Kozniot mebel mozebi e dosta poprakticen za odrzuvanje , no sepak ne e prakticen za koristenje . Od taa pricina , nie zedovme garniturakoja e sostavena od platnen lezaj i kozni strani i jastuci . Bidejki prostorot ni e mal , morase da zememe takva ( ni treba za spienje ) . Prethodno imavme platnen mebel vo svetla boja , i uzasen bese za odrzuvanje , pogodovo bidejki bese predhodno koristen od svekorot i svekrvata ( znaci ne go kupivme nie , i bese koristen podolgo vreme ) . Za platneniot del , kupiv edna pasta, i bas utrovo brisev nekoja fleka na platneniot del i gledam deka izleguva bez problem i ne ostanuvaat tragi
Да. И во естетика и во практичност кожата "го шие" било кој штоф. Е сеа поти на лето, држи ладно на зима, ќе си пружиш заштитни черги под гз, коишто исто се пружаат и на штофени гарнитури.
Не, никако не сакам таков мебел. На изглед и чистење убави се. Ама па некако ми е грозен на лето особено, премногу поти.
Za moj lichen vkus I stil, kozna garnitura mi e vrv ...pogotovo za so pomali deca po doma istureno,machkanici,pa nekogash i povrateno,samo prebrishuvash temelno,dodeka na shtof e sasvim drugo (shamponiranje so mashina za seto toa temelno da Se ischisti a bashka shto Ne ke moze da Se sedi na garniturata dodeka Ne Se isushi)...Do nekade pak sega site si Gi postilame onakvi chergichinja /prekrivachi za dolniot del,pa taka da za toa toplo ladno ich ne mi drzi muabetot...na kraj kraeva e sepak lichen stil..
Дефинитивно да. Многу полесен за одржување, па и да постелеш прекривка за летно време, и таа пери носи е. Во штофот чинам само се собира прашина, треба повеќе да внимаваш.
Пастата ја купив од Рамстор ( Палма Мол ) . Се нанесува на сунѓерче ( за вадење флеки од теписи , облека .. ) . Погодна е за автомеханичари ( во овој случај се нанесува директно на раце , ги триеш на суво , па исплакнеш со вода , потоа си миеш раце како и обично ) . Еве ја :
Исто и јас имам кожна гарнитура и мојот дел е покриен со прекривка. Специјално си ја направив кај шивачка за да ми одговара на просторијата и мене ми изгледа прекрасно. И полесно ми е за чистење отколку штофен мебел. Имам две штофени фотелји за никаде ми се испофлекани. Додека да исчистам дамка ми се губи здивот... @CrazyGirl15 баш ќе пробам со пастава уште со ова не сум пробала.
@Antebellum верувај и со ова се губи здив , ама е практична за помали флеки ( имам бебенце , па некогаш кога пие млеко сама и паѓа шишето и капнува млеко на чергата , која пак пропушта , и на неколку места имаше бели флеки ) . Излегоа со пастава . Малку е напорно за поголеми флеки .
Фала многу. Порачав да ми ја донесат утре од Скопје. Ќе пробам ништо не губам не ми е важно колку ќе кошта ама фотелјите ми се лом и понекогаш ако ми се најават гости ги кријам во кујна а ако ме „изненадат“ си зјаат така флекосани.
Јас околу 50 ден. ја купив ( 40-45 ден беше ) . Не е прескапа , а е универзална и се наоѓа за се . Ако не ти служи за фотељите , ќе послужи за друго
Немам кожа имам платнен кревет ама сакам кожна гарнитура. Прекрасно изгледа,лесно се одржува,не впива мириси повеќе трае а за терморегулацијата лето и зима едно ќебе или чаршав под вас и готово. А за обичните платнени кревети имам мноогу минуси.Впива мириси и течности тоа никако не се чисти,да го испереш само со сув шампон и тоа тешко оди,се кине брзо каде што е штепувана треба да ја претапацираш цела итн
Здраво Феминки, имам еден проблем со мојата кожна гарнетура, односно не е кожна туку е еко кожа. Целата се излупи, се распукува, и не е воопшто убава, па мора целосно да ја покривам со ластичарки. Е сега убави се ластичарките ама поубава е без нив, односно беше поубава. Сега гледам на интернет дека во странство постојат бои за кожа и цели кревети ги прафарбуваат со нив и тоа си трае одредено време како ново. Ама нема достава за во Македонија. Како да се купи таква боја и дали има овде во Македноија, дали имате некакво искуство? Фала многу однапред!
Сега имам еко кожа, две години не ,,покажала,, А сум ЗА кожа. И најмногу се нервирам кога ќе чујам - кожата на лето ќе ти лепи, на зима ќе ти држи ладно Природната телешка/бафало кожа од прва класа е како СЕДЕФ...лесна за одржување, пријатна и на голо да седиш на неа. Практична и лесна за одржување.
Имав кожена гарнитура од вистинска кожа.Имаше како испукани делови и ја третирав со средства за кожа на база на восок.Си има сјај и се но сепак се познаваа пукнатините.Ја сменив со штоф платно гарнитура. Инаку за тие гарнитури што збори Рефи @referentka ги знам преубави се на изглед,пријатни и пријатно поскапички.
За гарнитура од телешка кожа Ја имам 1 год. и сум презадоволна. Одржување: секоја втора недела ја премачкувам/ чистам со млеко за тело или помада (да не е многу густа).