Здраво, имам кожна гарнитура, но постара, претходно други ја користеле, но гледам мириси мн прима. Некое решение? Или што ја чистите? И дали е возможно да се отстрани мирисот? Пробав пребришав со кокосово масло, некој саат е во ред, после тоа исто. Чаре????
Имам кожна гарнитура.. Тешко се одржува.. На работа столот е кожен и прима мирис од газот на колешката па си носам перниче за седење.. Штоф си е штоф..
И јас имам негативно искуство со кожен мебел.На еден дел во должина ми распука(а квалитетна кожа е),и сега го камифлирам со штофена покривка.Во иднина кога би купувала кожен,би купила мешан(горе кожа,а кај што се седи штоф)или цел штофен.Памет за другпат.
Дефинитивно не. Ем се поти коа ќе станеш газот ти е мокар, плус кожата многу мириса и се лупи тетка ми имаше таков мебел и цело време му ставаше прекривачи за да не се познава на крај немаше чаре и го фрли
Не. Супер изгледа и лесен е за чистење, ама за да седиш на него мора да е покриен зошто ќе се залепиш за него, лето држи жешко, зима држи ладно.
Колку време ви трае кожна гарнитура пред да почне да пука и да се лупи? И дали активно ја користите? Нашата е од еко кожа, после 3,5 години користење почна да пука, а изгледаше прекрасно, буквално како од вистинска кожа, но скроз неекономично кога за краток период станува грда. Сега сакам со кожа да ја претапацираме, ама многу прашања ми се вртат: колку е трајна (со право одржување), каде би ми ја претапацирале квалитетно, не преварантски итн.
Од кожа? Или еко кожа? Ужас! Преубаво изгледа, лесно за одржување, ама на неколку години да менувам гарнитура не е играчка, затоа ме интересираат искуства со гарнитури од права кожа или да се префрлам на штоф.
Тетка ми има кожна, ја купи пред нејои 3 години. Сега цела е распукана. Од каде ја има земено не знам
Ако не грешам еко кожа и планираме долниот дел да го тапацираменсо штоф,а горе да остане така еко кожа.Кај нас доле распука а горниот дел кај што се потпираме добар е.
Ние имаме мебел од вистинска кожа и добра класа на кожа. Се одлучив баш за таква иако повеќе сакам штоф.Со мали деца полесно за одржување е кожа. Ке пребришам само со марамче и толку. Лошо е само што зиме ладно држи а лете топло,но имам соодветни прекривачи и нема гајле.
Еко кожа се глупости. Вистинска кожа е права ствар. Лесна за одржување, луксузна и трајна. Ние ја имаме веќе 8 години и не е мрдната воопшто. Нашата е темно сива боја па е уште подобро. Е сега кожата е бафало кожа па може и затоа е трајна. Инаку ја користиме секој ден, во последно време детето секој ден се качува на неа, од делот за седење на наслонот и рипа на делот за седење. Ништо не и е. Може има и врска како е и шиена. На моите им пукна делот каде што седечкиот дел беше споен со наслонот. Нашата има посебни перници за седење што се вадат па еластично е и не пука.
Фала многу! Идтражував на темава, читав искуства и по странски форуми, квалитетна кожа е потрајна од штоф, може да е ко нова и 20 години. Од каде е купена вашата? Јас сакам да ја претапацираме со кожа, само сериозно сум на мисла со нашиве превара/лага фирми.
Ние ја купивме од Вардар Мебел. Некоја српска фабрика беше. Ако претапацираш тогаш може и подобра контрола да имаш. Ќе си одбереш убава кожа (гледај да е еластична и дебела). Барај Бафало кожа. Потоа наоѓаш добар мајстори завршена работа. Моите претапацираа гарнитура од сјај во кожа пред едно 25 години и сеуште си е добра.
Свекрва ми имаше гарнитура од говедска кожа, ја користеа 30 години (не пукаше, туку почна да се излитува). А, ние имавме еко кожа за 2 години партал се направи. Сега купивме од штоф...
@Elenpelen нашата е од натузи. Но поевтина варијанта е да ја претапицираш. Секако ти ќе си одбериш кожа на лице место,а ако има некој околу тебе и што се разбира добро, уште поубаво.
Кожа деф луксузно изгледа, не еко туку природна, ама за дома никогаш не би избрала таква. Попријатно за дома ми е штоф или сличен материјал. Едноставно претпочитам cozy чувство. Не сакам да редам прекривачи на гарнитура воопшто, па така секогаш би одбрала друго пред кожа. Плус секогаш поаѓам од тоа дека не планирам ниту една гарнитура да користам 30 години.