мм имам повеќе а вчера си се подновив со уште една,имам 6 да ви ја претставам црна кратка,омилената и најнова
Тие што си ги имаме со здравје да си ги носиме ... јас барам помош за мојата Бела кожна јакна (скај поточно) од темни фармерки, хеланки ми се помасти на ракавите :/ пробав со Вениш, влажни марамчиња.. залудно Дали можеби сте имале случај и знаете како да ја исчистам
леле да ја имам таков проблем со ташните “кожни“- скај де едната бела беше и со ацитон пробав па се исчисти, а за другата корална боја ми е не се осмелувам со ацитон да не случајно и биде нешто на бојата инаку се пробав и ја и венин, обичен прашок у перална ја переше мама абре све и нема ефект
Имам црна, не е кожна скај е. Одлично ми изгледаат овие што имаат патент на страна, следниот избор сигурно ќе ми биде некоја ваква
Обожавам кожни јакни, и сфатив дека не е ствар на тренд зошто еден период беа исфорсирани, те со нитни, те без, кога беа актуелни нитните купив една таква и душа и извадив, иако порано сите ме прашуваа од кај им е, за 2-3 месеци се смени модата ама ако, мене сеуште ми го прави меракот. Сега сакам една масивна моторџиска, со типска крагња, и обавезно ќе си набавам есенва.
Многу сакам да носам кожни јакни. Имам две, една црна која ја обожавам и постојано ја носам, и кремаста. Сакам да си купам бела и сива.