Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кое средно училиште да го одберам?

Дискусија во 'Образование' започната од Teddey, 14 јануари 2011.

  1. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    Дилема - Угостителско или информатика?

    Тоа ипак е нешто за кое ти би требала да се одлучиш, нели што повеке те влече каде повеке се пронаогаш како личност.
    Сметам дека многу повеке просперитет имаш во информатичката струка, потешка е и факултетот бара жртви , ама ете од програмери секогаш има дефицит, исто повеке платена работа е.
    А од угостителство многу е тешко да најдеш добра и убаво платена работа
     
  2. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Дилема - Угостителско или информатика?

    ВНИМАВАЈ :!:
    Јас цело време во средно бев одлучена што сакам да одам на факултет, а на крај се зезнав баш од овие презентации.
    Искалкулирај си што ти се исплаќа за во иднина, а не за додека си млада.
    Ако газдата плаќа каде што ќе работиш угостителство, додека имаш 25 па и 30години, мислиш дека ќе плаќа и на 40-50, кога ќе треба за дете да мислиш да обезбедиш??? Можеби да, а можеби и не, можеби ќе сака помлади, односно некои 18годишни, или нови генерации кои се во училиштето во кое и ти си била.
    Ова е сосема нормално, поради фактот што на сите ни е познат, досега во угостителството немам видено повозрасни особи, односно сите се помлади девојчиња.
    Во однос на информатиката сметам дека имаш поголеми можности за малку подалечна иднина. Ако добро ти оди, ако знаеш и разбираш, доколку се определиш за да програмираш, можеш тоа да го работиш и од дома, да си бидеш сам свој газда, никој да не те замара, а да вадиш одлични пари.
    Денес програмирањето е навистина барана работа.
     
  3. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    1.647
    Дилема - Угостителско или информатика?

    Elichka ајде малку пореално види ја сликата во Македоија, побарај низ интернет и ќе видиш што е потребно. Праксата, униформата и сите тие работи кои те привлекуваат за да одиш угостителско, а откако ќе завршиш средно што понатаму. Побарај еден оглас за готвач, на сите пишува СЕ бара готвач со работно искуство. Побарај друг оглас за рецепција- Се бара рецепционерка во хотелот Х, со познавање на најмалку еден( во зависност од хотелот со колку * е) странски јазик. За туристички водич, согласно со Законот за туристичка дејност потребно е да имаш СЕРТИФИКАТ ЗА ТУРИСТИЧКИ ВОДИЧ ( а тој сертификат не можеш да го добиеш со средно)
    Јас не можам да те разубедувам, ниту сакам лошо да влијаам на твојата одлука, но сепак мислам дека со информатика многу повеќе ќе добиваш понатаму во животот.
     
  4. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    4.254
    Дилема - Угостителско или информатика?

    Твој треба да биде изборот. Со тек на време работите се менуваат и не може да се каже дека во ова или она има повеќе иднина и заработка - тоа е индивидуално. Ако завршиш едно нешто не значи дека тоа и ќе мораш да го работиш во животот. Но секое образование може да ти биде одскочна даска за нешто поубаво и подобро во иднината.
     
  5. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    4.846
    Chocolateness Јахја Кемал колку е сумата за школарина ? и дали можеш да се запишеш со понизок успех пошто е приватно или како и другите средни мораш да имаш одличен успех?
    П.С.не прашувам за мене!-но заинтересирана сум за блиски...Ти благодарам однапред.
     
  6. macysh

    macysh Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2010
    Пораки:
    1.118
    Допаѓања:
    851

    Eве јас ќе ти одговорам.Вака значи,имаш Јахја Кемал во Скопје,Струга,Струмица,Тетово и Гостивар. Во Скопје ( Бутел и Автокоманда) школарината ти е 2700 евра,а во сите останати по 2200 евра годишно. Во Скопје,Гостивар и Струга имаш интернат ( Скопје и Гостивар по 2000,а Струга по 1250 евра годишно)
    Инаку за да се запишеш во било кое средно Јахја,треба да полагаш приемен испит ( по математика,интелигенција и општа култура - прилично лесен е,треба да ја имаш основата) кој веќе се одржа во некои региони.Најдобрите 18 на испитот добиваат стипендија ( првиот и вториот целосна,третиот 90 % итн. се намалуваат според рангирањето) Е сега и да не добиеш стипендија може да се запишеш без разлика кое место си и каков ти е успехот од основно,само нормално ќе си платиш а тоа се ОГРОМНИ трошоци за средно образование ;) А и да напоменам дека покрај горенаведените трошоци прва година ти одат уште 500 евра плус,околу 200 за учебници,200 за униформа и 100 евра депозит.Втора и четврта само за учебници плаќаш,а во трета повторно и за униформа - се менува.

    Се надевам помогнав,ако те интересира нешто друго прашај ЛП :)
     
  7. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    4.846
    Извини не те разбрав баш убаво...Значи ако не имас одличен успех или ако не земеш стипендија (Односно акко што кажа првите 18 на приемниот испит) доплаќаш уште за да те примат или...?
     
  8. macysh

    macysh Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2010
    Пораки:
    1.118
    Допаѓања:
    851
    Не не,си ја плаќаш редовната школарина ( онаа цена која веќе ја спомнав погоре) :)
     
  9. Chair

    Chair Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    3
    Chocolateness Јас сакам да знам како оди наставата во Јахја Кемал колку се учи и дали се наставниците строги.јас имам попуст и во дилема сум бидејќи слушам разни муабети за оваа школа дека е приватно не е добро и сл.Те молам за совет . :)
     
  10. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    4.846
    chair како мислиш попуст? 8)
     
  11. Anonnimna

    Anonnimna Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2011
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    76
    Во Јахја Кемал попуст добиваш само ако си бил на тој приемниот тест кој што се состои од интелегенција,математика и општа култура.Со тој тест добиваш стипендија(не сите учесници само тие што се меѓу првите 10) Инаку ќе си платиш целосна сума.
    Имаат попуст 10% мислам дека доколку уште некој од фамилијата ти учи таму .
     
  12. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    4.846
    Аааа ок сфатив .Фала :fubar:
     
  13. staar

    staar Активен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    2
    Корчагин или Васил Антевски Дрен

    Според вас кое е подобро од овие 2 училишта,Корчагин или Васил Антевски Дрен зошто мислите така и каде е потешко?
    неможам да се одлучам меѓу овие 2 училишта и се надевам дека вашите одговори ќе ми помогнат :)
    фала :)
     
    На kikkki му/ѝ се допаѓа ова.
  14. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    4.846
    Би те советувала во Корчагин
     
  15. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.936
    Јас учам во Корчагин и тука е потешко, ама Корчагин и Дрен се 2 различни смера. Кога би се запишала пак, би избрала економско за да не се мачам олку.
    Ако планираш да учиш или евентуално имаш некои врски иди во Корчагин. Ќе ти се исплати. :)
     
  16. Jana-fana

    Jana-fana Активен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Корчагин или Јосиф Брос?Луѓе помагајте уште три дена!!!

    Вака,
    има уште три дена до усписте а јас сеуште не можам да се одлучам дали да го одберам Корчагин или ЈБТ.Сакам во ЈБТ бидејки многу ми идат јазици но кога дознав дека и во Корчагин има билингвална германски малку се замислил.Одличен учеик сум и мислам дека нема да имам проблеми таму а истоверемено таму нема многу шмизли.Но пак размислувам бидејки доста учам и сфатив дека животот не сакам да ми помине цел во учење па затоа некако ЈБТ пак ме привлекува.Мајка ми ми вели во Корчагин а татко ми во ЈБТ.Во ЈБТ има и повеќе деца кои ги знам а во Корчагин ќе бидам со братучетка ми. ПОМАГАЈТЕ ЦРКНАВ НЕМАМ ВРЕМЕ..........
     
  17. Smurfette.M

    Smurfette.M Популарен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    621
    ^^а кое од овие две училишта ти е поблиску?? ;)
     
  18. Smileee

    Smileee Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2011
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    12
    Во Корчагин билингвална германски ? :^)

    Зашто јас се мислев дека има само француска..
    Инаку да избери си го тоа што ти е поблиску,односно избери го тоа каде што повеќе ќе ти се праи ќејф да учиш :D
     
  19. Chair

    Chair Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    3
    Јас имам попус бидејќи бев на хемија натпревар.А исто така имаш попус ако земеш некое место од математика,англиски и физика натпреварите,но има и тестови од интелегенција и општа култура.
     
  20. MaCa-J

    MaCa-J Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    604
    Допаѓања:
    135
    Ај некој ако може нека ми ги каже смеровите од кои што треба да избереш еден на крајот од 2ра год гимназија? :)