Мислењата се малку постари, ама супер би било ако споделите искуство. Од кој салон ви е купена? Како сте задоволни? Дали повторно би купиле кожа или сепак не? Дали уште ја имате? Ако да, дали сеуште сте задоволни?
Јас имам кожена фотелја, стара е сигурно 30 години (си ја земав од кај моите, а они на времето од Белгија ја имаат донесено). Кожата е како нова. Темно кафена, никаков мирис нема, ја пребришувам со средство за кожени јакни, ташни. Не би ја сменила за ниеден штоф (иако гарнитурата ми е штоф али јбг денес кожена гарнитура колку бубрег еден кошта).
@MilaSs12 уште ја имаме. Ги претапациравме само деловите каде што се ставаат рацете, тие малку се оштетија. Другото е ОК сеуште.
Одамна беше купена мене ми беше многу лесна за одржување. Само ја поминував со крпа и толку. Сега имам обични троседи.
Кожниот мебел ме спаси дома од бељите на ќерка ми Нонстоп го гребе, истурува на него, го валка, абе шо не.... поминувам само со крпа и како нов е. Нека потпорасне и се на ново ќе се купува