Преубава ми е серијава Една од омилените! Омилени ликови ми се Крис, Ефи, Макси, Кеси (душа, на крајот од серијава таа најмногу се промени), Мишел, Џал, Фреди, Кук, Лив и Ало. Штета за Фреди, не требаше така да заврши.. Оваа сцена ми е омилена, и секој пат кога ја гледам ме фаќа носталгија и ми иде да плачам..
Ја изгледав пвата сезона од серијава пред две недели. Премногу ми се допаѓа. Омилен лик до сега ми е Сид. Ми се допаѓа тоа што е awkward и понекогаш наивенм, ме потцетува на другар ми. Преслатки ми се со Кеси. Деновиве ќе ја почнам втората сезона. Не сум сигурна дали да продолжам после втората сезона затоа што се менува екипата, но исто така многу сум љубопитна за приказната на Ефи.
Да, можеш да продолжиш да ја гледаш и втората генерација, многу се интересни и имаат многу неочекуван (читај: шокирачки!) крај. Третата генерација и не мораш, мене не ми беше нешто посебно, не ми се допадна баш, ама можеш да ги изгледаш првите четири сезони (двете генерации) и да ја изгледаш седмата сезона.
Ги изгледав првите две сезони и кога сфатив дека понатака не е истата екипа некако не сакам да продолжам да гледам. Вреди ли да се гледа понатака или да обрнам внимание на друга серија? . Инаку омилен лик дефинитивно ми беше Сид. А најинтересни беа епизодите на Крис.
Без двоумење можам да кажам дека 4та сезона од серијава го имаше најлошиот ебан крај од сите серии што ги имам гледано во животов. Ќе ме дрма нервоза до утре !!!!
Ја гледам ама не сум ја завршил вторава сезона па еве сега дознавам дека нема да е истата екипа... Дали приказната продолжува или?