Кожна јакна.....ехеееее од кога ја имам. Ја утепав од носење. Црна, со нитни нешто, од Белград купена. И после видов дека и во Скопје лани ја донеле. Можам да носам црна и темно кафеава. Прифатливо ми е. Ама црвена или виолетова?!!?! НЕМА ШАНСИ! истото и за другите бои!
koжна јакна си купив лани и мн си ја сакам црна нормално, би можела да носам бела и кафеава ама др боја не
Кај нас се многу скапи,едино на попуст или на лето да купиш..инаку ми имаат донесено од Италија ,за 100евра купена од пред 5 години,кафеава е,ја обожавам и ден денес ми е омилена Друго кожно,освен кожна јакна не би носела
имам една црна многу ја носам,си ја купив пред 1 год.во Манго таму секогаш можеш да најдеш добри кожни јакнички само што нормално цените најнапумпани кај нас!!
Јас имам црна кожна јакна,искрејно многу сакав да имам една па дури во декември 2010 си купив од Terranova.Освен црна не би носела друга ама имам доста пријателки што носат и розева и виолетова, баш супер.
Значи прво треба да се прави разлика меѓу кожна јакна и скај. Овие што 80% ги носиМЕ се скај. Јас се имам изјаснето на друга тема, дека нешто од животинско потекло на мене (кожа, крзно) едноставно не можам да ставам, иако имам една кожна ташна и кожен новчаник кои ми се омилени. Така да не можам баш да проповедам тука колку е тоа сурово иако навистина е, кога и јас имам кожни работи. Ама ете, облека не можам да носам. Имам една црна јакничка од скај, купена 1000-1200 денари од Еко ако не се лажам, пред некоја година. Ок се за рана пролет, доцна есен, убаво изгледаат и не пропуштаат вода
Јас лично обожавам кожни јакни , зашто го сакам рок стилот а нели тој често се надополнува со кожни јакни. Дома имам две кожни јакни, т.е едната ми е еко кожа а другата ми е вистинска кожа и е навистина квалитетна, и е баш онака типска и рокерска, ептен ја сакам. Само кога ја носам многу ми тежи а и малку ми е големка кај ракавите (всушност, така и требало да биде, да се големи и широки ракавите, да висат) ама мене ми смета. Ама подарок ми е од тетка ми, она ја носела на времето, па затоа многу ја сакам. Знам дека ја облеков неколку пати во школо и сите ме викаа Рамбо , зашто како што реков е баш широка и голема и од тогаш не ја облеков. И баш сега се прашувам зашто сум ги слушала нив, кога јакната е преубава човече, сега во средно обавезно ќе ја носам. Во моментов незнам каде ми е и неможам да ја сликам, ама затоа ќе се потрудам да најдам некоја слична на интернет и ќе ја постирам овде. Паа, што знам, неможев да најдам некои подобри слики за да ја опишам, ама нешто вака е. Со каивче и џепче негде на средина, само што е поширока под ракавите и има патент од страна на ракавите. Мене ме потсетува и на оние лудите моторџии од филмовите од осумдесетите..
Само од еко кожа Имам лилјакова, мојата омилена есенско-зимска боја. И сеа нова сива. Стално викам дека и црна ќе купам, ама ете не дошол денот, секогаш другите бои ми се пред црната на листата
манго, сега 9000 е но бар сигурен си дека е кожа..не ми пречи и скај, имам 1 кожна и 2 скај...кожната од спрингфилд 4000 и нешто беше,а скајчињата по 1500 од калиопе едната а другата не може да ми текне пошо од предминатата есен ми беше се наоѓаат и поефтини ама јас ептен во ек кога најмногу се носат ги земав..
Кој сака чиста кожа може да види во Лапел спроти Горица трејд во ГТЦ на кат. Може и ќе си најде некој нешто, ама не се баш евтини како скајчињата. Јас имам кожна јакна кафеава, црна и маслинеста, а и мантилче крем со крзно. Слатко си ги носам, прекрасни ми се. Едвај чекам да застуди и да си ги носам
Едно од омилените парчиња облека ми се токму кожни јакни.Штета што временските прилики кај нас не дозволуваат да си носам подолго време, но сепак кога е времето таман за тоа не ги соблекувам.Имам неколку моментално , но не и во црвена боја, тоа ми е сега од Есен во план да си купам.Сепак поубав избор има или во Турција или Грција.Обожавам кожа!!!
Многу сакам. Имам само една, лани ја купив, и ја изнаносив. Еко кожа мислам дека е, незнам. . Околу 1000 ја купив. Ама каишот го користев за фармерки, и партали ми стана.
Доколку сакате оригинал кожна јакна и да си ја изнаносите со години ќе отидете во Горица Трејд, таму сигурно ќе најдете. Доколку ништо не Ви се допадне прават јакни по нарачка може да им однесете слика или модел ќе ви ја сошијат за еден ден. Јас така направив, однесов скај јакна и според неа ми направија буквално иста ама кожна. Еве веке две години ја носам и не е мрдната, презадоволна сум. Сега планирам да си сошијам иста таква бела. Ја платив 8000 ден, ама не жалам воопшто.