1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кожи (Skins)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од DreamAngel, 23 октомври 2012.

  1. DreamAngel

    DreamAngel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    584
    Допаѓања:
    353
    не најдов тема за серијава, ако ја има слободно клуч ;)

    Една од најдобрите тинејџерски серии, контроверзна и провокативна.. но со вистинска слика за реалниот живот на младите, многу поучна и не остава никого рамнодушен.
    MY all time favourite :inlove:

    [​IMG]

    Тони е популарен, атрактивен и интелегентен дечко. Неговите манипулации најчесто поминуваат незабележани, и се катализатор за повеќето сплетки во серијата. Сид е најдобриот другар на Тони, но има целосно спротивен карактер. Тој нема самодоверба, тој е социjално неприфатен и се мачи со школските обврски. Мишел, девојката на Тони, однадвор изгледа површна, некорисна и наметлива, но таа работи напорно, има силен интерес за францискиот и шпанскиот јазик, и е многу емотивно зрела. Таа и е пријателка на Кеси, ексцентрична девојка која страда од нарушување во исхраната. Кеси се обидува да ја скрие сопствената борба со менталното здравје, додека нејзините родители целото свое внимание го насочуваат кон нивното ново бебе. Крис е обожавател на забави и дрога. Тој има тежок домашен живот, неговиот постар брат починал на млада возраст од наследна болест, и живее сам бидејќи неговите родители го напуштиле. Тој е вљубен во професорката по психологија. Џал е разумно девојче со талент за свирење на кларинет. Нејзината мајка си заминала кога била мала и оттогаш живее со својот татко музичар и двајца браќа рапери. Мекси обожава да танцува. Тој е геј во тајност и портретиран е како привлечен, заводлив и талентиран, и е добро прифатен од страна на своите пријатели и врсници. Неговиот најдобар пријател Анвар е индиац кој не го прифаќа Исламот и не се двоуми за препуштање во предбрачен секс, алкохол и дрога.

    http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=7FKPoVNtmK0
    http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=63LPH5al_tk
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  2. evelyn993

    evelyn993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2011
    Пораки:
    488
    Допаѓања:
    314
    ја сакам серијава. изгледани ми се 3 сезони. случајно ја најдов на ју тјуб пред 3 години. најмногу ми се допадна прва сезона, а втора најмалку. од ликовите највеќе ги сакам.. па туку речи сите, само крис не ми се допаѓаше.мишел ми е права срцка, а и кеси но само во прва сезона. џал ја сакав ради нејзиниот карактер а со анвар секогаш се смеев.тони ми беше антипатичен а сестра му, ефи, иста како него манипулаторка али ми беше повеќе ќеиф нејзе да ја гледам. греота само што и правеше на панда, душа таа.
    тони и мишел не ги сакав заедно, ич не ми одговараа а и тони грдо се однесуваше со неа. а многу ќе се израдував ако сид и кеси завршеа заедно.
    без двоумење пак би почнала да ја гледам серијава. интересна и поучна. :)
     

    Прикачени фајлови:

    • sigpic23828_8.jpg
      sigpic23828_8.jpg
      Големина на фајлот:
      18,6 KB
      Прегледи:
      457
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  3. the.vampire.girl

    the.vampire.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2012
    Пораки:
    879
    Допаѓања:
    1.490
    Пол:
    Женски
    A каде ја гледате на интернет? Или ја симнувате? :)
     
  4. evelyn993

    evelyn993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2011
    Пораки:
    488
    Допаѓања:
    314
    порано ја гледав на ју тјуб на делови, а потоа ги спуштив сезоните од thepiratebay :)
     
  5. Maca-BT

    Maca-BT Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    164
    Wohooo конечно тема и за Скинс да се најди :rock:
    Една од поомилените серии ми е, ги имам гледано и Америчката и Британската...али Америчката, иако ја откажаја одма после прва сезона, во ликојте и актерите ми беше каде каде подобра :)

    Омилен лик од UK ми е: Maxxie Oliver 8) - бидејќи е преталентирано, добродушно сонценце кое иако немаше некоја госпо знај каква голема улога ми привлече внимание :clap:
    Омилен лик од US ми е: Tea Marvelli :inlove: - чупето е ВРВ во секој поглед ....and she's hot as hell. И башка то spirit animal ми е :wasntme:

    Мака ми е премногу шо престанаја да ги дават на МТV, и едната и другата серија... :(
     
  6. evelyn993

    evelyn993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2011
    Пораки:
    488
    Допаѓања:
    314
    мене пак америчката скинс ич не ми се допадна. глумата поточно :) шо знам, не им требало на американците да прават римејк, сметам дека британската е доволно добра, глумата солидна е, а и глумците не беа лоши и добри си ја вршеа работата. :)
     
  7. OneHeart

    OneHeart Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2012
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    33
    Сега почнувам да ја гледам серијава па ке видиме понатака како ќе биде :D
     
  8. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Аааааа една од омилените серии! Многу брзо ги изгледав сите сезони. Сега ја чекам 7мата да излезе. Мислам дека пролетва треба да е готова. ^^
     
  9. DjinTonik

    DjinTonik Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    110
    Ги имам изгледано сите 6 сезони од британската и последните две ми беа најубави... доста ја сакам серијата поради убави бои и некако уметничка ми е посебно направена... ама и интересна е, секој со свои проблеми, бесни деца :D
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.642
    Преубава серија, многу ми се допаѓа.
    Го опишува тинејџерството, какво не треба да биде, а е.

    Омилен лик: Ефи. Преубава, дрска, безобразна, згодна, депресивна, лоша. Имаме заеднички особини.
    Омилен лик: Фреди. Ау, тоа муцето какво му е, ќе го изедам. :)

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Аплауз за членката која ја отвори темава. :clap:
    Јас само ќе кажам дека со нетрпение ја очекувам седмата сезона бидејки сите претходно ми се изгледани. :)
    А омилена ми беше I сезона со првата генерација. Најприродни ми беа, а концептот и суштината на серијалот тие го створија, се понатаму делумно беше копија но проследена низ различни ликови и карактери на глумците.
    Како и да е, омилени ликови ми беа Тони и Џеј Џеј. :inlove:

    [​IMG]

    [​IMG]


    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    Страшно се пронаоѓам себе си во нив двајца. И сакам во следнава сезона да се појават бар уште неколку пати.

    A најмногу ја мразев Ефи бидејки не знаеше што прави. Беше толку незрела, непромислена, себична и дигната што просто не ми е јасно што тинејџерите ширум светот пронајдоа убаво во нејзиниот лик.
    Според мене таа не покажа ниту една доблест, туку само нејзините маани беа прикажани и слабости.
    Инаку, мора да признаам - убава и одлична актерка која во другите филмови и серии многу повеќе ми се допадна за разлика од ,,skins''
     
  12. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Ај нека биде фин некој и нека ми каже кога излегува нова епизода?
    Please :)
     
  13. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Изгледав само 2 сезони, затоа што ми беше неприродно да продолжам да ја гледам серијата, без оригиналната екипа.
    Најомилен ми беше убедливо Тони од самиот почеток (Николас Холт е ПРЕКРАСЕН :$ ), доживеа и најмногу трансформации карактерно.
    [​IMG]
    Ако има еден збор што ќе ја опише британската Skins тоа е Raw.
    Нема збор дека серијата е бајаги мрачна и сирова, покажува еден сосем поинаков аспект на тинејџерскиот живот, каде што не се прикажани како совршени мали ангелчиња, туку напротив.

    Кеси ја сакав исто како лик, со таа нејзина романтична, завеана нишка, како некое глуварче ми беше, интересна, нежна и забавна.
    [​IMG]

    Не знам како успеаа да ги спојат Џал и Крис, но трагично заврши приказната колку што се сеќавам.

    А Ефи е од оние ликови што ве нервираат поради индиферентноста и сакате да ги мразите, ама просто не се може.
    Девојката е бонбона и на некој чуден начин привлекува кон екраните и само зјапате. :D
    [​IMG]

    Предобар концепт, барем за првите 2 сезони гарантирам.
    А и сексот на Тони со девојката од колеџот и оној на Сид и Кеси... omfg. :$
     
  14. Dgirlll

    Dgirlll Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    953
    Допаѓања:
    7.286
    Пол:
    Женски
    На 1 Јули
     
    На Elena69221 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. TargaryenBurn

    TargaryenBurn Активен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2013
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    4
    Уфф, серијава ја обожавам и едвај чекам да излези Skins: Fire. И првата и втората генерација ги обожавав, ама третата ми се досадни.. |-)
     
  16. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    На голем дел од фановите им е досадна третата генерација. Мене па баш ми беа интересни. Со Мини и Ало ми беше интересна приказната. Преслатки ми беа ^^
    [​IMG]
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  17. the.vampire.girl

    the.vampire.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2012
    Пораки:
    879
    Допаѓања:
    1.490
    Пол:
    Женски
    Конечно и јас започнав да ја гледам серијава, 4 сезони за 5 дена. За серијава само пофални зборови имам, ми стана една од омилените серии. На почетокот не ми беше некако по ќеф, ама после првите 2-3 епизоди се заразив. Од изгледаниве 4 сеозни, најубава ми беше втора.
    Прва генерација:
    Многу подобра од втората, а како што читам и од третата. Ќе беше многу поинтересно да продолжеа со нив отколку да менуваат генерации. Најдобра( а и најтажна) епизода ми беше претпоследната од втора сезона, па уште кога ја пуштија таа песничката на крај. Сакам да има повеќе епизоди со овие ликови. :(
    Тони, најпрво, ми беше идиот, гледаше само за себе и сите ги манипулираше. Таман се оправи, почна да си го подобрува однесувањето, се случи оноа со автобусот. Ми беше жал за него, ама добро заврши. Сид ич не го сакав. Цело време се предомислуваше за Кеси и Шел, милион пати ги зафркнуваше работите. За Мишел немам некое дефинирано мислење. На моменти ми беше прекрасна, а во други потполно ме нервираше. Кеси, сама, осамена, постојано некој ја напушташе, на почетокот ми изгледаше како будала, мислам дека дури на крајот сфати дека мора да созрее. Се надевам дека Сид ќе ја пронајде во Њујорк, си одговараа. Крис беше за греотка, неговите го препуштија самиот на себе, заљубен до уши во Енџи. Добри беа со Џал, штета што така завршија. Џал беше најдобра од сите нив, според карактерот. Ми се допаѓаше што знаеше што прави, свесна беше за своите постапки т.е. за повеќето. Анвар ми беше најсмешен, постојано некои глупости правеше. Макси ми беше омилен, заедно со Тони. На сите гледаше да помогне, најдобар другар беше. А да, најгадна дефинитивно ми беше Скеч, неразбрано девојче.

    Втора генерација:
    Добра генерација се, иако е очигледно дека се обиделе да направат карактери со слични особини. Фреди ми беше најпрекрасен, го обожавав. Колку само ја сакаше Ефи, пример за совршено момче. Знаеше да направи и по некоја глупост, ама не морале така да направат да заврши неговата приказна. Ефи, како што кажа Трендафилка, не може да се мрзи. Направи многу глупости, но сепак ми се допаѓаше. Со Кук мислам дека се обиделе да направат да биде како комбинација од Тони и Крис на некој начин. Се надевам дека не завршил како Фреди, туку го средил тој гадниот психијатар. Џеј Џеј беше стварно добар. Постојано игнориран, смешен кога ќе почнеше да го фаќа трема и да збори се и сешто. Кејти како се смени, на почетокот заинтересирана само за момчиња и дружење само со одбрано друштво до другарка која сите ја сакаат и која сите ги сака. Емили и Наоми премногу досадни. Пандора може да се каже најсмотаното девојче, од однесување до облекување. Добар пар беа со Томас.

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    Толку за сега, треба да се изгледаат уште 2 сезони :)
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Не знам дали некој од вас стигна до 7 сезона последна епизода?
    Значи ГЛУПОСТ на квадрат. (Намерно болдирав).
    Ептен сум изритирана од последната епизода на оваа серија.
    Проклето сурово, тажно и зафркнато, се зборовите кои нај искрено може да го опишат крајот.

    Значи не е можно серијава да заврши со Кук и
    неговата обесена девојка,
    [​IMG] а типот кој и го стори тоа да го остави жив! Тоа едноставно не личи на Кук! Тој од секогаш беше силен борбен и правеше глупости! Зошто на крајот кога беше неопходно да си остане доследен на карактерот (нели да му врати на копилето кое ја уби неа и нејзините родители), продуцентите решија да го променат тоа? :@ Само класична тепачка и тоа е сешто можеа да направат? Мислам СЕРИОЗНО?! :headbang:

    Како и да е, ептен сум разочарана од најпоследната епизода, а ѓи следев сите сезони убедливо од почетокот до крајот. ;( :shake: :Down:
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со тебе.
    Ептен тапа ја напраиле последнава епизода, а и сезоната не беше нешто интересна. Само првите две епизоди ми беа океј.. другите едвај ги догледав. :swear:
     
  20. Tumblr

    Tumblr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2013
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    992
    Пол:
    Женски
    Многу ми се интересни видеата кој во позадина со песна која одговара, се вметнати сцени од Skins и од други серии.Овие ми се едни од поомилените:
    (На ова редовно си плачам) ;(



     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.