1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кожен мебел, ДА или НЕ?

Дискусија во 'Дом' започната од SashenkaSkopje, 18 ноември 2013.

  1. SashenkaSkopje

    SashenkaSkopje Нов член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Долго време размислувам дали да купам кожна гарнитура? Ми треба совет од некој што има дали е практична и лесна за одржување. Многу ми се допаѓа кожна гарнитура затоа што го прави ентериерот поелегантен и постилски.
     
  2. Kristina.R

    Kristina.R Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2012
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Машки
    Лесен е за одржување,ако ти се истури нешто можеш да избришеш и не собира прашина.
     
  3. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Да. Покрај тоа што е погламурозен, дефинитинво е и полесен и за чистење и одржување, така да не му ја многу мисли.
     
    На Mama25 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
    Не се двоуми одма купувај :) Ние дома имаме кожна гарнитура црна и креветот во спална ни е кожен,до сега одлично се одржава значи 10 години е во употреба. Еднаш на 3 месеци ја мачкам со Ердал. Инаку малата до сега колку пати истурила млеко,вода не ни бројам . За одржување е 5+. За разлка од нас,золва ми зема на крем кожна гарнитура ама целата и потемне и тоа децата и се каде-каде поголеми ,ќе речеш повеќе пазат дали е до квалитетот незнам. Нашата е од Леснина и јас сум презадоволна,кога би купувла пак дефинитивно би била пак кожа!
     
    На SashenkaSkopje му/ѝ се допаѓа ова.
  5. SashenkaSkopje

    SashenkaSkopje Нов член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    и јас сакам кожен мебел, ама не знам од каде да купам. едни мои комшии купија од Елите Софа, салон во Визбегово и многу се задоволни. Сте слушнале за салонов?
     
  6. SashenkaSkopje

    SashenkaSkopje Нов член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    и јас сакам кожен мебел, ама не знам од каде да купам. едни мои комшии купија од Елите Софа, салон во Визбегово и многу се задоволни. Сте слушнале за салонов?
     
  7. katerina222

    katerina222 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2011
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Женски
    Неее!! Лето неможеш на раат да си седиш.. Братучетка ми има кај нејзе у стан (бел) не е лесен за оддржување а и лето не е пријатен, нозете за него ти се лепат
     
    На Quuen и eliesaab им се допаѓа ова.
  8. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Да. Зашто нема смрт. И не искача од мода. Само да се најде вистинската. :)
     
  9. Kikka.C19.20

    Kikka.C19.20 Нов член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    22
    Јас имам дома кожен мебел во зима држи топло,а во лето дома не се завртувам! :* ]:) ;(
     
  10. MorbGoth.666

    MorbGoth.666 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    148
    Да затоа што убаво изгледа, не е проблем за чистење, гламурозен е и не излегува од мода
     
  11. mona22

    mona22 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    1.858
    и ние имаме кожена гарнитура бела сега за сега е добра и ја чистам некогаш со влажни марамици некогаш со средство за стакло бришење
     
  12. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158

    Е ако продолжиш така, нема уште долго да ти е добра. Кожата не се чисти со влажни марамици и средство за стакло, туку и треба специјално средство за потхранување на кожа (1-2 пати во месецот), вака има максимално да ја уништиш.
     
    На Glasna и cecilia им се допаѓа ова.
  13. fifi16

    fifi16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2013
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    177
    Пол:
    Женски
    и нашата е кожна, од моите е, но не ми се допаѓа, посебно во лето, толку многу поти, затоа сега и купив навлаги, па сега со нив е далеку подобро, ја чистам со еден крем за кожа од хемал и тоа е... и повеќе сум за материјална гарнитура отколку за кожа
     
  14. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    Јас не ја сакам кожата. Воопшто не ми е пријатна за седење. Колку сака нека е поквалитетна, ама мене воопшто не ми е убаво чувството кога ќе седнам на кожа, а камо ли да лежам на неа. Јас не купив ништо кожно во домот.
     
    На malifesent му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    603
    Имаме кожна гарнитура, и си преферирам кожа. Точно е дека летно време поти ама може секогаш навлака да си ставиш. А може и подобро е да не ги ставаш, кожата си е кожа, и дас е испотиш ќе ја избришеш ем ке се освежи ем чисто ем на убаво мириса. А оние другите кревети и да се потиш и да истуриш нешто, си останува внатре и се умирисува.
    Така да 100 пати, кожа! :)
     
  16. Purrinn

    Purrinn Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    77
    Убаво, софистицирано изгледа, но знае да поти и да биде неудобна :shake:
     
  17. mac.mac

    mac.mac Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    652
    Ние имаме гарнитура од чиста кожа ја купивме половно многу добро е сочувана ама не сум задоволна бидејки кожата не ми е некако удобна за сдење и планираме си купиме нова од некој друг материјал
     
  18. Roxana

    Roxana Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2013
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    71
    И ние имаме кожна гарнитура и одлична е :)
    Гледам често се жалат на неудобност, но нашата е супер.
    И супер лесна е за одржавање.
    Од мене големо ДА за кожен мебел :)
     
  19. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Многу сакам кожен мебел, од секогаш сум сакала и планирам да имам. :D Од аспект на удобност, може да пречи потењето, ама сепак не се откажувам, желба ми е од секогаш а мајка ми не сакаше, ми остана уште кога ќе се омажам да имам. :lol:
     
  20. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.552
    Допаѓања:
    59.815
    Јас никогаш не би одбрала кожен мебел.. искрено, се чудам на ладнокрвноста ваша кога пишувате колку е пријатна и удобна и незнам што уште не. Па тоа е животинска кожа, тоа животно живеело и дишело пред да го зовријат за да луѓето може да имаат „елегантна“ и „софистицирана“ гарнитура! И ве молам, не пишувајте коментари во стилот на: па тоа веќе е мртво, јас не го убив - бидејќи, додека има побарувачка, до тогаш ќе има и убиства на невини животни заради човечка лакомост.

    Лично, имам два троседи во дневна од кожен заменител (како и да се вика тоа) и сум задоволна. Се одржува лесно, квалитетни се.
     
    На moon1 и Purrinn им се допаѓа ова.