Jaс ги обожавам, имам две, ист модел различна боја, темно кафеава и црна и маста им ја извадив.Омилено парче од мојот плакар ми се токму тие.Вистинска кожа се и тоа ми е едина мака, но ги добив на подарок па со тоа се тешам, зошто јас не купувам ништо од природна кожа, ама морам да признаам дека се познава квалитет, топлат ненормално, иако не се зимни, секогаш имаат убав мирис, без разлика на каква миризба сум била изложена.Убавини.Вистинска работа за секакво време и прилика, ги носам на штикла, на фустани, на патики, на чизми, на се. Имам една мака, што почнаа да се распукуваат, зошто моја грешка не ги чував како што треба, како што се грижи за кожа.Сега не знам како да ги поправам, некој идеја?
Мене многу ми се убави ваквите јакни, само да не се од вистинска кожа. Иначе јас имам кафена, но омилена боја ми е црна.
Не сакам облека од вистинска кожа.Имам две јакни, различни модели, маслинеста и кремова боја.И двете се имитација на кожа, еко-материјал.Ги носам во пролет и есен во различни комбинации.
Имам само една кожна јакна и цел плакар ми мириса на кожа аааааа Ја купив од Грција лани за прилично евтини пари, бидејќи тука кај нас слични модели дупла цена. Планирам да си купам и други бои, сегашната ми е кафено-црвена мн убава боја.
Немам ниту една кожна јакна затоа што не можам да најдам доволно мало бројче за мене... Но, ми се допаѓаат. Многу се убави и типски.
Не сум љубител на облека од вистинска кожа, помислата на тоа дека убиле некое мило животинче за да направат облека ми е ужасна... :/ Сепак, јакни од еко кожа обожавам, една црна си изгубив и пред недела дена видов една преубава во Зара морам да си ја купам.