Никогаш не сум сакала кожни гарнитури, од веќе наведените причини погоре, во лето потиш а ако е поладно во собата - е ладна...ама па од друга страна предност е чистењето, не задржува прашина како штофените гарнитури....единствено решение - еко кожа, и прекривачи на долниот дел за седење...
Не преферирам кожа како материјал за собни гарнитури.Не е функционална за употреба,нема естетика како другите материјали и диктира конкретен стил на уредување на домот.
^ Не се согласувам. Особено не за тоа дека нема естетика Инаку овде има убави модели, http://www.kafepauza.mk/pres/mebel-od-e ... shiot-dom/ ги има ина фб Спојлер https://www.facebook.com/elittesofa?ref=hl Битно е да биде убава на изглед и удобна за седење.
Не се залажувајте со кожен мебел. Во мојот дом има таков мебел кој моментално е во излупен дизајн и изгледа многу грдо.
Мене многу ми е криво што не купивме кожен мебел затоа што јас тогаш не сакав Имаме од некое платно, со кожна конструкција. Дизајнот е совршен, ама за парите што ги дадовме ќе си купевме кожна. Само што ја купивме платнената, после два месеца на син ми му констатираа алергија на домашна прашина и ми рекоа дека најдобро е да си купиме кожен мебел. Можете да замислите колку се изнервирав тогаш за одлуката да купиме од платно. Морав да и ставам прекривачи и ги перев барем еднаш неделно поради малиот. Ја имаме 6-7 години и релативно добро сочувана е, ама мислам дека беше грешка. Следната сигурно ќе ни биде кожна.
Ако гледаш така не треба ни да јадеш месо. Со овој став, се надевам дека си вегетеријанец. Но, не сите размислуваат така, и животните се убивале и ќе се убиваат па макар и од разонода, има луѓе на кои што за жал тоа им е хоби, а тоа се ловците. Можеш да имаш свој став и мислење, но не можеш да го промениш светот. Тоа под дифолт не ги прави сите луѓе ладнокрвни. Доколку веќе постои, ако ни се допаѓа, нема зашто да не го купуваме.
Во право си, не јадам месо. Секој сам решава како ќе си го искористи животот, а ако со моето решение можам да спасам барем едно животно, тогаш зошто да не бидам вегетаријанец. Be the change you want to see in the world. - Mahatma Gandhi - тргни со оваа мисла и ќе видиш колку многу ќе значи тоа што го правиш.
Кожната гарнитура е многу поубава и полесна за одржување...но дефинитивно на тапациран мебел е многу поубаво да се седи...лежи и сл...Кожата може да те поти во лето, а во зима е крајно студена, мораш да ја прекриваш со нешто што постојано ќе паѓа и ќе те нервира
Зиме ладно држи, лете поти, прекривките се лизгаат од неа . На крајот си се одлучив да си земам гарнитура комбинација од кожа и штоф, мислам дека не погрешив. На местото каде се седи ми е штоф, а потпирачите и страниците ми се кожа. Всушност делот каде се седи ми е прекриен со прекривки со гумички одоздола и не се лизгаат воопште, така да не се ни гледа штофениот дел. Лесна, прелесна за одржување, само ја пребришам еднаш неделно и супер е. И лежајот во спална ми е кожен па и со него немам мака околу одржување. Инаку многу поубаво, поелегантно, полуксузно, поотмено ми изгледаат кожените гарнитури од штофените.
Дефинитивно да за кожен мебел! Лесен е за одржување. Ми се гади од тапациран мебел. Многу е комплициран за одржување,а во него се собираат најмногу грињи.
Едвај чекам да смогнеме сили седмоседот кожен да го смениме, се лупи и многу грдо изгледа. Навистина е стар 20 години а може и повеќе ама се користи само 2 години. Следната гарнитура сигурно нема да ми биде од кожа.
Од аспект на одржување да, ама има негативности како што кажа снегулка. Имам комбинација кожа и штоф и ок е.