некои дипломи ќе си завршиш работа ќе го научиш,посвети се на нешто “поголемо“ кога веќе се мислиш..
Па вака имам една награда 3 место регионален математика и прво место општински и сето тоа и не ми беше баш по ќеиф ,но наставничката беше запнала..и тоа по ликовно имаше нешто натпревар на регионално, инаку знам дека мислите сега ова ми се фикс идеи, но навистина сакам и незнам што да правам но сепак има време
Девојче, ајде полабаво малце. Имаш уште бааги време до средно, зошто уште од сега се оптоваруваш со тоа? Мислам, океј е да си имаш барем некаков план, ама во дилеми и трилеми да се ставаш.. Мој совет ти е гимназија, но ако си сто проценти сигурна дека сакаш да студираш медицина, запиши се во соодветното средно, ќе ти биде доста полесно на факултет. Но, доколку ти се јавува двоумење (а, гледам дека се двоумиш), одбери си гимназија. Јака гимназија, за да можеш да стекнеш што подобра основа и знаење за во иднина. И цртањето остави го како хоби, нема голем успех и пробивање со тоа. Ама пак ќе кажам, рано ти е..
Ретко кој полуматурант е цврсто решен што ќе учи средно и дека истото ќе го продолжи на факултет. Затоа дел одат гимназија, што е попаметен избор многу нормално зошто имаш знаење од сите области, а дел одат средно стручно. Е сега овие вториве, помалиот дел продолжуваат на соодветниот факултет што е коректно нели, а останатите си мислат дека имаат занает од средното и затоа всушност и одат пр. средно медицина факултет правен, демек ако не најдат работа како правници, ќе нашле како медицински сестри. Тоа размислување ми е многу... банално. На денешен ден не си никој и ништо без факултет, какво време дојде веќе и факултетот не ти е некој доказ, па гледам почна на големо и да се магистрира итн. Така што, мој совет за сите основци е гимназијата. Освен, нормално од секое правило има исклучок, а тоа е да одат средно стручно оние кои се сигурни дека нема да се предомислат во струката и да продолжат во сосем друга, за нив непозната насока. Е тоа е промашај за мене. Инаку ти девојче што побара совет, па ти си само 6то одд. и само 2 години учиш биологија. Од каде ти е таа љубов кон медицината? Не си видела ни Б од биологија, хемија уште не ни учиш. Не знаеш ни дали ти оди од рака, не знаеш ништо. Имаш време до 8мо, дотогаш колку-толку повеќе ќе ти се разбистрат работите за што си, а за што не си. И ќе почнеш со елиминација.
Без разлика за кое средно училиште ќе се одлучиш, нема да ти пречи да се запишеш на сосема друг факултет.. На пример јас завршив средно економско и сега сум на машински факултет и ми е супер си го сакам факултетот, единствено имам малку проблем со математиката затоа што во средно учев економска математика, а сега ја имам општата гимназиска математика ама лесно ја совладувам.. Се зависи до тебе немој да мислиш дека ако се запишеш во средно медицинско дека мораш и медицински факултет да завршиш.. Инаку јас не сум сакала никогаш гимназија да се запишам, повеќе сакав стручно, затоа што сметам дека стручните средни училишта имаат поголема предност во однос на гимназиите.. И мој совет што и да се запишеш гледај за понатака за факултет и после факултет колку можности ќе имаш за работа, затоа што конкретно на економски факултет има преку 500 души на смер, а кај мене на машински од мојот смер сме само 7 души па така знам дека со машински ќе имам поголеми можности за работа затоа што имам помала конкуренција.. Како и да е немој да мислиш дека средното многу би влијаело врз факултетот, се зависи до тебе каде што ти е тебе желбата таму запиши се, иако ти е уште рано имаш уште 2 години време да размислуваш
Економски во една генерација има максимум 100 и нешто студенти на еден смер и приватна и државна квота, а смерови има 7.
Па ЈБТ ти е јазична гимназија,така да ако ти идат јазици оди во ЈБТ, а Орце имаш Информатика ... Сепак како што викаш,секаде е тешко.
Па добро може има 100 студенти на смер и приватна и државна квота, ама после првите два семестри и кога ќе почнат да се откажуваат од премногу изгубените предмети, ги гледав примените на економски баш оваа година.. Како и да е најверојатно си на економски што толку тврдиш, а можеби пола и повеќе не се ни појавуваат никогаш затоа што не ви е потребно присуството.. Немам ништо против економскиот, само си го делам јавно моето мислење за тоа кој според мене е подобар факултет.
Еј шо е со коментаров? Па и ЈБТ, Карев и Георги имаат информатика. Не ја сфаќам поентава на Орце и информатика кога секоја општа гимназија има информатика. Можеби ЈБТ е јазична, но и Корчагин и Орце се јазични. Сите три школи имаат билингвални англиски/француски/германски паралелки така да.. немојте со вакви декларирања. Он топик: Гледајте средното училиште да ви биде што поблиску, да не се мрцварите насабајле по автобуси, а особено за зимно време е катастрофа. Обично повеќето бираат општа. И јас сум ЗА општа гимназија, што е можно поблиску до местото на живеење.
Ми треба помош затоа што незнам каде да се запишам во средно. А имам уште само 2 месеци з мислење. Ве молам ги очекувам вашите мислења. И ве молам кажете дали е подобро средно стрчно или гимназија?
Ако веќе знаеш что сакаш да студираш и да работиш во животот, ти препорачувам стручно школо. Ако не знаеш, а повеќето не знаат, оди во гимназија, за да се насочиш некаде.
Би сакала да се запишам во средното училиштте Панче Караѓозов само незнам кого и да прашам ми кажуваат дека ке направам голема грешка ако се запишам во Панче Караѓозов
Девојки де ве молам пологнете ми!Веќе 20ти Април дојди а јас сеуште незнамкаде да се запишам.Имам голема зелба да учам медицина ама такво училиште нема во мојотград и треба да одам во Велес ама таму треба да бидам во интернат па сега се мислам дали ќе мошам да издржамда не сум мала? И плус тоа немам никаква информација за интернатот.А освое тоа училиште можам да бирам и гимназија-општо.Де ве молам помогнете ми незнам што да правам а немам веќе многу време за размислување.
Според мене ќе повторам пак најдобар избор е гимназија. Ќе имаш знаење од сите области, зависи колку ќе си научиш ти самата, а и во твојот град е. Не се исплати да одиш само заради средно во друг град, ама стварно не се исплати! Зошто и од гимназија што зеле биологија и хемија, и ти што си зела тоа интерно исто бодови ви носи ако имате двете 5ки. Сакам да ти кажам, не си во предност во однос на уписот на факултет, само си во предност во однос на знаењето, што и тоа се совладува на факултет па скоро секогаш гимназијалците ги надминуваат учениците од средно стручно на факултетите, чудно ама вистинито. Медицина прво види како ќе ти одат биологија и хемија во средно, па потоа ако сакаш студирај на факултет. А може и да се премислиш, не се знае 4 години се во прашање
POMOS SREDNO VO MKD NESTO ZA UMETNOST DALI DRAMSKO, dizajner znam deka vo skopje ima ucilista umetnicka kakva e taa stola ili dramskata slusam mn malku primaat i toa so vrski se dali znaete bidejki navistina me vlece ili filmska umetnost moda nekoja takva rabota povrzana so umetnost (crtam i slikam ubavo ama ne sum bas kon toa orientirana mozebi vo idnina) ve molam ako znaete pisete pozz
^^Средно уметничко во Скопје е Лазар Личеноски, ама за драмско средно мислам дека нема (поправете ме ако грешам) Е сега, ако си заинтересирана за уметности можеш да одиш и во гимназија, а после да избереш Јазично-Уметничко подрачје Б...
Бев решена за информатика последниов период, разговарав и со моиве, направивме километарски планови како и што ќе биде.. И опа - денес идат во школо да ни држат презентација од Наум Наумовски - Борче од Крушево (Угостителско училиште) , и ја просто се заљубив! Значи, оние кои знаете помалце, училиштето е навистина добро, имаат прекрасни униформи, има три струки, за туристички водач, за на рецепција и за готвач. Со завршено 4 годишно образование можеш да се вработиш, а ако сакаш да одиш на факултет полагаш пет испити и добиваш диплома за техничар. Имаат лесни предмети, превозот е бесплатен (јас сум од Прилеп) притоа, јас немам проблем кога патувам да ми се лоши или слично. Одат на натпревари, имаат пракса, и кујна по најсовремени стандарди. За време на летниот распуст одат по одморалишта, готват таму и си земаат пари! Одат на натпревари, и кога работат некаде преку летото ако газдата е задоволен од работата му дава пари! Сон еј! Тоа ми е најјакото во целата приказна. Петок има отворен ден за посета на училиштето, морам да го видам. А и информатика ме влече, не знам, во дилема сум огромна.. Иначе информатика има во Прилеп. Ваш совет?