Како се движат цените на оригиналните кожени јакни и каде можам да најдам низ Скопје? Сакам да си земам рокерска ,со нитни.
како може да носите КОЖНИ јакни од вистинска кожа?????? некое животно да колат, да дерат за јас да се фалам со КОЖНА јакна??????? не фала. ќе си купам од скај. истото го мислам и за крзнените.
Имам кожена јакна и многу си ја сакам. Ја добив од Германија. Цената не ја знам. Класична црна кожена јакна, со нитнички на горниот дел. Можам лесно да ја искомбинирам.
Пред неколку години си купив 2 кожни јакни од Паралиа, Грција. Ги „убив“ од носење,дури ми изгледаат поубаво сега, неголи кога ги купив. Ако ве носи патот натаму, изборот на кожни јакни е огромен. Просечна цена: 80 евра.
Кожни јакни = моторџиски Не знам зошто али се си мислам не ми стојат ич кожни јакни..бар од тоа што имам пробано. А мноогу убаво ми изгледа вака, секси ми се некако. Море има да си најдам есенва некоја што добро ми стои па што сака нека е